Слика од E 20мм F2,8
Слика од E 20мм F2,8
Компак. широкоаг. примарен објектив

E 20mm F2,8 широкоаголен примарен (SEL20F28)

Без разлика дали снимате фотографии или видео снимки, овој тенок (20,4мм) и лесен објектив во вид на "палачинка" нуди исклучителни перформанси. Користете го во затворени простории, природа, неочекувани слики и друго.

APS-C објективите со E-приклучок, во комбинација со α фотоапаратите со E-приклучок од Sony,нудат врвни перформанси.

Кружна решетка за дефокусирање
Рамномерно дефокусирање

Наместо стандардна решетка за објектив во форма на правоаголник, овој објектив се одликува со кружна решетка со 7 ливчиња која овозможува добивање на природно и заоблено дефокусирање или ефекти на заматување.

Префинети оптички перформанси

За оптимизирање на перформансите, асферичните елементи на објективот одржуваат висок контраст (дури и кога решетката е целосно отворена) и го минимизираат изобличувањето и недостатокот на длабочина на сликата.

Брзо фокусирање

Задниот механизам за фокусирање значи дека цилиндарот на објективот не се движи, што овозможува покомпактен дизајн, автоматско фокусирање со побрз одзив и помало минимално растојание на фокусирање.

Слика од конфигурација на објективи
Конфигурација на објективи

Импресивни оптички перформанси за фотоапарати од Sony со прецизен дизајн за разновидност и сигурност кој опфаќа широк опсег на примена.
[1] Асферична леќа

Функција за пренос на модулација на SEL20F28
MTF табела

MTF објаснува колку добро објективот прикажува мали детали, измерено како степен на контраст добиен помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности

Ја разгледавме оваа страница и ја извршивме следната корекција: за фото апаратите со E-приклучок од Sony било погрешно наведено дека имаат SteadyShot, па затоа таа информација беше отстранета.

Спецификации и функции

  • Извонредно тенок (20,4мм) и лесен, со метална завршна обработка

  • Асферични елементи на објективот за намалување на изобличувањето и аберацијата

  • Кружна решетка за прекрасно дефокусирање

  • Рамномерна и тивка работа на автоматскиот фокус

  • APS-C фото апарат со еквивалентна фокусна должина: 30 мм

Минимално фокусно растојание
0,2 м (0,66 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,12x
Пречник на филтерот (мм)
49мм
Тежина
69 гр. (2,4 oz.)

Што има во пакетот

Сенило за објектив (ALC-SH113: во вид на капаче), Предно капаче за објектив, Задно капаче за објектив

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина