4K Ultra HD Blu-ray™-плеер | UBP-X700 со звук со висока резолуција
4K Ultra HD Blu-ray™-плеер | UBP-X700 со звук со висока резолуција
Седнете на најдоброто место во куќата со овој 4K Ultra HD Blu-ray™-плеер. Напреден опкружувачки звук, 4K-детали и живописни слики со висок динамички опсег што создаваат визуелно доживување какво што досега не било возможно, за потполно да се препуштите на уживањето.
Уживајте во филмови со четирипати поголема резолуција од стандардниот Blu-ray™ (Full HD), со новите 4K Ultra HD Blu-ray™-дискови и услуги за проследување во 4K.
Сигналите HDR10 нудат светлина што е до 100x поголема од стандардниот (SDR) сигнал, при што масивно ја зголемуваат максималната светлина и ги задржуваат длабоките и детални црни тонови за да добиете потполно ново доживување при гледањето.
Внесете реалистичност во сцените со прекрасни светли тонови, подлабоки црни тонови и живописни бои. Dolby Vision™ е решение за HDR што создава прекрасно доживување како во кино во вашиот дом.
Поддршката за новиот простор на бои BT.2020 нуди многу поширока палета на бои од стандардните ТВ сигнали. Извонредно широкиот простор на бои им овозможува на креаторите на содржини да создадат позаситени и пореални бои, од длабоки сини тонови до природни зелени и живописни црвени тонови.
UBP-X700 се одликува со напредно зголемување на резолуцијата до 4K за сите содржини што ги гледате. Сите предмети се изоструваат и подобруваат во реално време за да уживате во детални слики - совршено за најновите телевизори со висока резолуција.
Гледајте филмови во 4K HDR дури и на телевизори што не поддржуваат HDR и уживајте во дополнителни сенки и осветлени детали. Нашата конверзија од HDR во SDR на интелигентен начин го прилагодува извонредно широкиот опсег на светлина во SDR-слика, задржувајќи го неверојатниот квалитет на слика дури и кај SDR-телевизорите.
1: Општ SDR-конвертор | 2: SDR-конвертор на Sony
UBP-X700 репродуцира многу повеќе од 4K Ultra HD Blu-ray™-дискови. Гледајте, слушајте и проследувајте речиси сè што ќе посакате, вклучувајќи ги повеќето видеоснимки и аудио формати со висока резолуција и многубројни популарни услуги за проследување.
Репродуцирајте ги сите ваши збирки од CD, DVD и Blu-ray™ на практичен начин со еден универзален плеер.
UBP-X700 поддржува широк избор на музички формати, од AAC и PCM до DSD 11,2 MHz.
Репродуцирајте филмови преку USB или преку вашата домашна мрежа. UBP-X700 ги поддржува најпопуларните видови на видеодатотеки за да можете да ги гледате вашите омилени филмови и домашни видеоснимки.
3,2x повеќе пренесени податоци
Исто како и конверзијата на HD видеоснимки во 4K, така и песните со звук со висока резолуција имаат далеку подобар квалитет отколку MP3 песните, па дури и CD дисковите, овозможувајќи ви да го слушнете секој здив, секој ритам, секоја нота.
Поврзете ја вашата AV-опрема со UBP-X700 со приклучоци за етернет, HDMI и коаксијален SPDIF.
1: етернет | 2: HDMI | 3: коаксијален
Подобрете ја вашата забава. Впарете го UBP-X700 со вашиот звучник во вид на лента за да добиете прекрасно доживување со опкружувачки звук.
Со интуитивно мени и интерфејс, апликациите и функциите се организирани на едноставен и интелигентен начин за да можете секогаш да го пронајдете тоа што го барате.