Сите спецификации и функции
DSC-RX100M4
Сите спецификации и функции
Сензор
- Тип на сензор
- Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм), сооднос 3:2
- Број на точки (ефективни)
- Приоритет на квалитет: 240fps/250fps (1824 x 1026), 480fps/500fps (1676 x 566), 960fps/1000fps (1136 x 384)/ Приоритет на време за фотографирање: 240fps/250fps (1676 x 566), 480fps/500fps (1136 x 384), 960fps/1000fps (800 x 270)
Објектив
- Вид на објектив
- Vario-Sonnar T* објектив од ZEISS®
- F-број (максимална решетка)
- F1,8 (Ш) - 2,8 (Т)
- ND филтер
- Автоматски / вклучено (3 чекори) / исклучено
- Фокусна должина
- f=8,8-25,7 мм
- АГОЛ НА ГЛЕДАЊЕ (ЕКВИВАЛЕНТ НА ФОРМАТОТ ОД 35 MM)
- 84 степени-34 степени (24-70 мм)
- Опсег на фокусирање (од предниот дел на објективот)
- iAuto: AF (Ш: Прибл. 5см (0,17 ft.) до бесконечност, T: Прибл. 30см (0,99 ft.) до бесконечност) / автоматска програма: AF (Ш: Прибл. 5см (0,17 ft.) до бесконечност, T: Прибл. 30см (0,99 ft.) до бесконечност)
- Оптички зум
- 2,9x
- Јасно зумирање на слики (фотографија)
- Фотографија: 20 M прибл. 5,8x / 10 M прибл. 8,2x / 5,0 M прибл. 11x / VGA прибл. 44x
- Јасно зумирање на слики (видео)
- 4K: Прибл. 4,35x; HD: Прибл. 5,8x
- Дигитален зум (фотографија)
- До 11x
- Дигитален зум (видео)
- 11x
- Вид на решетка
- Мембрана на ирисот (7 ливчиња)
- Дигитален зум
- [Фотографија] 42 M прибл. 4x / 18 M прибл. 6,2x / 11 M прибл. 8x, [Видео] прибл. 4x
Екран
- Тип на екран
- 7,5см (тип 3,0) (4:3) / 1.228.800 точки / Xtra Fine / TFT LCD
- Контрола на јасноста
- Рачно (5 чекори)/сончево време
- Прилагодлив агол
- Нагоре: прибл. 180 степени, надолу: прибл. 45 степени
- Избирач на екран (визир/LCD)
- Автоматски / EVF
- Зголемување со помош при MF
- 8,6x, 17,1x
Визир
- Покриеност на поле
- 100%
- Зголемување
- Прибл. 0,59x со објектив од 50 мм при бесконечност, -1м-1(диоптер) (еквивалент од 35 мм)
- Точка на окото
- Прибл. 20 мм од окуларот, 19,2 мм од рамката на окуларот при -1м-1 (диоптер) (CIPA стандард)
- Прилагодување на диоптерот
- -4,0 до +3,0м-1
- Визир
- Електронски визир (OLED) од тип 0,39
- Контрола на јасноста
- Рачно (5 чекори)
Камера
- Дел за обработка на сликата
- BIONZ X™
- STEADYSHOT (ФОТОГРАФИЈА)
- [Фотографија] Оптички [Видео] Интелигентен активен режим, Оптички вид со електронска компензација (тип кој спречува вртење)
- Вид на фокусирање
- AF со откривање на контраст
- Режим на фокусирање
- AF за единечни снимки, континуиран AF, DMF, рачен фокус
- Површина на фокусирање
- Широкоаголно / центрирано / флексибилна точка (S/M/L) / флексибилна точка што се проширува / AF со заклучување (широкоаголно / центрирано / флексибилна точка (S/M/L) / флексибилна точка што се проширува)
- АВТОМАТСКИ ФОКУС СО ЗАКЛУЧУВАЊЕ
- Да
- Режим за мерење на светлината
- Повеќе примероци, центрирано, во точка
- Компензација на експозицијата
- +/- 3,0EV, чекори од 1/3EV
- ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
