Слика од Статив со далечинска контрола

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Особини
  • Доближете се поблиску со зумирањеПриближете се до вашиот објект со помош на копчето за зумирање на далечинскиот управувач или користете го преклопникот за бавно зумирање за да можете прецизно да се доближите

  • Обликувајте снимки со линиите во вид на решеткаПроверете го вертикалното и хоризонталното порамнување со копчето за линии во вид на решетка на далечинскиот управувач, кој прикажува 4 бели линии кои ќе ви помогнат да ја порамните сликата

  • Ефекти на линиски траги при снимање со светлинаКопчето за фотографии ја намалува брзината на блендата, така што облаците во движење или возовите кои минуваат покрај вас ќе изгледаат како линиски траги, додека неподвижните предмети ќе бидат остри

  • Бидете флексибилни со отстранливиот далечински управувачСамо прикачете го далечински управувач на стативот и контролирајте го снимањето од далечина, направете снимки одблиску без да ги исплашите дивите животни

  • Брзо и едноставно монтирање со приклучок за брзо прикачувањеСекогаш доловувајте ги моментите совршено - прикачете ја Handycam® камерата набрзина за да добиете стабилни снимки, а потоа брзо и лесно откачете ја кога ќе завршите

  • Прикачете различни фото апарати со кабелот со приклучокПоврзете го фото апаратот или видео камерата која најмногу одговара за снимката со помош на повеќенаменскиот приклучок (ве молиме проверете го делот за компатибилност)

  • Прецизни снимки од висока и ниска перспектива со помош на лифтСтативот се издолжува до 1.700мм и се спушта до 300мм, а ногарките се рашируваат за да ги добиете ниските агли кои се потребни за макро фотографирање

  • Рамномерно поместување и закосување на главата на стативотЛево, десно, нагоре или надолу - главата на стативот која се подмачкува со масло ви овозможува да го следите вашиот објект со рамномерни движења

  • Правилно снимање со израмнувачКога меурчето во израмнувачот целосно ќе влезе во црвениот круг, платформата на стативот е совршено хоризонтално поставена

  • Спакувајте и носете го насекадеСтативот е тенок и компактен, вметнете го во испорачаната торба и носете го за да снимате без потешкотии

  • Цврст и лесен благодарение на дизајнот со карбонски влакнаОвој статив е доволно цврст и лесен за да го носите насекаде со вас, само префрлете го преку рамо и тргнете

  • Ногарки кои цврсто се поставуваат на тлотоНогарките на стативот имаат шилци за поголема стабилност при снимање на отворен простор, така што можете да го поставите во места со многу дрвја и да снимате диви животни

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина