Компактен фото апарат WX220 со 10x оптички зум
Добијте беспрекорни фотографии и видео снимки од овој џебен дигитален фото апарат. Со оптичкиот зум до 10x, Exmor R® CMOS сензорот и компактниот дизајн можете да снимате прекрасни слики со голема брзина.
Нагласете ги деталите, дури и при слаба осветленост. Exmor R® CMOS сензорот со задно осветлување и 18,2 ефективни милиони точки има пошироки приемни површини за да овозможи повеќе светлина и детали во секоја слика.
Очекувајте прикажување на пореалистични бои, подобро намалување на шум и побрзо секвенцијално фотографирање со процесорот за слика BIONZ X - 3x помоќен од претходниот BIONZ процесор, за слики со највисок квалитет.
G објективите нудат врвен квалитет на слика при фокусирање, како и прекрасно дефокусирање на заднината.
Погледнете што има зад хоризонтот со оптички зум до 10x кој ги надминува границите на вашиот паметен телефон.
Објективот се движи жироскопски и врши компензација за движењата предизвикани при рачното фотографирање, овозможувајќи ви неверојатно остри слики низ целиот опсег на фокусирање.
Насочете и фотографирајте со стил со WX220. Изберете една од трите привлечни бои - розова, златна и класична црна.
Секогаш бидете подготвени да го доловите моментот. WX220 има лесно и компактно куќиште кое совршено се вметнува во вашиот џеб - идеално за снимање со голема брзина.
Широк опсег на ISO од 80–12800
Можете да се справите со сè без разлика на приликата. Exmor R® CMOS сензорот работи со моќниот процесор за слика BIONZ X за да овозможи јасни и остри детали во секоја слика. Технологијата By Pixel Super Resolution ја анализира секоја точка и ги зголемува деталите на сликата при зумирање. Разликата е забележлива и во темнина, бидејќи широкиот опсег на ISO од 80–12800 нуди неверојатно остри резултати при слаба осветленост.
WX220 нуди функции кои ќе ви помогнат да обликувате и да снимате прекрасни слики во секое време.
Автоматското обликување на предмети ја анализира секоја сцена и автоматски го прилагодува снимениот објект во подобра композиција.
WX220 автоматски ги прилагодува поставувањата на фото апаратот за да одговараат на условите во кои фотографирате.
Автоматскиот фокус со заклучување автоматски ја прилагодува големината на кадарот врз основа на карактеристиките на субјектот за чисти и дефинирани резултати.
Погледнете ги фотографиите веднаш и гледајте ги снимките додека снимате на вградениот LCD екран од 6,7см (2,7”).
Снимајте детални 1080 Full HD видео снимки со брзина до 60 слики во секунда (60p) - сè e стабилизирано со интелигентниот активен режим со оптички SteadyShot за објекти во движење
Извонреден ефект за прикажување на скокови, трикови и многу повеќе. Со функцијата за снимање на движења, снименото движење на објектите е прикажано во низа фотографии поставени една врз друга на иста заднина.*
Само едно нешто е подобро од снимање одлични фотографии, а тоа е нивното споделување. Со вградените Wi-Fi® и NFC можете да ги споделувате вашите најдобри слики за само неколку секунди и секогаш да имате контрола со апликацијата Smartphone Remote.
Користете NFC за да воспоставите Wi-Fi® врска и да ги споделите вашите слики и видео снимки со пријателите и семејството.
Менувајте ги поставувањата, зумирајте и, најважно, фотографирајте со апликацијата Smartphone Remote.
Внесете нова енергија во сликите со помош на вградената технологија за ефекти на слики. Постојат повеќе режими за избор - не мора ниту да преземате софтвер за уредување на слики.
Само притиснете го копчето и движете го апаратот од едната кон другата страна - навистина лесно со режимот на панорама од 360. Вашиот фото апарат врши автоматско спојување на серија снимки со голема брзина за да создаде една панорамска слика.
Поврзете го WX220 на 4K Ultra HD телевизор за да ги видите вашите фотографии со извонредна јасност на голем екран. Секоја сенка која ќе ја видите ќе изгледа живописно и реалистично благодарение на TRILUMINOS™ colour.
Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.
Спецификации и функции
- Тип на сензор
- Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3" (7,76мм)
- Број на точки (ефективни)
- 18,2MP
- ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
- ISO 100-12800
- ISO чувствителност (видео)
- Автоматски:(ниво на ISO 100 - ниво на ISO 1000) / висока чувствителност:(ниво на ISO 100 - ниво на ISO 2000)
Што има во пакетот
AC адаптер, Микро USB кабел, Лента за околу зглоб, Упатство за употреба, AC кабел за напојување, *Производите може да се разликуваат во зависност од земјата и моделот