- Автоматски (ISO 125-12800, може да се избере со горна / долна граница), 125 / 160 / 200 / 250 / 320 / 400 / 500 / 640 / 800 / 1000 / 1250 / 1600 / 2000 / 2500 / 3200 / 4000 / 5000 / 6400 / 8000 / 10000 / 12800 (може да се прошири до ISO80/100), NR за повеќе слики: автоматски (ISO 125-12800), 200 / 400 / 800 / 1600 / 3200 / 6400 / 12800 / 25600
- ISO чувствителност (видео)
- Автоматски (ISO 125-ISO 12800, може да се избере со горна / долна граница), 125 / 160 / 200 / 250 / 320 / 400 / 500 / 640 / 800 / 1000 / 1250 / 1600 / 2000 / 2500 / 3200 / 4000 / 5000 / 6400 / 8000 / 10000 / 12800
- Минимално осветлување (видео)
- Автоматски: 1,2 лукси (брзина на блендата 1/30")
- Режими на балансот на белата боја
- Автоматски; дневна светлина; сенка; облачно; блескаво; флуор.: топли бели тонови; флуор.: ладни бели тонови; флуор.: дневни бели тонови; флуор.: дневна светлина; блиц; темп. на бои/филтер; прилагодено
- Детално прилагодување на WB
- G7-M7, A7-B7
- Брзина на блендата
- iAuto(4" - 1/2000) / автоматска програма(30" - 1/2000) / рачно(светилка, 30" - 1/2000) / приоритет на решетка(30" - 1/2000) / приоритет на бленда(30" - 1/2000)
- Електронска бленда
- iAuto (4" - 1/32000) / автоматска програма(30" - 1/32000) / рачно (30" - 1/32000) / приоритет на решетка (30" - 1/32000) / приоритет на бленда (30" - 1/32000)
- Решетка
- iAuto (F1,8/F11(Ш)) / автоматска програма (F1,8/F11(Ш)) / рачно (F1,8/F11(Ш)) / приоритет на бленда (F1,8/F11(Ш)) / приоритет на решетка (F1,8/F11(Ш))
- Контрола на сликата
- Контраст, заситеност, острина, креативен стил, простор на бои (sRGB/Adobe RGB), квалитет (RAW / RAW и JPEG / екстра фино / фино / стандардно)
- Намалување на шумот
- NR со долга експозиција: вклучено / исклучено, достапно за брзини на отворање на блендата поголеми од 1/3 сек. NR при високи ISO вредности: нормално / ниско / исклучено
- Функции со динамички опсег
- Исклучено, оптимизатор на динамички опсег (автоматски/ниво 1-5), автоматски висок динамички опсег (разлика при автоматска експозиција, ниво на разлика на експозиција (1,0-6,0 EV, 1,0 EV чекор))
- Режим за снимање
- Интелигентен автоматски режим/врвен автоматски режим; автоматска програма; приоритет на решетка; приоритет на брзина на бленда; рачна експозиција; MR(повикување на меморија) 1, 2, 3; режим на видео (автоматска програма, приоритет на решетка, приоритет на брзина на бленда, рачна експозиција); HFR режим (автоматска програма, приоритет на решетка, приоритет на брзина на бленда, рачна експозиција); панорама; избор на сцени
- Избор на сцени
- Портрет; спортски случувања; макро; пејзаж; зајдисонце; ноќна сцена; рачно снимање во самрак; ноќен портрет; режим против заматување на движењата; режим за миленичиња; гастрономски; огномет; висока чувствителност
- Брзина на континуирано фотографирање (максимум) (со макс. точки за снимање)
- Приоритет на брзина Континуирано снимање: прибл. 16 fps, Континуирано снимање: прибл. 5,5 fps
- Тајмер
- 10 сек. / 5 сек. / 2 сек. / 3 или 5 последователни снимки со избор на доцнење од 10 сек., 5 сек., или 2 сек., / групирани снимки со избор на доцнење од 10 сек., 5 сек., или 2 сек.
