Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- Прибл. Ш 59,0 мм X В 40,5 мм X Д 29,8 мм (2 3/8 инчи X 1 5/8 инчи X 1 3/16 инчи)
- Тежина
- Прибл. 90 гр. (3,2 oz) (само главен уред)
Моќност
- Извор на напојување
- DC 5,0 V, 1500 mA (испорачан AC-адаптер)
Интерфејс
- Влез / излез
- Повеќенаменски/микро USB-приклучок, Hi-Speed USB (USB2.0), приклучок за LAN
Други
- Работна температура
- Од 0℃ до +40℃ (од 32°F до 104°F)
Што има во пакетот
- AC-адаптер AC-UUE12 (1)
- Микро USB-кабел (1)
- Заштитник за кабли (1)
- Кабел со повеќе приклучоци (2) (0,4 м/2,0 м, 1,31 ft/6,56 ft)

Функции
Отворете нови можности во работата со повеќе фотоапарати
Поврзете ги сите фотоапарати и кутии за контрола на фотоапарати, како и паровите од фотоапарати и кутии за контрола на фотоапарати, во вашиот компјутер преку преклопник за етернет за да добиете моќна контрола врз фотоапаратите. Потоа контролирајте го прегледот во живо и брзиот пренос на датотеки кон компјутерот, прилагодувајте ги поставките на фотоапаратите и режимите за снимање и добијте контрола врз снимањето и фотографирањето. Изберете да ракувате со еден или повеќе фотоапарати за да ги промените поставките.
Може да се користи во мрежа со IP-адреси, за флексибилност на системот
На секоја кутија за контрола на фотоапарати може да ѝ се додели IP-адреса, така што ќе можете да контролирате фотоапарати поставени на оддалечени локации. Жичната LAN-врска овозможува непречен пренос на слики во вашиот компјутер заради прегледување и управување. На овој начин добивате значително поголема флексибилност и прецизност при фотографирање со повеќе фотоапарати и обработка на слики.
Поддршка за прецизна синхронизација за видео
При снимање видео со повеќе фотоапарати, достапна е прецизна синхронизација за видео што се врши кадар по кадар. Оваа функција е особено практична во модерната филмска продукција - на пример, при спојување видеоснимки снимени со повеќе фотоапарати во видео од 360°.
Ефикасно централизирано управување со податоци за слики
Брзиот мрежен интерфејс ви овозможува да префрлувате слики од картичката на фотоапаратот директно во вашиот компјутер, веднаш по снимањето. Изборот на фотоапарат и именувањето датотеки го олеснуваат управувањето со податоците, дури и при снимање со повеќе фотоапарати, за да се спречи случајно презапишување.
Незабележителни, но незаменливи
Кутијата за контрола на фотоапарати е дизајнирана да биде компактна - исто како куќиштето на RX0. Овие дискретни димензии и изглед се практично незабележителни во многу системи за фотографирање, поради што се идеални за ситуации во кои не треба да се користи голем систем со фотоапарати.
Поврзете ги сите парови од фотоапарати и кутии, за напојување, прегледување и контрола
Поврзете го кабелот со повеќе USB-приклучоци во вашиот фотоапарат и во кутијата за контрола на фотоапарати за да добиете контрола, прегледување и пренос на податоци преку компјутер. Исто така, користете го испорачаниот AC-адаптер или пренослива USB-батерија за практично напојување на кутијата со поврзан фотоапарат, преку истиот кабел со повеќе USB-приклучоци.
Испорачан заштитник за кабли
Искористете го испорачаниот заштитник за кабли наменет за сигурно поврзување на три кабли - USB-приклучок за повеќе фотоапарати, микро USB за напојување и приклучок за етернет. Тој ја зголемува сигурноста на целиот систем за фотографирање со повеќе фотоапарати.