Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790
Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790
Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH790
Звук со Dolby Atmos® и DTS:X™ како од кино во домот     

Надградете го вашиот систем за домашна забава со квалитет како во кино, со 7.2-кан. AV-приемник STR-DH790. Уживајте во истиот врвен опкружувачки звук како од кината во вашиот дом со поддршката за Dolby Atmos и DTS:X. Добијте и извонреден квалитет на слика при проследување содржини во 4K HDR.

Лого ознаки за Dolby Atmos/DTS:X
Dolby Atmos/DTS:X 

За неверојатен опкружувачки звук како во најновите кина.  

Лого за висок динамички опсег 4K
Проследување на 4K со висок динамички опсег

Уживајте во врвен квалитет на сликата со поголем контраст, бои и светлина.

Лого за напреден D.C.A.C
Напреден D.C.A.C

Беспрекорната автоматска калибрација ги оптимизира и подредува вашите звучници за да добиете оптимален систем. 

Следниот чекор во опкружувачкиот звук

Со поддршката за Dolby Atmos и DTS:X ќе добиете опкружувачки звук како во кината. Богат, реалистичен и сеопфатен. 

Лого за Dolby Atmos
Задлабочете се во случувањата со Dolby Atmos

Dolby Atmos нуди неверојатна реалистичност со опкружувачки звук од 360º како резултат на прецизно позиционирање на звукот од секој агол во вашето опкружување - дури и од горната страна. На тој начин се добива богат звук што потполно ќе ве обвитка.

Лого за DTS:X
Реалистичен звук со DTS:X, без разлика каков систем имате

Декодирањето со DTS:X создава повеќедимензионален опкружувачки звук што се адаптира кон вашите звучници во реално време. Звукот може да се позиционира прецизно околу вас и над вас благодарение на декодирањето на звук основано врз предмети.

Флексибилен систем што одговара во секој дом 

Независно од видот на просторијата или системот што го користите, флексибилниот STR-DH790 со вашите звучници ќе создадат сеопфатен и неверојатен звук.

Извонреден звук со напредниот D.C.A.C

При различни конфигурации на звучници, беспрекорната автоматска калибрација ќе се погрижи сите звучници да го репродуцираат истиот висококвалитетен звук. Автоматското усогласување на фаза ги порамнува карактеристиките на фазите на вашите звучници со предните канали за лев и десен звучник, со цел сите да работат совршено во создавањето поефикасен опкружувачки звук.

Појасна слика со висок динамички опсег

Со поддршката за проследување сигнали со висок динамички опсег (HDR) може да уживате во неверојатното подобрување на светлината и контрастот, а дополнителните сенки и осветлените делови уште повеќе ги подобруваат деталите на сликата и внесуваат реалистичност во боите. Најновите стандарди за HDR, како HDR10, HLG (Hybrid Log-Gamma) и Dolby Vision™, се поддржани. 

Моќен контраст со висок динамички опсег
HDR
Квалитет на слика без висок динамички опсег
SDR
Слика со неверојатен 4K-квалитет
Неверојатен и доследен 4K-квалитет 

Задржете го 4K-квалитетот од изворот до екранот. Функцијата за проследување во 4K му овозможува на сигналот да помине низ приемникот без намалување на квалитетот на сликата и е компатибилна со HDCP 2.2.

Попаметно поврзување преку Bluetooth® 

Освен што може да се поврзете со STR-DH790 преку Bluetooth® и да ги проследувате сите омилени песни, достапен е и режим на подготвеност со Bluetooth® што може да го вклучи вашиот приемник директно преку впарениот паметен телефон или таблет-уред.

Паметно поврзување преку Bluetooth®
Совршено надополнување за вашата домашна забава  

STR-DH790 е дизајниран да се вклопи беспрекорно во вашиот систем за домашна забава. Се одликува со потенок профил и повеќе излези и влезови - само приклучете го и уживајте во квалитет како од кино на вашиот кревет.

Спецификации и функции

Надградете го вашиот систем за домашна забава со квалитет како во кино, со 7.2-кан. AV-приемник STR-DH790. Уживајте во истиот врвен опкружувачки звук како од кината во вашиот дом со поддршката за Dolby Atmos и DTS:X. Со eARC ќе уживате во најновите формати за звук преку еден HDMI-кабел и компатибилен телевизор. Добијте и извонреден квалитет на слика при проследување содржини во 4K HDR.
  • Квалитетен опкружувачки звук со поддршка за Dolby Atmos и DTS:X

  • Поврзување преку 4 влезни/1 излезен HDMI-приклучок со проследување содржини во 4K/60p (4:4:4), поддршка за HDCP 2.2 и поддршка за HDR

  • Едноставно поврзување преку Bluetooth®

  • Дизајн што заштедува простор за да се вклопи во уреди за медиуми

  • Компатибилност со звук со висока резолуција

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина