Функции
Функции
Напреден AF со E-приклучок за објективи со A-приклучок
LA-EA5 овозможува објективите со SSM и SAM и A-приклучок да се користат со најновите фотоапарати со E-приклучок, со максимална поддршка за AF со откривање на фаза во фокусната рамнина со широка површина, вклучувајќи функции за препознавање субјекти како AF на очи во реално време (луѓе и животни), следење во реално време и многу повеќе. Погледнете во „Компатибилност“ подолу за да дознаете повеќе информации за компатибилните куќишта и објективи.
AF/AE со следење и брзина до 11 fps
Кога се користи со најновите фотоапарати со E-приклучок, овој напреден адаптер ги прави објективите со SSM и SAM и A-приклучок да бидат компатибилни со функцијата AF/AE со следење на објективите со E-приклучок, дури и при континуирано фотографирање со брзина до 11 fps. Погледнете во „Компатибилност“ подолу за да дознаете повеќе информации за компатибилните куќишта и објективи.
AF, AF/AE со следење за објективи без мотор
LA-EA5 ги поддржува сите објективи со A-приклучок, вклучувајќи и модели што немаат вградени мотори. Нуди максимална поддршка за AF со откривање на фаза во фокусната рамнина, AF на очи во реално време (луѓе и животни), следење во реално време и континуирано следење со AF/AE со брзина до 11 fps. Погледнете во „Компатибилност“ подолу за да дознаете повеќе информации за компатибилните куќишта и објективи.
Компактен цилиндричен дизајн
Новиот и компактен мотор за AF и моторот за решетката се спакувани во елегантен и цилиндричен адаптер за монтирање. Адаптерот има иста големина како дијаметарот на A-приклучокот за да нема испакнувања под самиот приклучок кога се користи со компактни куќишта со E-приклучок, овозможувајќи удобно држење и ракување дури и кога на фотоапаратот е прикачен вертикален држач.
Информации за компатибилност
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.