E PZ 18-105MM F4 G OSS

Сите спецификации и функции

SELP18105G

Спецификации на објектив

Додаток
E приклучок од Sony
Формат
APS-C
Фокусна должина (мм)
18-105мм
Еквивалентна фокусна должина од 35 мм (APS-C)
27-157,5мм
Групи / елементи на објектив
12/16
Агол на гледање (APS-C)
76°-15°
Максимален отвор на бленда (F)
4
Минимална решетка (F)
22
Ливчиња на решетката
7
Кружна решетка
Да
Минимално фокусно растојание
0,45 (широкоаголно)-0,95 м (телефото) (1,48 (широкоаголно)-3,12 ft (телефото))
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,11x
Пречник на филтерот (мм)
72мм
Стабилизација на слика (SteadyShot)
Оптички SteadyShot
Систем за зумирање
Моторизиран зум

Големина и тежина

Димензии (диј. x дол.)
78 x 110 мм (3-1/8 x 4-3/8 in.)
Тежина
427 гр. (15,1 oz.)

Фусноти

*
„Еквивалент на фокусна должина од 35 мм (APS-C)“ и „агол на гледање (APS-C)“ во дигитален фотоапарат со заменливи објективи и вграден сензор за слика од тип APS-C.

Што има во пакетот

  • Сенило за објектив (ALC-SH128: во форма на цвет, во вид на бајонет)
  • Предно капаче за објектив
  • Задно капаче за објектив
Placeholder

Функции

Слика од E PZ 18-105мм F4 G OSS

Еден објектив за различни потреби при фотографирањето

Потребата од менување објективи додека фотографирате може да ве успори и да предизвика несакани промени во квалитетот на сликата. Независно дали фотографирате или снимате, опсегот на зумирање од 18-105 мм (еквивалент за целосна слика = 27-157,5 мм) и квалитетот на овој неверојатен G објектив ќе биде повеќе од доволен за повеќето ситуации за фотографирање, а на располагање ќе имате и рамномерен моторизиран зум.

Слика од E PZ 18-105мм F4 G OSS

Извонреден приказ при секоја фокусна должина

Напреден оптички дизајн составен од два елемента од ED (исклучително мала дисперзија) стакло и три асферични елементи кои го нудат врвниот квалитет на слика на G објективите низ целиот опсег на зумирање. Одличната острина и контраст се присутни низ целата површина на сликата и овозможуваат природно и реалистично рендерирање кое ги опфаќа дури и најмалите визуелни детали.

Дознајте повеќе

Слика од E PZ 18-105мм F4 G OSS

Технологијата на зумирање е наследена од професионална опрема

Технологијата на Handycam® од Sony е имплементирана во SELP18105G за да може да обезбеди рамномерно и тивко зумирање кое е идеално за снимање. Фокусирањето ги користи придобивките од истата професионална технологија и овозможува рамномерно и тивко ракување со брз одзив. Должината на објективот не се менува при зумирање или фокусирање. Компензацијата при зумирање ќе биде достапна по ажурирање на софтверот.

Преземете софтвер од веб-страницата за поддршка.

Слика од E PZ 18-105мм F4 G OSS

Континуирана контрола на променливата брзина на зумирање

Лесно достапната контрола на брзината за зумирање преку рачката за зумирање на цилиндарот на објективот или прстенот за зумирање овозможува рамномерно зумирање, а во исто време и сигурно и стабилно држење на фотоапаратот. Ова претставува значителна предност за доследно и стабилно ракување, особено при снимање видеоснимки.

Слика од E PZ 18-105мм F4 G OSS

Непроменлива максимална решетка од F4

Фиксната решетка F4 низ целиот опсег на зумирање од 18–105 мм ви овозможува да зумирате и да го обликувате кадарот според потребите без да се грижите за менување на поставките за експозиција. Во повеќето случаи ќе можете да фотографирате без да ја зголемувате ISO чувствителноста и потенцијално да го зголемите шумот, дури и при максимален телефото зум.

Слика од E PZ 18-105мм F4 G OSS

Прекрасно дефокусирање со G објектив

G објективите се прочуени по нивното прекрасно и рамномерно дефокусирање на заднината. Дизајнот на кружната решетка со 7 ливчиња е дел од причината поради која се подобрува јасноста и се создаваат природни светли тонови. Рамномерното дефокусирање на заднината може да ги нагласи фокусираните објекти во слики со речиси тридимензионална длабочина.

Слика од E PZ 18-105мм F4 G OSS

Остар и јасен приказ во секоја ситуација

Вградената стабилизација на слика со оптички SteadyShot врши компензација за тресењето на фотоапаратот кое може да ги замати сликите при рачно фотографирање. Острите и јасни ноќни сцени или снимките во затворени простории при слаба осветленост се доловуваат без потреба од засилување на ISO чувствителноста и несакано зголемување на шумот.

Дознајте повеќе