Врвен, издржлив и мал фотоапарат RX0 II
Ова ажурирање на софтверот овозможува висококвалитетно проследување во живо и онлајн комуникација.
RX0 II претставува идеален придружник за споделување на животот. Снима прекрасни слики дури и при слаба осветленост со моќниот сензор од тип 1,0 и објективот Tessar T* од ZEISS® со мало изобличување, а сликите може да ги споделите преку паметен телефон. Тој нуди и внатрешно снимање на 4K-видеоснимки, импресивна стабилизација на слика, подобрено фокусно растојание од 20 см и LCD-екран што се врти за 180°.
Фотоапаратот има цврста конструкција, може да се користи секаде и има едноставен и практичен дизајн со прави линии и без непотребни испакнувања. Неверојатно издржливото куќиште од дуралуминиум е доволно цврсто, но и лесно.
Малото куќиште на RX0 II нуди многубројни современи технологии за обработка на слика со кои ќе добиете прекрасни слики независно од условите за фотографирање. Јасното зумирање на слики овозможува зумирање до 2x со минимална загуба на квалитет.
Exmor RS™ CMOS-сензорот од тип 1,0 заедно со напредниот процесор за обработка на слика BIONZ X™ создаваат широк динамички опсег, помал шум, природни детали и богата градација на тонови.
Широкоаголниот објектив Tessar T* од 24 мм со F4 од ZEISS® создава прекрасни слики во секакви услови, со подобрен контраст и острина и намалено изобличување.
За да добиете подобри портрети и автопортрети, режимот за мека кожа на фотоапаратот ги намалува малите набори на кожата на лицето и ја измазнува кожата, а притоа ја зачувува острината на очите и усните на субјектот.
Кога снимате портрети и автопортрети, функцијата AF на очи на RX0 II е практично поставена да врши автоматско фокусирање на очите на субјектот.
Внатрешно снимање на 4K-видеоснимки со обработка на сите точки
RX0 II овозможува снимање на 4K-видеоснимки со обработка на сите точки без спојување на точките, користејќи прекумерно семплирање до 1,7x за да добиете неверојатно јасни слики и динамички сцени. И покрај неговата компактна големина, тој поддржува внатрешно снимање на 4K-видео со 30p (QFHD: 3840 x 2160), поради што е идеален за снимање висококвалитетни видеоснимки додека патувате или снимате сцени од секојдневниот живот.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Новата електронска стабилизација на слика ви помага да снимите одлични видеоснимки, а Movie Edit за паметни телефони создава јасни слики, слично како да снимате со стабилизатор. Movie Edit може автоматски да го држи субјектот во кадарот, дури и ако ги отсечете видеоснимките во вертикален формат за паметните телефони и социјалните медиуми.
RX0 II е извонредно компактен и лесен со цврст и издржлив дизајн. Ставете го во ранец или носете го на врвка без да се грижите и користете го на места каде што досега не сте можеле да фотографирате.
RX0 II е моќен фотоапарат во мало пакување. Практичен е за носење насекаде и нуди висококвалитетни слики без разлика каде фотографирате. Неговиот едноставен дизајн без испакнувања овозможува лесно поставување, пакување и складирање.
Длабочина до 10 метри/33 стапки
Без разлика дали нуркате во свежа или солена вода, фотографирате покрај базенот или на отворено додека грми - RX0 II ќе ви го зголеми потенцијалот за фотографирање. Нема потреба да го заштитувате од дожд или истурени пијалаци, ниту во пустински услови со песок и прав. Сето ова е можно без специјално водоотпорно куќиште или дополнителна галантерија.
Од висина до 2,0 метри/6,5 стапки
Благодарение на дизајнот отпорен на удари, нема потреба да се грижите за случајни незгоди - цврстото куќиште на RX0 II е создадено да издржи паѓање од висина до 2,0 метри (6,5 стапки).
До 200 kgf/440 lbf/2000 N
Нема потреба од нежно ракување - слободно ставете го фотоапаратот во торба или во џеб и носете го насекаде без да се грижите.
LCD-мониторот на фотоапаратот се врти нагоре за 180° за лесно обликување на кадарот на автопортретите и видеоблоговите. Дизајнот што е отпорен на вода и прав ви овозможува да го користите фотоапаратот под вода. Екранот се врти и надолу за приближно 90° за полесно фотографирање од висок агол.
Држачот за фотографирање VCT-SGR1 е опремен со вградени контроли за активирање на блендата и копчиња за снимање и зумирање. Исто така, држачот за фотографирање може да се претвори во мини статив за на маса.
И покрај неговата компактна големина, RX0 II е опремен со приклучок за микрофон за приклучување надворешен микрофон за подобар квалитет на звукот во вашите видеоблогови и видеоснимки.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Фотографирањето со брзина до 960 fps/1000 fps ви овозможува да доловувате краткотрајни моменти и да снимате видеоснимки со забавени движења. Исто така, ќе можете да снимате во Full HD-резолуција со брзина до 120 fps/100 fps.
Новата функција за снимање во интервали на фотоапаратот овозможува континуирано фотографирање во интервали од 1 до 60 секунди. Овие фотографии потоа може да ги претворите во видеоснимки со забрзани движења преку компјутер.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Можностите за континуирано фотографирање на RX0 II овозможуваат подобро доловување на одлучувачките моменти со движења и краткотрајните изрази на лицата. Во една серија може да се снимат до 129 слики JPEG (стандардно).
Блендата што спречува изобличувања постигнува брзина до 1/32.000 сек. и го минимизира феноменот вртење на блендата што може да ги изобличи сликите од објекти што се движат брзо.
Со профилите на слики и S-Log2 може да ја поставите целата филмска продукција преку фотоапаратот и да ги прилагодите параметрите што ќе влијаат врз конечниот изглед на вашите видеозаписи.
Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран, со приклучување камера во телевизорот BRAVIA.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Совршен систем што се користи преку паметен телефон
Imaging Edge Mobile од Sony овозможува контролира на повеќе фотоапарати преку телефон или друг мобилен уред. Безжичното поврзување нуди поголема флексибилност за позиционирање на фотоапаратите што се цврсти и доволно мали за да ги носите насекаде.
Прецизна контрола за професионални работни процеси
Со изборната кутија за контрола на фотоапарати (CCB-WD1), можете истовремено да контролирате повеќе фотоапарати, да ги следите и менувате поставките далечински преку компјутер. На овој начин добивате стабилна врска со фотоапаратите за полесна и прецизна синхронизација, како и моментален пренос на датотеки од фотоапаратите за полесно управување.
Спецификации и функции
- Тип на сензор
- Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм), сооднос 3:2
- Број на точки (ефективни)
- Прибл. 15,3 милиони точки
- Отпорност на вода
- Да (еквивалент на IPX8)
- Отпорност на кршење
- Да(200 kgf/2000 N/440 lbf)
- ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
- Автоматски (ISO125-12800, може да се избере со горна / долна граница), 125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800 (може да се прошири до ISO80/100), NR за повеќе слики: автоматски (ISO200-25600), 200/400/800/1600/3200/6400/12800/25600