Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

Сите спецификации и функции

SEL24105G

Спецификации на објектив

Додаток
E приклучок од Sony
Формат
35 мм за целосна слика
Фокусна должина (мм)
24-105
Еквивалентна фокусна должина од 35 мм (APS-C)
36-157.5
Групи / елементи на објектив
14-17
Агол на гледање (35мм)
84°-23°
Агол на гледање (APS-C)
61°-15°
Максимален отвор на бленда (F)
4
Минимална решетка (F)
22
Ливчиња на решетката
9
Кружна решетка
Да
Минимално фокусно растојание
0,38 м (1,25 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,31
Пречник на филтерот (мм)
77
Стабилизација на слика (SteadyShot)
Оптички SteadyShot
Систем за зумирање
Упатство
Компатибилност за телеконверзија (x1,4)
-
Компатибилност за телеконверзија (x2,0)
-
Тип на сенило
Во форма на цвет, во вид на бајонет

Големина и тежина

Димензии (диј. x дол.)
83,4 x 113,3 мм (3-3/8 x 4-1/2 инчи)
Тежина
663 гр. (23,4 oz.)

Што има во пакетот

  • Сенило (модел): ALC-SH152
  • Предно капаче за објектив: ALC-F77S
  • Задно капаче за објектив: ALC-R1EM
  • Торбичка
Placeholder

Функции

Слика од Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

Среден телефото зум со широк опсег

Широкиот опсег на зумирање од 24-105 мм со фиксната решетка од F4 лесно доловува портрети, спонтани слики, пејзажи, архитектура и многу повеќе. Овој објектив ги опфаќа повеќето потреби за фотографирање, со што ја минимизира потребата за носење дополнителна опрема.

Слика од Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

Неверојатни слики при секоја фокусна должина

Напредниот оптички дизајн со четири асферични елементи, од кои два се од видот AA (напредни асферични) со голема прецизност, ефикасно го намалува изобличувањето и притоа овозможува доследен висок квалитет и висока резолуција низ целата површина на сликата низ целиот опсег на зумирање на објективот.

Дознајте повеќе

Слика од Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

ED стаклото ги подобрува боите и резолуцијата

Трите елементи од ED (исклучително мала дисперзија) стакло се стратешки поставени во оптичката патека на објективот и ја подобруваат резолуцијата преку намалување на хроматската аберација. Одличната острина и репродукцијата на природни бои се присутни и во рабовите на сликата.

Дознајте повеќе

Слика од Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

Острина и контраст при секакво осветлување

Оригиналниот анти-рефлексивен нано слој од Sony ги намалува неправилните рефлектирања што можат да предизвикаат одблесоци и отсјај во сцени со задно или недоволно осветлување, за да добиете доследно висок контраст и острина. Отсуството на одблесоци под многубројни агли на паѓање на светлината овозможува поголема флексибилност при обликување на кадарот. (1. Анти-рефлексивен нано слој / 2. Стакло / 3. Пропуштена светлина)

Дознајте повеќе

Слика од Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

Прекрасен спој на острина и дефокусирање

Прецизната контрола на формата на сферичната аберација, како и кружниот дизајн на решетката, придонесува за одржување на неверојатната рамнотежа помеѓу острината и прекрасниот ефект на дефокусирање што е препознатлива карактеристика на брендот G Lens. Можноста за спојување на високата резолуција и рамномерниот ефект на дефокусирање со креативното фотографирање овозможува огромен потенцијал за изразување.

Дознајте повеќе

Слика од Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

Решение со еден објектив за преносливо фотографирање

Одлични оптички перформанси и голем сооднос на зумирање во компактен и лесен пакет од само 663 грама (23,4 oz.). Компактниот и лесен дизајн се прикачува на куќишта со E-приклучок за да добиете пренослив и компактен систем. Овој објектив со високи перформанси ви овозможува да фотографирате различни објекти и сцени. Минималното фокусно растојание од 0,38 метри (1,25 ft.) и оптичката стабилизација на слика овозможуваат уште поголема примена.

Слика од Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

Фиксната решетка од F4 и брзиот, прецизен и тивок AF се одлични и за фотографии и за видеоснимки

Фиксната решетка од F4 низ целиот опсег на зумирање не ја намалува светлината при промена на фокусната должина. AF системот со SSM со директен погон (DDSSM) од Sony нуди брзо, прецизно и тивко фокусирање. Прецизниот оптички дизајн ги минимизира промените на фокусот. Сето тоа го прави FE 24-105mm F4 G OSS одличен избор и за фотографии и за видеоснимки.

Дознајте повеќе

Преден елемент обложен со флуор

Предниот елемент на објективот има слој со флуор што спречува акумулација на нечистотии и отпечатоци од прсти и овозможува полесно бришење на нечистотиите и отпечатоците од прсти во случај да се акумулираат на површината на објективот.

Дознајте повеќе

Слика од Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

Голема сигурност во лоши услови

Дизајнот на овој објектив е отпорен на прав и влага за дополнителна заштита и сигурно ракување во опкружувања со лоши услови. Снимајте сигурно во услови кога роси или дува ветер.

Дознајте повеќе

Слика од Објектив FE 24-105 мм F4 G OSS

Лесно ракување со разновидни опции

Копче за задржување на фокусот, прстен за рачно фокусирање, преклопник за AF/MF и други контроли за разновидност при контролирањето. Копчето за задржување на фокусот може да се прилагоди преку менито на фотоапаратот за да му се доделат различни функции во зависност од потребите на корисникот.

Дознајте повеќе