Водоотпорен фото апарат TX30 со 5x оптички зум
Покрај базенот, додека нуркате или скијате – TX30 располага со OLED екран и сензор од 18,2MP за детални фотографии и рамномерни Full HD видео снимки од корални гребени или падини прекриени со снег.
Истакнете ги боите, деталите и реалистичноста кај сите сцени кои ги снимате, со помош на моќниот Exmor R™ CMOS сензор со 18,2 ефективни милиони точки.
Carl Zeiss® објективот со 5x оптички зум овозможува снимање на секоја сцена, од широкоаголни пејзажи па сè до детални снимки одблиску.
Изработен за екстремни услови, но подеднакво добар и во обичен сончев ден, TX30 е отпорен на прав, удари и ниски температури.
TX30 може да се справи со ударите, паѓањата, прашината и гребнатините.
Студените денови нема да ве запрат, дури и до -10 Целзиусови степени.
Оставете впечаток со вашиот фото апарат и изберете ја вашата омилена боја - TX30 одговара на вашиот стил со оптичко совршенство.
Погледнете ја јасно секоја снимка, дури и при силно сонце. OLED екранот на допир со висока резолуција ви овозможува да ги прилагодите поставките и да ги прегледате снимките со едно движење на вашиот прст.
За видео снимки кои ќе го доловат чувството како е да се биде таму. Снимајте Full HD видео записи со 30 слики во секунда кои потоа можете да ги прикажувате во вашиот дом на големиот екран од телевизорот.
Спецификации и функции
- Тип на сензор
- Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3" (7,76мм)
- Број на точки (ефективни)
- 18,2MP
- Вид на објектив
- Vario-Tessar® објектив од ZEISS®
- Тип на екран
- 3,3'' (8,3 см) (4:3) / 1.229.760 точки / Xtra Fine / TFT LCD екран
- Влезни и излезни приклучоци
- Hi-Speed USB (USB 2.0), Микро HDMI®, Повеќе USB приклучоци
Што има во пакетот
AC адаптер, Микро USB кабел, Лента за околу зглоб, Упатство за употреба