4K Ultra HD Blu-ray™-плеер | UBP-X500 со звук со висока резолуција
4K Ultra HD Blu-ray™-плеер | UBP-X500 со звук со висока резолуција
Седнете на најдоброто место во куќата со овој 4K Ultra HD Blu-ray™-плеер. Напреден опкружувачки звук, 4K-детали и живописни слики со висок динамички опсег што создаваат визуелно доживување какво што досега не било возможно, за потполно да се препуштите на уживањето.
Уживајте во филмови со четирипати поголема резолуција од стандардниот Blu-ray™ (Full HD), со новите 4K Ultra HD Blu-ray™-дискови.
Сигналот HDR10 со компатибилен екран нуди светлина до 100x поголема од стандардниот (SDR) сигнал, масивно ја зголемува максималната светлина и ги задржува длабоките и детални црни тонови за потполно ново доживување при гледањето.
Поддршката за новиот простор на бои BT.2020 нуди многу поширока палета на бои од стандардните ТВ сигнали. Извонредно широкиот простор на бои им овозможува на креаторите на содржини да создадат позаситени и пореални бои, од длабоки сини тонови до природни зелени и живописни црвени тонови.
UBP-X500 се одликува со напредно зголемување на резолуцијата до 4K за сите содржини што ги гледате. Сите предмети се изоструваат и подобруваат во реално време за да уживате во детални слики - совршено за најновите телевизори со висока резолуција.
Гледајте филмови во 4K HDR дури и на телевизори што не поддржуваат HDR и уживајте во дополнителни сенки и осветлени детали. Нашата конверзија од HDR во SDR на интелигентен начин го прилагодува извонредно широкиот опсег на светлина во SDR-слика, задржувајќи го неверојатниот квалитет на слика дури и кај SDR-телевизорите.
1: Општ SDR-конвертор | 2: SDR-конвертор на Sony
UBP-X500 може да репродуцира многу повеќе од 4K Ultra HD Blu-ray™-дискови. Гледајте и слушајте речиси сè што ќе посакате, вклучувајќи ги повеќето видеоснимки и аудио формати со висока резолуција.
3,2x повеќе пренесени податоци
Исто како и конверзијата на HD-видеоснимки во 4K, така и песните со звук со висока резолуција имаат далеку подобар квалитет отколку MP3-песните, па дури и CD-дисковите, овозможувајќи ви да го слушнете секој здив, секој ритам и секоја нота.
Репродуцирајте ги сите ваши збирки од CD, SACD, DVD и Blu-ray™ на практичен начин со еден универзален плеер.
UBP-X500 поддржува широк избор на музички формати, од AAC и PCM до DSD.
Репродуцирајте филмови преку USB. UBP-X500 ги поддржува најпопуларните видови на видеодатотеки за да можете да ги гледате вашите омилени филмови и домашни видеоснимки.
Подобрете ја вашата забава. Впарете го UBP-X500 со вашиот звучник во вид на лента за да добиете прекрасно доживување со опкружувачки звук.