- Режими на придвижување
- Единечно фотографирање, континуирано фотографирање, континуирано фотографирање со приоритет на брзина, тајмер, тајмер (конт.), конт. групирање , единечно групирање , групирање при баланс на белата боја , DRO групирање , LPF групирање
- Панорама (фотографирање)
- Режим на панорама
- Ефект на слика
- [Фотографија] Фотоапарат - играчка, модерни бои, правење постери, ретро фотографија, меки и осветлени тонови, делумни бои, еднобојни слики со висок контраст, мек фокус, HDR слика, богати црно-бело тонови, минијатурен ефект, водени бои, цртеж [Видео] Фотоапарат - играчка, модерни бои, правење постери, ретро фотографија, меки и осветлени тонови, делумни бои, еднобојни слики со висок контраст.
- Креативен стил
- Стандардно, живописно, неутрално, јасно, длабочина, осветлено, портрет, пејзаж, зајдисонце, ноќна сцена, есенски лисја, црно-бело, сепија, стилска кутија
- Профил на слики
- Исклучено/PP1-PP7 (ниво на црна боја, гама (видео, фотографија, кино 1-2, ITU709, ITU709 [800%], S-Log2), гама на црна боја, детали во заднина, режим на бои, ниво на бои, фаза на бои, длабочина на бои, детали, копирање, ресетирање)
- Автоматска ротација на слика
- Да
- Број на препознаени сцени
- [Фотографија] Врвен автоматски режим: 44 / iAuto: 33, [Видео] 44
- Минимална осветленост
- Видео: автоматски: 1,2 лукси(брзина на блендата 1/30)
- Контрола на експозицијата
- Да
- Корекција на црвени очи со вграден блиц
- Вклучено / исклучено
Блиц
- Режим на блиц
- Автоматски / вклучен блиц / бавна синхронизација / задна синхронизација / исклучен блиц
- Вид на блиц
- Вграден, со рачно извлекување
- AF осветлување
- Автоматски / исклучено
- Снимање на група
- Да
- Опсег на блиц
- ISO автоматски: прибл. 0,4 м до 10,2 м (Ш) / прибл. 0,4 м до 6,5 м (Т), ISO12800: до прибл. 20,4 м (Ш) / прибл. 13,0 м (Т)
Снимање
- Компатибилни медиуми за снимање
- Memory Stick Duo; Memory Stick PRO Duo; Memory Stick PRO Duo(со голема брзина); Memory Stick PRO-HG Duo; Memory Stick Micro ; Memory Stick XC-HG Duo; Memory Stick Micro (Mark2); SD мемориска картичка; SDHC мемориска картичка(UHS-I); SDXC мемориска картичка(UHS-I); microSD мемориска картичка ; microSDHC мемориска картичка ; microSDXC мемориска картичка
- Формат на снимање
- Фотографија: JPEG (компатибилност со DCF вер. 2.0, Exif вер. 2.3, MPF Baseline), RAW (формат ARW 2.3 од Sony); Видео: XAVG S, AVCHD формат вер.2.0, компатибилност со MP4
- Формат за снимање (звук во видео)
- XAVC S: LPCM 2-кан. / AVCHD: Dolby Digital (AC-3) 2-кан. (Dolby Digital Stereo Creator) / MP4: MPEG-4 AAC-LC 2-кан.
- Фотографија, Број на снимени точки (големина на слика)
- [16:9] 17 M (5.472x3.080) / 7,5 M (3.648x2.056) / 4,2 M (2.720x1.528)
- Режим за снимање видео (NTSC)
- NTSC/PAL избирач: [PAL] режим AVCHD: 28M PS (1920 x 1080/50p) / 24M FX (1920 x 1080/50i) / 17M FH (1920 x 1080/50i) / 24M FX (1920 x 1080/25p) / 17M FH (1920 x 1080/25p), XAVC S 4K: 25p 100M (3840 x 2160/25p) / 25p 60M (3840 x 2160/25p), XAVC S HD:50p 50M (1920 x 1080/50p) / 25p 50M (1920 x 1080/25p) / 100p 100M (1920 x 1080/100p) / 100p 60M (1920 x 1080/100p), MP4: 28M (1920 x 1080/50p) / 16M (1920 x 1080/25p) / 6M (1280 x 720/25p) [NTSC] режим AVCHD: 28M PS (1920 x 1080/60p) / 24M FX (1920 x 1080/60i) / 17M FH (1920 x 1080/60i) / 24M FX (1920 x 1080/24p) / 17M FH (1920 x 1080/24p), XAVC S 4K: 30p 100M (3840 x 2160/30p) / 30p 60M (3840 x 2160/30p) / 24p 100M (3840 x 2160/24p) / 24p 60M (3840 x 2160/24p), XAVC S HD:60p 50M (1920 x 1080/60p) / 30p 50M (1920 x 1080/30p) / 24p 50M (1920 x 1080/24p) / 120p 100M (1920 x 1080/120p) / 120p 60M (1920 x 1080/120p), MP4: 28M (1920 x 1080/60p) / 16M (1920 x 1080/30p) / 6M (1280 x 720/30p) Број на ефективни точки вчитани преку сензорот: Квалитет на приоритет: 240fps/250fps (1824 x 1026), 480fps/500fps (1676 x 566), 960fps/1000fps (1136 x 384)/ Приоритет на време за снимање: 240fps/250fps (1676 x 566), 480fps/500fps (1136 x 384), 960fps/1000fps (800 x 270)
- Режим за снимање видео (PAL)
- [PAL] режим AVCHD: 28M PS(1.920x1.080/50p) / 24M FX(1.920x1.080/50i) / 17M FH(1.920x1.080/50i) / 24M FX(1.920x1.080/25p) / 17M FH(1.920x1.080/25p), XAVC S 4K: 25p 100M(3.840x2.160/25p) / 25p 60M(3.840x2.160/25p), XAVC S HD:50p 50M(1.920x1.080/50p) / 25p 50M(1.920x1.080/25p) / 100p 100M(1.920x1.080/100p) / 100p 60M(1.920x1.080/100p), MP4: 28M(1.920x1.080/50p) / 16M(1.920x1.080/25p) / 6M(1.280x720/25p)
- HFR
- NTSC/PAL избирач: [NTSC] режим XAVC S HD: 60p 50M (1920 x 1080/240 fps), 60p 50M (1920 x 1080/480 fps), 60p 50M (1920 x 1080/960 fps) / 30p 50M (1920 x 1080/240 fps), 30p 50M (1920 x 1080/480 fps), 30p 50M (1920 x 1080/960 fps) / 24p 50M (1920 x 1080/240 fps), 24p 50M (1920 x 1080/480 fps), 24p 50M (1920 x 1080/960 fps), NTSC/PAL избирач: [PAL] режим XAVC S HD: 50p 50M (1920 x 1080/250 fps), 50p 50M (1920 x 1080/500 fps), 50p 50M (1920 x 1080/1000 fps) / 25p 50M (1920 x 1080/250 fps), 25p 50M (1920 x 1080/500 fps), 25p 50M (1920 x 1080/1000 fps)
- Резолуција на фотографии
- Режим 3:2: 20M(5.472×3.648) / 10M(3.888×2.592) / 5M(2.736×1.824), режим 4:3: 18M(4.864×3.648) / 10M(3.648×2.736) / 5M(2.592×1.944) / VGA, режим 16:9: 17M(5.472×3.080) / 7,5M(3.648×2.056) / 4,2M(2.720×1.528), режим 1:1: 13M(3.648×3.648) / 6,5M(2.544×2.544) / 3,7M(1.920×1.920), режим на панорама: широкоаголно(12.416×1.856/5.536×2.160), стандардно(8.192×1.856/3.872×2.160)
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- Hi-Speed USB (USB2.0), микро HDMI®, Повеќенаменски/микро USB приклучок
- NFC
- Далечински управувач со еден допир, Компатибилност со NFC форум Type 3 Tag, Споделување со еден допир
- WI-FI
- Да(IEEE802.11b/g/n(фреквенција од 2,4GHz))
- Поврзување преку Wi-Fi®
- [NFC] Компатибилност со NFC форум Type 3 Tag, далечински управувач со еден допир, споделување со еден допир, [Wi-Fi] Да (IEEE802.11 b/g/n (фреквенција од 2,4 GHz)
Моќност
- Извор на напојување
- DC 3,6 V (испорачана батерија) / DC 5,0 V (испорачан AC адаптер)
- Систем на батерии
- NP-BX1
- Потрошувачка (режим на камера)
- Прибл. 1,9 W со LCD екран и прибл. 2,3 W со визир(CIPA стандард)
- Полнење преку USB/Напојување преку USB
- Да (снимање, репродукција)
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (ФОТОГРАФИИ)(CIPA)
- Фотографии (CIPA) : Екран: прибл. 280 / прибл. 140 мин. Визир: прибл. 230 / прибл. 115 мин.; Видеоснимки (реално снимање) : Екран: прибл. 45 мин., Визир: прибл. 45 мин. (во [MP4 28M] режим, макс. време на континуирано снимање изнесува прибл. 20 мин., а макс. големина на фајлот изнесува 4 GB); Видеоснимки (континуирано снимање) Екран: прибл. 80 мин. Визир: прибл. 85 мин. (во [MP4 28M] режим, макс. време на континуирано снимање изнесува прибл. 20 мин., а макс. големина на фајлот изнесува 4 GB)
- Испорачана батерија
- Комплет батерии на полнење NP-BX1
Други
- Photo Creativity
- Да
- Функции за снимање
- AF на очи; откривање на лице; регистрирање на лице; снимање фотографии (при снимање видео); бленда со функција за насмевки; линии во вид на решетка; Quick Navi; дигитална либела (две оски на вртење); групирање со баланс на белата боја; DRO групирање; помош при MF; изострување; црни и бели ленти; приказ на обележувачи; Micref ниво; зумирање во чекори / брзо зумирање; тајмер за автопортрети; TC/UB; име на фотограф и авторски права; минимална брзина на блендата при автоматско ISO; далечинска контрола преку компјутер
- Функции за репродукција
- BRAVIA Sync(контрола за HDMI); индексен приказ на 9/25 слики; автоматска ориентација; слајд шоу; премотување напред/назад (видео); бришење; заштита; функција за снимање движења; ефект за разубавување; TRILUMINOS бои; приказ на 4K слики
- Работна температура
- Прибл. 0°C до 40°C (32F° до 104F°)
- Зум при репродукција
- Во зависност од големината на сликата
- Индексна репродукција
- 9 / 25 слики
Отпечати
- Отпечати
- Exif печатење, усогласување на отпечатени слики PRINT (PIM3)
Големина и тежина
- ТЕЖИНА (УСОГЛАСЕНОСТ СО CIPA)
- 271 гр. (само куќиште), 298 гр. (со батерија и медиум)
- ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д) (ПРИБЛ.)
- 101,6 x 58,1 x 41,0 мм
Испорачана галантерија
- ШТО ИМА ВО КУТИЈАТА
- AC адаптер AC-UB10C/UB10D, Комплет батерии на полнење NP-BX1, Лента за околу зглоб, Микро USB кабел, Упатство за употреба
Опции на бои
Што има во пакетот
- Комплет батерии на полнење NP-BX1
- AC адаптер AC-UB10C/UB10D
- Микро USB кабел
- Лента за околу зглоб
- Упатство за употреба

Функции
Vario-Sonnar T* објектив од ZEISS® за висококвалитетни слики
Vario-Sonnar T* објектив од ZEISS® со голем отвор на блендата од 24-70 мм и F1,8-2,8 овозможува широкоаголно фотографирање до 24 мм. Максималната решетка од F2,8 при максимален телефото опсег овозможува снимање слики без тресење на фотоапаратот и без заматување поради движење на објектот, како и снимање фотографии (портрети) со прекрасно дефокусирање на заднината. T* слојот од ZEISS® ги намалува одблесоците и отсјајот.
Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 со 20,1 MP (ефективни)
Првиот CMOS сензор за слика од тип 1,0 со подредена структура и DRAM чип во светот овозможува забавено снимање до 40x и неверојатна брзина на блендата до 1/32000 која ја надминува човечката перцепција. Проширеното електронско коло има поголем капацитет за обработка на сигнали и над пет пати поголема брзина на читање од стандардните модели.
BIONZ X™ за врвни детали и текстура
Дигиталните фотоапарати ја претвораат светлината која ја доловува нивниот сензор во дигитални слики. Бидејќи процесорот кој овозможува конверзија е подеднакво важен како објективот и сензорот, RX100 IV е опремен со процесорот BIONZ X со голема брзина за да добиете поприродни детали, пореалистични слики, градации со побогати тонови и помал шум при фотографирањето и снимањето.
Снимање забавени движења до 40x
Изберете HFR со вртливото копче за режим за да можете лесно да снимате забавени видеоснимки кои содржат моменти од движења кои траат само дел од секундата. Изберете стапка на слика за фотографирање од 960/1000 fps, 480/500 fps или 240/250 fps (NTSC/PAL), за да ја достигнете брзината на објектите во движење. Квалитетот на сликата е приближно Full HD при 240/250 fps, а HD при 480/500 fps во режим со приоритет на квалитетот. Режимот за активирање ви овозможува и да снимате 2 или 4 секунди пред да го притиснете копчето за ВИДЕО, за да можете да го доловите одлучувачкиот момент.
Бленда која спречува изобличувања со брзина од 1/32000 сек.
Блендата која спречува изобличувања со брзина до 1/32000 сек. го минимизира изобличувањето на сликата предизвикано од вртењето на блендата. Извонредната брзина на блендата ви овозможува и да снимате фотографии со дефокусирање на заднината користејќи поголема вредност за решетката дури и во услови со екстремна светлина со максимум EV19 .
Континуирано фотографирање со максимум 16 fps и намалено затемнување
Благодарение на новиот сензор за слика со неверојатно голема брзина - и покрај неговиот голем број точки од 20,1 MP - фотоапаратот се одликува со зголемена брзина на читање која придонесува за континуирано фотографирање со максимум 16 fps . Тој ви овозможува да доловите прекрасни краткотрајни моменти или изрази на лицето.
Осветлен XGA OLED Tru-Finder за фотографирање со инспирација
Електронскиот визир (EVF) на вовлекување со голем контраст нуди висока резолуција еквивалентна на 2359k точки. Неверојатната резолуција и автоматското осветлување овозможуваат приказ на најмалите детали за прецизно обликување на кадарот. Оптиката на окуларот на EVF е обложена со T* слој од ZEISS® за намалување на несаканите рефлектирања и добивање јасен приказ низ целата површина.
Прстен за контрола за напредно фотографирање
Практичниот прстен за контрола кој се монтира на објективот ви овозможува рачна контрола во професионален стил како што е избирање брзина на бленда, решетка и многу повеќе за да добиете поголема креативна контрола - уште една функција која го прави овој фотоапарат идеален избор за сериозните фотографи.
LCD екран кој се врти 180˚ за флексибилно обликување на кадарот
Екранот од тип 3,0 со висока резолуција и можност за вртење е совршен за снимање автопортрети и обликување на кадарот на невозможните снимки над глава или под низок агол. Можете да го користите во висока/ниска положба за фотографирање за поголема флексибилност при доловување креативни композиции.
AF со брз одзив за снимање на пресудните моменти
Фотоапаратот користи брз и интелигентен AF кој овозможува автоматско фокусирање со голема брзина, голема прецизност и откривање на фокусот. Тој е подобрен во однос на AF системот вграден во серијата α7 и фокусира преку минимизирање на непотребното движење на објективот, предвидување на опсегот за AF и забрзување на движењето на објективот, поради што се подобрува одзивот и можете да ги снимите дури и најкратките моменти.
Директно снимање на 4K видеоснимки преку фотоапаратот
RX100 IV може да снима 4K видеоснимки со голема прецизност. Згора на тоа, преку читање на податоците без соединување на точките или прескокнување на редовите ќе добиете неверојатни 4K слики со голема прецизност и намалено заматување.
Поврзувајте се со паметни телефони и таблет-уреди со еден допир
Префрлувајте слики или видеоснимки за секунда во вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android™, со само еден допир на фотоапаратот - користејќи го софтверот Imaging Edge Mobile што се презема од интернет и вградените Wi-Fi и NFC™ (поле за комуникации во близина). Исто така, со еден допир може да ја активирате апликацијата Smart Remote Embedded, за далечинска контрола на фотоапаратот преку мобилен уред и активирање/запирање на снимањето.
Поддршка за PlayMemories Camera Apps (PMCA)
Уживајте во фотоапарат кој со тек на времето добива нови функции. Изберете некоја апликација од сè побројните PlayMemories Camera Apps , за далечинска контрола, ефекти на слики и видеоснимки и многу повеќе. Инсталацијата е едноставна преку вашиот компјутер или Wi-Fi® врската на фотоапаратот.
Фотографирајте речиси насекаде со големиот опсег на ISO чувствителност
Чувствителноста може да се зголеми до ISO 12800, за да добиете поостри слики при премногу слаба осветленост. Дозволете му на режимот за автоматско ISO да ги одреди автоматски најсоодветните поставки или, пак, намалете ја чувствителноста рачно до ISO 80. Фотоапаратот ќе ви овозможи и да поставите долна граница за брзината на блендата при автоматско ISO.
Практична креативност со прилагодливите копчиња
Прилагодливото (C) копче ви овозможува да програмирате една од 40-те достапни функции за да ги прилагодите можностите на фотоапаратот кон вашиот стил на фотографирање. Ако доделите често користена функција или претпочитани поставки на ова копче, тогаш ќе можете веднаш да ги активирате. Ќе добиете практичен пристап до вашиот избор на дофат на прстите - за побрзо и поинтуитивно ракување со фотоапаратот.
Двојното снимање ви овозможува да фотографирате додека снимате видеоснимки
Снимајте фотографии со 17 MP додека снимате видео. Фотоапаратот ви овозможува да снимате прекрасни и висококвалитетни фотографии дури и кога снимате видео. Новата функција за активирање на автоматско двојно снимање му овозможува на фотоапаратот да снима фотографии автоматски додека снима видео. Изберете високи/стандардни/ниски поставки за фреквенцијата за активирање на автоматското двојно снимање.
Разновидните функции на блендата сега се подобрени
Функциите поврзани со блендата се подобрени. На пример, функцијата за тајмер сега поддржува фотографирање со групирање, така што сега може да ја користите оваа моќна функција дури и во ситуации кога не можете сами да ја активирате блендата. Бројот на снимки со групирање на експозиција е зголемен на девет.
Надгледување со осветлен приказ
Оваа функција која ја зголемува светлината на сликата, на пример, може да се додели на прилагодливо копче за лесен пристап при фотографирање ѕвездено небо или друга темна сцена.
Функциите за помош при MF и изострување нудат подобро фокусирање
Овие функции ќе ви помогнат да го прилагодите фокусот по ваша желба. Функцијата за помош при рачен фокус (MF) ја зголемува површината на која фокусирате за да ви обезбеди попрецизно прилагодување, а функцијата за изострување ги нагласува најострите или најдобро фокусираните области со бои по ваш избор и ви помага да одлучите дали е потребно дополнително прилагодување на фокусот.
AF со заклучување за напредни можности за фотографирање
Само притиснете го копчето за блендата до половина за да активирате AF со заклучување . Тој автоматски ја прилагодува големината на кадарот каде што се врши AF за да ја усогласи со големината на објектот, да ги подобри перформансите за следење и да ги искористи сите прилики за фотографирање.
Изберете снимање видеоснимки во XAVC S формат со професионален квалитет или AVCHD формат
Специјално наменет за сериозни фотографи, форматот XAVC S овозможува мала компресија за снимање висококвалитетни видеоснимки и минимален шум дури и во сцени исполнети со движења. Достапен е и форматот AVCHD за лесно уредување и споделување. Овој фотоапарат го користи кодекот 4K кој поддржува снимање на 4K видеоснимки со брзина до 100M bps, а овозможува и снимање Full HD слики.
Различни функции за видео што поддржуваат користење со професионален стил
Во достапните функции за видео спаѓаат профил на слики (го одредува карактерот на видеоснимките со менување на основните параметри како хромогени ефекти и прилагодување на градацијата), S-Log2 гама (го проширува динамичкиот опсег при снимањето за да ја намали појавата на премногу осветлени и темни делови), TC/UB, контрола на снимање, двојно снимање на видео итн.
Поддршка за Remote Camera Control
Кога фотоапаратот е поврзан со компјутер, тогаш можете да користите Remote Camera Control за да снимате слики или да ги менувате поставките на фотоапаратот преку компјутерот што е поврзан преку USB приклучок. Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата Remote Camera Control во верзија која ја поддржува вашиот компјутер.
Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™
Подобрете ги вашите фотографии со компјутерските апликации Imaging Edge. Користете ја функцијата „Remote“ за далечинска контрола на фотографирањето; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции на слики; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.