E 70-350 мм F4,5-6,3 G OSS
Оптимизираниот дизајн нуди извонреден телефото зум со врвни перформанси за APS-C-куќишта (екв. 105-525 мм). Импресивниот квалитет на G-објективите е присутен низ целиот опсег на зумирање и целата површина на сликата. Сето ова е спакувано во компактен и пренослив објектив со извонреден телефото зум до 5x и оптичка стабилизација на слика.
Погледнете видеозапис
APS-C објективите со E-приклучок, во комбинација со α фото апаратите со E-приклучок од Sony,нудат врвни перформанси.
Галерија со фотографии
Прецизниот оптички дизајн со еден асферичен елемент и три елементи од ED-стакло ја намалува аберацијата, вклучувајќи ја и хроматската аберација што создава проблеми при телефото фокусни должини. Добивате одлична острина и репродукција при сите поставки на зумот, низ целата површина на сликата. Уште една придобивка е и прекрасното дефокусирање што го нудат телефото G-објективите.
И покрај големиот опсег на зумирање до 5x, овој објектив тежи 625 грама и придонесува за поголема преносливост на целиот систем. Опсегот од 70-350 мм (екв. на 105-525 мм) е идеален за различни објекти. Вградената оптичка стабилизација на слика го олеснува снимањето остри слики без заматување дури и при рачно фотографирање со фокусна должина со извонредно телефото.
Оригиналната технологија XD (екстремно динамички) линеарен мотор од Sony е вградена во APS-C-објектив што нуди автоматски фокус со врвни перформанси што е брз, прецизен и стабилен. Заедно со напредниот AF во реално време на најновите APS-C-куќишта, ќе добиете практичен систем со високи перформанси за пејзажи, диви животни и многу друго.
Преклопникот за оптички SteadyShot, приспособливото копче за задржување на фокусот и преклопникот за заклучување на зумот нудат практична контрола на објективот што е отпорен на прав и влага за да овозможи сигурно користење во лоши услови. Сето ова ја зголемува преносливоста на објективот, за професионална контрола и сигурност секаде каде што ќе појдете.
Врвниот дизајн на G-објективите од Sony ја нагласува одличната рамнотежа помеѓу високата резолуција и прекрасното дефокусирање на заднината што ја подобруваат замислата на уметникот.
[1] Асферичен објектив [2] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)
MTF објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст(%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] При 70 мм / макс. решетка [4] При 70 мм / решетка F8 [5] При 350 мм / макс. решетка [6] При 350 мм / решетка F8 [7] Просторна фреквенција [8] 10 пара линии / мм [9] 30 пара линии / мм [10] Радијални вредности [11] Тангентни вредности
1. Прстен за зумирање 2. Прстен за фокусирање 3. Копче за задржување на фокусот 4. Преклопник за заклучување на зумот 5. Преклопник за компензација за тресење 6. Преклопник за режим на фокусирање
E 70-350 мм F4,5-6,3 G OSS
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.
За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 1,1-1,5 м (3,61-4,93 ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0.23
- Пречник на филтерот (мм)
- 67
- Тежина
- 625 гр. (22,1 oz.)
Што има во пакетот
Сенило (модел): ALC-SH160, Предно капаче за објектив: ALC-F67S, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM