Овој повеќенаменски макро објектив со зум до 100 мм нуди зголемување до 1,4x, или до 2,8x со изборен телеконвертор. Резолуцијата и ефектот на дефокусирање на G Master придонесуваат за снимање импресивни макро слики, а напредната стабилизација и оптимизираното функционирање за макро слики нудат ненадминат потенцијал за макро и за фотографии и за видеоснимки. Цвеќињата, инсектите и другите субјекти стануваат реални со откривање на скриените детали.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Зголемувањето поголемо од 1:1 и минималното фокусно растојание од 0,26 м (0,86 ft) го прават овој објектив идеален за макро фотографирање. Перформансите за фотографирање одблиску со големо зголемување овозможува да се доловат речиси невидливи детали од нови перспективи. Поддршката за телеконвертори овозможува зголемување до 2,8x, кое може да открие нови нивоа на детали и текстури, а притоа нуди доволна оддалеченост при работењето за голем опсег на субјекти.
Напредниот оптички дизајн го оптимизира распоредот на елементите, а притоа лебдечкиот механизам за фокусирање ги минимизира различните аберации, кои се честа појава кај макро објективите, за да обезбеди висока резолуција дури и кај сликите снимени на екстремно мало растојание. Анти-рефлективниот нано слој II ги зголемува контрастот и острината преку спречување на одблесоците и отсјајот. Решетката F2,8, двата елементи XA (екстремно асферични), двата елементи ED (исклучително мала дисперзија) и решетката со 11 сечила создаваат прекрасен ефект на дефокусирање со G Master.
Овој извонреден објектив има оптичка стабилизација на слика која е внимателно приспособена за макро фотографирање, во случаи кога острината е најважна, а има и нов систем за контрола кој нуди подобра контрола на аголот, поместувањето и длабочината, за прецизна и сигурна стабилизација при рачно макро фотографирање. Исто така, компатибилните куќишта α овозможуваат комуникација помеѓу објективот и куќиштето која ја подобрува стабилизацијата и кај фотографиите и кај видеоснимките (активен режим).
[1] Странично вртење [2] Вртење нагоре
Четирите линеарни XD-мотори (екстремно динамички) ја движат групата елементи на лебдечкиот фокус, овозможувајќи до 1,9x побрз AF за широк опсег на вредности во режимот AF-S. И следењето е одлично, што придонесува за полесно фотографирање макро субјекти кои се движат брзо, како што се пчелите на цветовите. Овој систем лесно одржува чекор со максималната брзина од 120 fps на α9 III. Исто така, погонот за фокусирање е тивок, што значи дека шумот при фокусирањето нема да пречи на звукот кога снимате видео.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Откако ќе завршите со следењето во режимот AF-C, преклопникот за AF/MF може брзо да го избере режимот MF, во кој може да користите зголемување на приказот за да го финализирате фокусот. Ако AF фокусира погрешен субјект, може да го преместите врз саканиот субјект со ротирање на прстенот за фокусирање во режимот DMF. Лизгањето на прстенот за фокусирање наназад и нанапред ви овозможува да избирате помеѓу режимите AF/MF и FULL MF, кој нуди скали за зголемување и оддалеченост кои се идеални за макро фотографирање.
Силиконските заптивки околу сите копчиња и преклопници, гумената прстенеста заптивка на приклучокот за објективи и другите подобрувања придонесуваат за дизајн со ефикасна отпорност на прав и влага, кој нуди максимална сигурност во лоши надворешни услови. Предниот елемент на објективот има слој со флуор кој нуди заштита од нечистотии и нивно лесно бришење во случај да се акумулираат на површината на објективот.
Објективите од серијата G Master™ нудат нивоа на обработка на слика и изразување кои досега беа недостижни, со комбинација од екстремно висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање на заднината.
[1] Екстремно асферична леќа (XA-леќа) [2] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)
MTF (функција за пренос на модулација) објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и камери од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
1. Прстен за фокусирање 2. Копче за задржување на фокусот 3. Прстен за решетката 4. Преклопник за континуиран директен рачен фокус 5. Ограничувач на опсегот на фокусирање 6. Скала за оддалеченост / Скала за зголемување 7. Преклопник за режим на фокусирање 8. Преклопник за ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ИРИСОТ 9. Преклопник за SteadyShot 10. Преклопник за звук на решетката
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,26 м (0,86 ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 1.4
- Пречник на филтерот (мм)
- 67
- Тежина
- 646 г (22,8 oz.)