Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д мм)
430 x 133 x 297 мм
Тежина (кг)
7,4 кг

Општи карактеристики

Автоматски режим на подготвеност
Да
GUI (графички кориснички интерфејс)
Да
Енергетски потреби
AC 230 V 50 / 60 Hz

Засилувач

Број на канали на засилувач
7
Број на канали што може да се декодираат
5.1.2-кан.
Излезна моќност
145 W (6 оми, 1 kHz, 1-кан. THD 0,9 %)
Звучно поле
2-кан. стерео, директен звук, повеќеканално стерео, Dolby Surround, Neural: X, преден опкружувачки звук, подобрување на звукот, 2-кан. слушалки
Импеданса на звучник
6 - 16 оми

Функции за звук

Формат на декодирање за HDMI
DSD, Dolby Atmos®, Dolby® Digital, Dolby® Dual Mono, DTS: X™, DTS-HD Master Audio™, DTS HD High Resolution Audio, DTS®, DTS-ES (Matrix6.1 / Discrete6.1), DTS 96 / 24
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЗВУКОТ ОД ТЕЛЕВИЗОРОТ
Да

Аудио функции

Функции за калибрација
Напреден D.C.A.C., автоматско усогласување на фаза, микрофон за калибрација (моно)

Видео карактеристики

HDMI® проследување
Да (компатибилност со HDR10, HLG, Dolby Vision™)
Поддршка за 4K 60p 4:4:4
Да
3D преку HDMI®
Да
A/V SYNC
Да (променливо)
Повратен аудио канал
Да(eARC / ARC)
BRAVIA Sync (CEC контрола)
Да
HDMI® проследување
Да

Поврзување во мрежа

Мрежни функции
Приемник со Bluetooth®

Функции на приемникот

FM/AM
Да / Не
Мемориран канал (FM/AM)
TTL30 (30 / -)
RDS
Да

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Оптички аудио влез (1), коаксијален аудио влез (1), аналоген аудио влез (4), излез за предзасилувач за сабвуфер (2), излез за слушалки (1), USB (само за напојување)
Излезни приклучоци за звук
Преден A, централен, опкружувачки звук, заден за опкружувачки звук, висина (стандарден со заден за опкружувачки звук), преден B (стандарден со заден за опкружувачки звук), Bi-AMP (стандарден со заден за опкружувачки звук)

Функции

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Задлабочете се во случувањата со Dolby Atmos

Dolby Atmos нуди неверојатна реалистичност со опкружувачки звук од 360º како резултат на прецизно позиционирање на звукот од секој агол во вашето опкружување - дури и од горната страна. На тој начин се добива богат звук што потполно во обвиткува.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Реалистичен звук со DTS:X, без разлика каков систем имате

Декодирањето со DTS:X создава повеќедимензионален опкружувачки звук што се адаптира кон вашите звучници во реално време. Звукот може да се позиционира прецизно околу вас и над вас благодарение на декодирањето на звук основано врз предмети.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Прекрасен 5.1.2-кан. звук од секој агол 

Влезете во центарот на случувањата со извонредниот 5.1.2-канален систем за опкружувачки звук што нуди реалистичен звук од секој агол - дури и од горе.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

7.1-кан. звук како во кино што е оптимизиран за просторот

Добијте реално доживување како во кино со 7.1-каналниот систем за опкружувачки звук. Идеален начин за елиминирање на пропустите во вашиот звучен простор - дури и во поголеми простории.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Сеопфатен виртуелен опкружувачки звук со S-Force PRO 

S-Force PRO Front Surround е идеален за помали простории и создава акустично поле со виртуелен опкружувачки звук преку само два звучници. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Извонреден звук со напредниот D.C.A.C

Ако користите различни конфигурации на звучници, нашата технологија за беспрекорна автоматска калибрација ќе се погрижи сите звучници да го репродуцираат истиот висококвалитетен звук. Автоматското усогласување на фаза ги порамнува карактеристиките на фазите на вашите звучници со предните канали за лев и десен звучник, со цел сите канали да работат совршено во создавањето поефикасен опкружувачки звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Појасна слика со висок динамички опсег

Со поддршката за проследување сигнали со висок динамички опсег (HDR) може да уживате во неверојатното подобрување на светлината и контрастот, а дополнителните сенки и осветлените делови уште повеќе ги подобруваат деталите на сликата и внесуваат реалистичност во боите. Најновите стандарди за HDR, како HDR10, HLG (Hybrid Log-Gamma) и Dolby Vision™, се поддржани. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Неверојатен и доследен 4K-квалитет 

Задржете го 4K-квалитетот од изворот до екранот - функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување податоци низ приемникот без намалување на квалитетот на сликата и е компатибилна со HDCP 2.2.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Попаметно поврзување преку Bluetooth®

Освен што може да се поврзете со STR-DH790 преку Bluetooth® и да ги репродуцирате сите омилени песни, достапен е и режим на подготвеност со Bluetooth® што може да го вклучи вашиот приемник директно преку впарениот паметен телефон или таблет-уред.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Рамномерна контрола 

Елегантната и дискретна контролна плоча беспрекорно се вклопува во секаков ентериер. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Поврзете се  

Едноставно поврзете се и притиснете на копчето за репродукција. Поврзувањето на вашиот UHD Blu-ray Disc™-плеер, телевизор и конзоли за игри е едноставно преку четирите HDMI-влезови и едниот излез и оптичките/коаксијалните дигитални и аналогни приклучоци за звук.  

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Едноставен и тенок дизајн 

Приемникот со цврст дизајн што заштедува простор може лесно да се усогласи со вашиот мултимедиумски уред. Освен тоа, цврстото куќиште ги намалува вибрациите за да ја задржи прецизноста на сигналот. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Три моќни процесори за дигитални сигнали  

Трите моќни процесори за дигитални сигнали ги поддржуваат најновите формати за звук како Dolby Atmos/DTS:X за да обезбедат најпрецизно декодирање на сигнали.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Моќен засилувач за минимално изобличување

Моќниот засилувач користи електронска плоча со епоксидно стакло за намалени вибрации и изобличување, при што се добива стабилна и голема моќ од секој дискретен засилувач.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Изработен за прецизност 

Зајакната конструкција на куќиштето го намалува звучниот притисок на надворешниот звучник за понасочен и помоќен звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Трансформатор за напојување со голем капацитет што нуди исклучителна острина 

Потрагата за најквалитетниот звук почнува со моќен трансформатор.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Електронските кола се заштитени со метална конструкција 

Металната конструкција и држачот на ладилникот ги заштитуваат електронските плочи од звучен притисок и радијација, за да се добие посилен и појасен звук. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Професионално дизајниран за да спречи прегревање 

Специјално дизајнираните ребра на ладилникот нудат максимален доток на воздух, што овозможува ладење и заштита на електронското коло на засилувачот од несаканиот звучен притисок.

Едноставна контрола со графички кориснички интерфејс

Поставките на вашиот приемник се прилагодуваат лесно, благодарение на интуитивното почетно мени. Контролирајте што гледате, препознавајте кои уреди се поврзани и избирајте го начинот на кој слушате со однапред поставените режими за звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Така како што замислиле изведувачите  

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

DSD-декодирање   

Создаден за звукот со висока резолуција од страна на Sony и Philips, компаниите што го создадоа оригиналниот CD-формат, DSD (Direct Stream Digital) нуди револуционерен начин на снимање и репродуцирање на звукот. Неговата фреквенција за семплирање е 64x поголема од таа кај CD-дисковите.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

Вашето омилено радио со FM-приемник   

STR-DH790 располага со FM-приемник со 30 мемории за дигитални радио станици, автоматско бирање и директно бирање. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790

HDMI eARC-кабел

Со HDMI eARC ќе уживате во најновите формати за опкружувачки звук со висока бит-стапка како Dolby Atmos® и DTS:X®, преку вашиот компатибилен телевизор.