VARIO-SONNAR T* 24-70 ММ F2,8 ZA SSM II

Сите спецификации и функции

SAL2470Z2

Спецификации на објектив

Додаток
A приклучок од Sony
Формат
35 мм за целосна слика
Фокусна должина (мм)
24-70мм
Еквивалентна фокусна должина од 35 мм (APS-C)
36-105мм
Групи / елементи на објектив
13/17
Агол на гледање (35мм)
84°-34°
Агол на гледање (APS-C)
61°-23°
Максимален отвор на бленда (F)
2,8
Минимална решетка (F)
22
Ливчиња на решетката
9
Кружна решетка
Да
Минимално фокусно растојание
0,34 м (1,12 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,25x
Пречник на филтерот (мм)
77мм
Стабилизација на слика (SteadyShot)
- (вградено во куќиштето)

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
83 x 111 мм (3-3/8 x 4-3/8 in.)
Тежина
974 гр. (34,4 oz.)

Фусноти

*
„Еквивалент на фокусна должина од 35 мм (APS-C)“ и „агол на гледање (APS-C)“ во дигитален фотоапарат со заменливи објективи и вграден сензор за слика од тип APS-C.

Што има во пакетот

  • Сенило за објектив (ALC-SH101: во форма на цвет, во вид на бајонет)
  • Предно капаче за објектив
  • Задно капаче за објектив
  • Торбичка
Placeholder

Функции

Слика од Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II

Квалитет на примарен објектив со разновиден зум

Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II содржи два асферични елементи и два елементи од ED (исклучително мала дисперзија) стакло со прецизен оптички дизајн за одлична резолуција и контраст. Основниот оптички дизајн е ист како и во оригиналната верзија, за кој повеќе се смета дека спаѓа во класата на примарни објективи во однос на квалитетот на сликата.

Слика од Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II

Асферичните елементи ги подобруваат перформансите

Асферичните елементи на објективот се изработуваат потешко од едноставните сферични елементи, но кога ќе се дизајнираат правилно тие успеваат да намалат многубројни оптички аберации на неверојатно ниско ниво. Овој елемент содржи два асферични елементи кои придонесуваат за извонредни оптички перформанси.

Слика од Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II

ED стаклото ја намалува хроматската аберација

Овој објектив содржи два елементи од ED (исклучително мала дисперзија) стакло кои значително ја намалуваат хроматската аберација, особено при поголеми фокусни должини. Тие придонесуваат и за неверојатен контраст низ целата слика, дури и при големи вредности за решетката.

Слика од Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II

Одлични резултати при слаба осветленост

Светлата и фиксна максимална решетка од F2,8 низ целиот опсег на зумирање овозможува непроменливи вредности за експозицијата при секоја фокусна должина, како и подобри перформанси при слаба осветленост. Не грижете се за промените на експозицијата поврзани со отворот на блендата додека зумирате и добивајте одлични резултати при рачно фотографирање во затворени простории или во услови со слабо осветлување.

Слика од Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II

Рамномерно и тивко фокусирање со SSM

SSM (мотор со суперсонични бранови) претставува пизоелектричен систем за погон кој заедно со внатрешниот механизам за фокусирање на Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II овозможува рамномерно и тивко автоматско фокусирање без ротација на предниот елемент. Неговиот капацитет за голема сила на вртење при ротација со мала брзина придонесува за брз одзив на активирање и запирање, како и прецизно позиционирање.

Слика од Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II

Преклопник за режим на фокус и копче за задржување

Освен практичното позиционирање и беспрекорното ракување со сите контроли, овој објектив располага со преклопник за режим на фокусирање и копче за задржување на фокусот сместени на цилиндарот за повеќе опции и контрола при фокусирањето.

Слика од Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II

Намалениот отсјај го подобрува квалитетот на сликата

Слојот T* (T-ѕвездичка) од ZEISS® овозможува уште поголемо намалување на отсјајот, со што го подобрува веќе извонредниот квалитет на сликата.

Слика од Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II

Прекрасно дефокусирање на заднината

Кружната решетка со 9 ливчиња, заедно со максималната решетка F2,8 на овој објектив, создаваат прекрасни и рамномерни дефокусирани заднини со природни светли тонови кога и да посакате. Рамномерното дефокусирање на заднината може да ги нагласи фокусираните површини во слики со речиси тридимензионална длабочина.

Можност за снимање одблиску

Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II може да фокусира на растојание од 34 сантиметри со сооднос на зголемување од 0,25 со кој може да снимате мали објекти и детали со одличен квалитет.

Слика од Vario-Sonnar T* 24-70 мм F2,8 ZA SSM II

Отпорност на прав и влага

Некои од највозбудливите слики се снимени во опкружувања со лоши услови. Дизајнот кој е отпорен на прав и влага му овозможува на објективот да продолжи да работи сигурно во услови со умерена влага или прав, за да можете сигурно да фотографирате без разлика каде се наоѓаат одличните снимки.