Функции
30x оптички зум/јасно зумирање на слики до 60x за одлични снимки одблиску
Снимајте сè почнувајќи од широки пејзажи до далечни објекти, благодарение на моторизираниот телефото објектив со опсег од 24мм* до 720мм. Функцијата на камерата за јасно зумирање на слики од 60x двојно го зголемува доближувањето на оптичкиот објектив на вашата камера на дигитален начин без намалување на бројот на точки, за да снимате рамномерни, детални слики од која било далечина.
Автоматски фокус со заклучување и континуирано фотографирање
Добијте кристално чисти фотографии кои секогаш се во фокус. Автоматскиот фокус со заклучување (AF) автоматски ја прилагодува големината на кадарот според карактеристиките на објектот за да добиете снимка во фокус независно од случувањата. Lens-style камерата нуди и континуирано фотографирање со голема брзина до 10 fps и детални слики со 20MP, дури и при динамични случувања.
Оптичка SteadyShot стабилизација на слика
Вградената оптичка технологија SteadyShot ја одржува стабилноста на сликата дури и кога вашите раце не се мирни. Преку компензирање на помалите движења на рацете кои може да предизвикаат заматување и изобличување, SteadyShot обезбедува извонредни фотографски резултати, дури и во лоши услови со слаба осветленост. Префрлете се во SteadyShot активен режим за снимање на остри и незаматени видео записи.
Full HD убавина во движење со 60p
Одржувајте ги снимките рамномерни и остри – дури и кога се поместувате или снимате подвижни објекти – и снимајте видео снимки со 60p на највисоката резолуција на камерата.
Exmor R® CMOS сензор со 20,4MP за детални слики
Истакнете ги деталите во вашите фотографии – дури и кога снимате во услови со слаба осветленост. Exmor R® CMOS сензорот со задно осветлување има широка приемна површина за да овозможи повеќе светлина и детали во секоја слика. Снимајте ги сцените со детали во висока резолуција од 20,4MP, за да добивате прекрасни слики во секое време.
BIONZ X™ за врвни детали и текстура
Процесорот за обработка на слика од Sony реалистично ја репродуцира текстурата и деталите, исто како што ги гледа човечкото око, преку обработката со извонредно голема брзина. Заедно со предниот LSI (интеграција во голем размер), кој ја забрзува обработката, BIONZ X ви нуди поприродни детали, пореалистични слики, градација со побогати тонови и помал шум, без разлика дали снимате фотографии или видео снимки.
G објектив од Sony за префинето ниво на перформанси
G објективот од Sony е оптимизиран за совршено да одговара на напредните сензори за слика и технологијата за обработка на оваа Lens-style камера. Добивате моќ и контрола за да постигнете врвен квалитет на слика при фокусирање, како и прекрасни дефокусирани заднини (bokeh).
Wi-Fi® ви нуди безжична слобода
Лесно префрлувајте видео снимки и други содржини од вашата камера во вашиот паметен телефон или таблет уред со Android или iOS со едноставно поврзување на Wi-Fi®. Потоа, брзо вчитајте ги видео снимките на вашите омилени веб-сајтови и социјални мрежи за да можат вашите пријатели и семејството да бидат во тек со случувањата.
Интуитивна контрола со Imaging Edge Mobile
Претворете го вашиот паметен телефон или таблет-уред во далечински управувач и уживајте во лесното управување со фотоапаратот, благодарение на Imaging Edge Mobile. Прегледниот кориснички интерфејс ви овозможува едноставно ракување со сите поставки на фотоапаратот со една рака - вклучувајќи експозиција, активирање на блендата и зумирање - правејќи го идеален за групни снимки.
Добијте поинаков приказ со разновидното поставување на објективот
Уживајте во фотографирање од различни перспективи. Поставете ја вашата Lens-style камера на места кои претходно не сте можеле да ги достигнете, а потоа преземете ја контролата – вклучувајќи зумирање, обликување на кадарот и снимање – преку вашиот мобилен уред. Цврсто држење за разновидно снимање со изборниот комплет за снимање со слободен агол (ADP-FSK1).
Поставете ја камерата на вашиот паметен телефон/таблет уред
Претворувањето на вашиот паметен телефон или таблет во камера со високи перформанси е лесно: едноставно поставете ја Lens-style камерата на вашиот мобилен уред и започнете со снимање. Откако ќе ја монтирате, вашиот уред станува куќиште на камерата: користете го екранот на допир за да снимате и дообработувате слики, па дури и да споделувате фотографии со пријателите и семејството преку Facebook® и Twitter™.
Лесно складирање, пренос и споделување
Не грижете се за губење на вашите слики – вашите фотографии автоматски се зачувуваат во Lens-style камерата и во вашиот паметен телефон или таблет уред по снимањето. Инсталирајте ја апликацијата Imaging Edge Mobile за да префрлувате фотографии од вашиот фотоапарат во вашиот паметен телефон или таблет-уред преку Wi-Fi. Оттука, можете слободно да ги организирате, уредувате и споделувате со пријателите и семејството, или да ги вчитате на вашите омилени социјални мрежи и да ги споделите со светот.
Врвниот автоматски режим знае што снимате
Не постои фотографија што не може да се сними. Врвниот автоматски режим автоматски препознава разни видови на опкружувања и врши соодветно прилагодување на поставките на камерата за оптимизирање на секоја снимка. На вашата камера се активираат функции како континуирано фотографирање и автоматски HDR при тешки услови, така што можете да снимате без напор.
Поставете ја на статив за флексибилно снимање
Снимајте долги експозиции и извонредни пејзажи со потполна сигурност. Едноставно поставете ја Lens-style камерата на статив и добијте поголема стабилност отколку кај рачно снимените слики. Фотографирањето на груб терен, при слаба осветленост и групни снимки е полесно кога ќе ја поставите Lens-style камерата на статив.
Прегледувајте ги вашите фотографии со TRILUMINOS™ бои
Гледајте ги вашите фотографии и видео снимки во богати, природни бои кога ги споделувате на голем екран. Оваа Lens-style камера ја поддржува технологијата TRILUMINOS Colour на Sony – гледајте ги вашите омилени фотографии во реалистични бои кога ги гледате на телевизор со TRILUMINOS екран. Проширената гама на бои значи дека црвената, сината и смарагдно-зелената боја се прекрасно прикажани за живописни пејзажи. Лицата, исто така, изгледаат подобро, благодарение на природната репродукција на тоновите на кожата.
Галантерија за далечински управувач за прегледување во живо 2 за контрола на повеќе камери
Управувајте со најмногу пет камери користејќи го изборниот далечински управувач за прегледување во живо. Проверете ги аглите на гледање на екранот во боја кој се поставува на зглобот со еден поглед, започнете/запрете го снимањето на петте камери наеднаш и истовремено менувајте ги поставките на сите уреди. Не се потребни кабли, благодарение на вградениот Wi-Fi®.
Различни соодноси на слика за флексибилно снимање
Направете фотографии кои се разликуваат од останатите со изборот од повеќе соодноси на слика. Изберете помеѓу стандардни форми за дигитални фотографии како 3:2 и 4:3, како и широк сооднос од 16:9 или квадратен за да добиете слики какви што посакувате.
Спецификации
- Тип на сензор
- Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3" (7,82мм)
- Број на точки (ефективни)
- 20,4MP
- ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
- ISO 80-12800
Што има во пакетот
Комплет со батерија на полнење NP-BN, Микро USB кабел, Лента за околу зглоб, Приклучок за паметен телефон, Кратко упатство за почеток, Референтен водич