HX95
И покрај компактната големина, HX95 ви овозможува да фотографирате во најразлични ситуации и да уживате во висококвалитетни слики. Тој се одликува со зум од 24-720 мм, 4K-видео , брз и прецизен AF и електронски OLED-визир со голем контраст.
HX95
И покрај компактната големина, HX95 ви овозможува да фотографирате во најразлични ситуации и да уживате во висококвалитетни слики. Тој се одликува со зум од 24-720 мм, 4K-видео , брз и прецизен AF и електронски OLED-визир со голем контраст.
Со објектив за зумирање од 24-720 мм од ZEISS ® и снимање 4K-видео
HX95 е најмалиот фотоапарат во светот со зум од 24-720 мм што може да го носите насекаде. Со неговиот објектив Vario-Sonnar T* од 24-720 мм од ZEISS® и одличните функции како брз и интелигентен AF и AF на очи со брз одзив, овој фотоапарат нуди извонредни перформанси во секакви услови.
Со објектив Vario-Sonnar T* од ZEISS® со голем зум
И покрај неговата компактна големина, фотоапаратот нуди голем опсег на зумирање, од 24 мм за широк агол до 720 мм за телефото, а јасното зумирање на сликите овозможува зголемување на објектот без намалување на високата резолуција, до 1440 мм.
[1] SteadyShot ИСКЛУЧЕН [2] SteadyShot ВКЛУЧЕН
Софистицираниот алгоритам и жироскопот со високи перформанси на HX95 вршат компензација на тресењето на фотоапаратот. Тоа овозможува значително намалување на тресењето дури и при рачно фотографирање со голем зум.
Функцијата за помош при зумирање овозможува брзо и лесно обликување на кадарот со подвижни објекти при телефото опсег. Доделете ја оваа функција на прилагодливо копче и, кога ќе го притиснете, фотоапаратот ќе се оддалечи за да го обликувате кадарот.
Напредната технологија за обработка на слика овозможува врвен квалитет на слика кај видеоснимките и фотографиите. Од портрети со природен изглед до живописни слики дури и во темни услови - добијте прекрасни слики според вашите услови за фотографирање.
Технологијата за обработка на слика создава слики со висока резолуција и мал шум
Exmor RTM CMOS-сензорот со задно осветлување, резолуција од 18,2 милиони точки и напреден систем за обработка на слика BIONZ XTM го намалуваат шумот при високи вредности на ISO како ISO6400 (проширено). Малите текстури се репродуцираат прецизно, а може да снимате прекрасни слики и од недоволно осветлени сцени. Исто така, репродукцијата на бои е подобрена, особено кај тоновите на човечка кожа.
4K-видеоснимки(QFHD: 3840 x 2160) снимени со обработка и без соединување на точките
Фотоапаратот снима прибл. 1,6 пати повеќе информации од тоа што е потребно за 4K-видео, што резултира со неверојатна резолуција и помалку заматување. Видеоснимките прецизно ги репродуцираат текстурите и малите детали на ниво какво што не е можно во Full HD.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Брзиот AF, во комбинација со брзина на континуирано фотографирање до 10 fps (макс.), ви помага да ги следите динамичните објекти и го олеснува снимањето слики од одлучувачките моменти.
Алгоритамот за откривање на просторот до објектот и брзиот погон на објективот кај HX95 помагаат во снимањето на кратките моменти. Алгоритамот ја предвидува фокусната точка, а при половично притиснување на блендата, AF брзо го фокусира објектот.
Функцијата AF на очи автоматски ги открива и фокусира очите на главните објекти. Таа нуди врвни перформанси дури и во тешки услови, на пример, кога објектот гледа надолу или кога лицата се осветлени одзади или недоволно.
Фотографирајте континуирано до 155 слики
Кога ги следите брзите случувања ќе се воодушевите од импресивните можности за континуирано фотографирање на фотоапаратот. Континуирано снимените слики може да се прикажуваат, бришат и заштитуваат групно.
Во компактното куќиште на фотоапаратот се вградени многубројни практични функции што се дизајнирани за полесно и поудобно фотографирање.
Extrafine LCD-екранот од тип 3,0 со резолуција од 922k точки може да се заврти нагоре до 180° за да можете брзо да ја проверите композицијата на автопортретите или групните фотографии со пријателите.
Контролирајте ги далечински блендата, зумот и другите функции на фотоапаратот преку паметен телефон или таблет-уред и безжично префрлувајте фотографии и видеоснимки. Ако го поврзете фотоапаратот со телефон преку Bluetooth®, ќе можете да ставате гео-ознаки во сликите од локацијата каде што фотографирате.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Што има во пакетот
Батерија на полнење NP-BX1, AC-адаптер, микро USB-кабел, лента за околу зглоб, упатство за користење