Забавно и брзо фотографирање

Снимете сè, почнувајќи од ноќни излегувања до слики од одмори. W810 е опремен со функции кои го олеснуваат снимањето на забавни и јасни фотографии и HD видео снимки. Снимајте детални слики одблиску со 6x оптички зум, а режимот за забави нуди лесно снимање на одлични снимки од ноќните забави.

Сè е во деталите

Доловете ја убавината на секоја сцена без напор. Сензорот за слика со висока резолуција од 20,1MP заедно со брзиот автоматски фокус обезбедуваат остри и многу детални резултати, дури и при заклучување на фокусот. Ова е нешто што вашиот паметен телефон не може да го постигне.

Доближете се што поблиску со 6x зум

Ако вашиот објект е далеку, доближете го до вас со оптичкиот зум до 6x која ја доловува сцената со прецизни детали.

Духот на забавата

Режимот за забави е совршен за ноќни забави. Тој нуди комбинација од напредни поставувања за оптимален блиц, ISO, експозиција и хроматски интензитет, за добивање на светли и јасни снимки, особено кога луѓето танцуваат во темнина.

Снимајте и споделувајте HD видео снимки

Притиснете го копчето за видео и снимајте рамномерни 720p HD снимки и репродуцирајте ги за да го доживеете моментот со пријателите

Рамномерност и стабилност

Уживајте во остри и јасни фотографии и видео снимки дури и при зумирање. SteadyShot користи бафер површина околу работ на сензорот за да се компензира тресењето на фото апаратот.

Видете ја големата слика со режим на панорама 360°

Фото апаратот врши автоматско спојување на серија снимки со голема брзина за да создаде слики со кои се доловува целата сцена.

Спецификации

  • Сензор за слика со 20,1MP

  • Вграден автоматски фокус

  • 6x оптички зум

  • Режим за забави

  • 720p HD видео снимки

Тип на сензор
Super HAD CCD од тип 1/2,3" (7,76мм)
Број на точки (ефективни)
20,1MP
Отпорност на вода
-
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
ISO 100-3200

Што има во пакетот

Батерија на полнење (NP-BN), AC адаптер, Лента за околу зглоб, Кабел со повеќе USB приклучоци, Упатство за употреба, *Производите може да се разликуваат во зависност од земјата и моделот

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина