Останатите фото апарати ве приморуваат да изберете помеѓу квалитет на слика или преносливост, но RX1 ви ги нуди и двете опции. Неговиот Exmor® CMOS сензор од 35 мм со 24MP за целосна слика е истиот сензор кој се користи во SLT-A99 од Sony
Легендарната експертиза на ZEISS® нуди софистициран објектив со фиксна фокусна должина и максимална решетка од F2,0 за да можете да снимите сè, почнувајќи од случајни улични снимки до испланирани композиции во природата.
Брзиот процесор за слика BIONZ™ од Sony ја доловува секоја нијанса од сцената дури и при фотографирање со брзина од 5 fps, додека неговата конверзија во 14-битен RAW формат ви ги зголемува можностите за уредување на сликите по снимањето.
Sony го создаде објективот, сензорот и процесорот за обработка со прецизност која ја надминува прецизноста на апаратите со заменливи објективи. Со користење на фиксен објектив, овие три елементи се прецизно прилагодени да се надополнуваат меѓусебно.
Софистицираниот објектив од Zeiss® со голема решетка (F/2,0 максимум) е исклучително осветлен, а сепак има компактна големина.
Гледајте сè преку OLED (XGA) Tru-Finder™ со 100% видно поле.
Можноста за снимање на врвни детали во 14-битен RAW формат им нуди прецизна контрола на фотографите која им е потребна за прилагодување на контраст, експозиција, заситеност, баланс на белата боја и други параметри без загуби.
Eден приклучок, многу можности
Надополнете го вашиот RX1 со напредна галантерија која се прикачува на неговиот приклучок за повеќе интерфејси - стандарден приклучок кој е надграден со паметно префрлување на податоци. Благодарение на приклучокот за повеќе интерфејси, можете да уживате во голем број опции за префрлување податоци со додатоци од Sony или, пак, користете широка палета на галантерија од трети страни.
Јасен избор за фотографите со големи очекувања
Добијте поголема острина и максимална резолуција од сензорот кога стандардниот оптички нископропусен филтер кој се вградува во RX1 не е присутен во RX1R.
RX1R ви ги нуди сите напредни функции и технологии кои ги нуди и RX1, со исклучок на филтерот за израмнување на рабови. Тоа ви овозможува да ја искористите огромната резолуција и острина за која е дизајниран фото апаратот.
Благодарение на неговиот оптички нископропусен филтер (за израмнување на рабови), RX1 нуди непроменети остри слики преку автоматско минимизирање на ефектот "moiré" и недоследностите во боите.
Подобрете ги фотографиите со компјутерските апликации Imaging Edge. Користете „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.
Спецификации и функции
- Тип на сензор
- 35мм, целосна слика (35,8мм x 23,9мм) Exmor® CMOS сензор, сооднос на екран од 3:2
- Број на точки (ефективни)
- Прибл. 24,3 милиони точки
Оценки и награди
Експертите велат
The RX1 is, for many reasons, a remarkable camera, and one which has been difficult to score on account of it not having any obvious rivals.
This new addition to the range is a promising addition.
The result is a highly attractive ... camera of uncompromising quality.