Компактен фото апарат DSC-H400 со 63x оптички зум
Професионално зумирање и ракување како DSLR фото апарат, но едноставно користење како компактен фото апарат. H400 има огромен 63x оптички зум и HAD CCD сензор со 20,1 ефективни милиони точки.
Погледнете ја жарта во секоја снимка - Super HAD CCD сензорот со 20,1 ефективни милиони точки нуди слики исполнети со детали.
Приближете ги оддалечените објекти благодарение на моќниот оптички зум до 63x.
Огромниот 63x оптички зум ви ги доближува дури и најоддалечените објекти - без намалување на деталите.
Објективот се движи жироскопски и врши компензација за движењата предизвикани при рачното фотографирање, за неверојатно остри слики низ целиот опсег на фокусирање.
Добијте чувство и изглед на DSLR со практичните контроли и ергономскиот држач. Копчињата и функциите се внимателно поставени и лесно достапни, исто како кај професионален фото апарат.
H400 автоматски ги прилагодува поставувањата на фото апаратот за да одговараат на условите во кои фотографирате.
Во затворени простории, во самрак или во темнина - зголемената чувствителност овозможува посветли слики.
Компактната литиум-јонска батерија од тип X со голем капацитет има енергија за подолго користење, така што не мора да се грижите за штедење на енергијата на вашата батерија кога сте излезени.
Електронскиот визир ви дава преглед на вашата снимка со висока резолуција во реално време и со минимална рефлексија, дури и кога снимате при силна сончева светлина.
Погледнете ги сликите веднаш и гледајте ги снимките додека снимате благодарение на вградениот 3” (7,5см) LCD екран. Сликите изгледаат јасно и чисто на екранот, токму така како што ги гледате.
Веднаш почнете да снимате јасни и рамномерни видео записи. Притиснете го наменското копче за снимање на видео снимки и снимајте 720 HD слики без заматување со дигитален звук.
H400 нуди голем избор на технологии за снимање кои ќе ви помогнат да го поттикнете креативниот процес - вклучувајќи ефекти на слика, режим на панорама и режим за забави.
Внесете нова енергија во сликите со помош на вградената технологија за ефекти на слики. Постојат повеќе режими за избор - не мора ниту да преземате софтвер за уредување на слики.
Снимајте неверојатни панорами од 360° со притиснување на едно копче.
Слаба осветленост? Фото апаратот автоматски ги прилагодува поставувањата за да компензира - совршено за ноќни забави.
Спецификации
- Тип на сензор
- Super HAD CCD од тип 1/2,3" (7,76мм)
- Број на точки (ефективни)
- 20,1MP
- ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
- ISO 80-3200
- ISO чувствителност (видео)
- Автоматски: (ISO100-ISO800 ниво)
Што има во пакетот
Комплет батерии на полнење NP-BX1, AC адаптер AC-UB10C, Кабел со повеќе USB приклучоци, Појас за преку рамо, Капаче за објектив, Упатство за употреба