Засилувач

Број на канали на засилувач
5
Број на канали што може да се декодираат
5.1 канали
Излезна моќност
145 W (6 оми, 1 kHz, 1-кан. THD 0,9%)
Импеданса на звучник
6 - 16 оми
Звучно поле
2-кан. стерео, директен звук, повеќеканално стерео, HD-D.C.S., сала (голема сала), филм PLII, преден опкружувачки звук, џез-клуб, концерт во живо (хаус музика во живо), стадион, спорт, подобрување на звукот, музика PLII, 2-кан. слушалки

Видео карактеристики

HDMI® проследување
Да (компатибилност со HDR10, HLG, Dolby Vision™)
Повратен аудио канал
Да
HDMI® проследување
Да
3D преку HDMI®
Да
Поддршка за 4K 60p 4:4:4
Да
A/V SYNC
Да (фиксно)
BRAVIA Sync (CEC контрола)
Да

Функции за звук

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЗВУКОТ ОД ТЕЛЕВИЗОРОТ
Да

Автоматска калибрација на звучници

Функции за калибрација
D.C.A.C., микрофон со калибрација (моно)

Функции на приемникот

FM/AM
Да / Не
Мемориран канал (FM/AM)
TTL30 (30 / - )
RDS
Да

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Оптички аудио влез (1), коаксијален аудио влез (1), аналоген аудио влез (4), излез за предзасилувач за сабвуфер (2), излез за слушалки (1), USB (само за напојување)
Излезни приклучоци за звук
Преден, централен, опкружувачки

Формат на декодирање за HDMI

Формат на декодирање за HDMI
DSD, Dolby® Digital, Dolby® Dual Mono, DTS-HD Master Audio™, DTS-HD High Resolution Audio, DTS®, DTS 96 / 24

Поврзување во мрежа

Мрежни карактеристики
Приемник со Bluetooth®

Општи карактеристики

Автоматски режим на подготвеност
Да
GUI (графички кориснички интерфејс)
Да
Енергетски потреби
AC 230 V 50 / 60 Hz

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д мм)
430 x 133 x 297 мм
Тежина (кг)
7,1 кг

Функции

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Јасен приказ со висок динамички опсег

Со поддршката за проследување сигнали со висок динамички опсег (HDR) може да уживате во неверојатното подобрување на светлината и контрастот на сликата, а дополнителните сенки и осветлените делови уште повеќе ги подобруваат деталите на сликата и внесуваат реалистичност во боите. Најновите стандарди за HDR, како HDR10, HLG (Hybrid Log-Gamma) и Dolby Vision™, се поддржани.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Уживајте во доследен 4K квалитет

Задржете го 4K-квалитетот од изворот до екранот - функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување податоци низ приемникот без намалување на квалитетот на сликата и е компатибилна со HDCP 2.2.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

5.1-кан. опкружувачки звук како во кино

Уживајте во филмската акција со 5.1-канален систем за опкружувачки звук што ќе го претвори вашиот дом во кино.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Виртуелен опкружувачки звук со S-Force PRO Front Surround

S-Force PRO Front Surround е идеален за помали простории и создава акустично поле со виртуелен опкружувачки звук преку само два звучници. 

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Оптимизирајте ја домашната забава со Digital Cinema Auto Calibration

Digital Cinema Auto Calibration (DCAC) автоматски го оптимизира звукот во зависност од местото на кое седите во однос на звучниците, за да извлечете максимум од вашиот систем за домашно кино.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Попаметно поврзување преку Bluetooth®

Освен што може да се поврзете со STR-DH590 преку Bluetooth® и да ги репродуцирате сите омилени песни, достапен е и режим на подготвеност со Bluetooth® што може да го вклучи вашиот приемник директно преку впарениот паметен телефон или таблет-уред.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Елегантен дизајн, одлична врска и чист звук

Минималната опција опфаќа копче Pure Direct што носи звук директно во засилувачот на приемникот, задржувајќи го квалитетот на звукот и острината. 

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Поврзете ја целата опрема

Систем за динамична домашна забава. Има четири HDMI-влезови и еден излез, како и оптички/коаксијални дигитални и аналогни аудио приклучоци за да можете на побрз и полесен начин да го поврзете вашиот телевизор, UHD Blu-ray Disc™-плеер, конзола за игри и многу повеќе. 

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Создаден да одговара совршено на вашата домашна забава

Добијте свет на домашно кино уредно спакуван во мало куќиште. STR-DH590 има компактен профил за лесно складирање во уред за медиуми. Приклучете ги вашите уреди на едноставен начин за да добиете максимална забава. 

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Моќен засилувач за минимално изобличување

Моќниот засилувач користи електронска плоча со епоксидно стакло за намалување на вибрациите и изобличувањето, при што се добива јасна и голема моќ од дискретните засилувачи.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Изработен за прецизност 

Зајакната конструкција на куќиштето го намалува звучниот притисок на надворешниот звучник за понасочен и помоќен звук.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Трансформатор за напојување со голем капацитет што нуди исклучителна острина 

Потрагата за најквалитетниот звук почнува со моќен трансформатор.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Металната конструкција ги заштитува електронските плочи 

Металната конструкција и држачот на ладилникот ги заштитуваат електронските плочи од звучен притисок и радијација, за да се добие поголема цврстина и појасен звук. 

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Професионално дизајниран за да спречи прегревање 

Ладилникот е специјално дизајниран за максимален влез на воздух што го лади електронското коло на засилувачот за да се намали изобличувањето и да се зголеми сигурноста. 

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

DSD-декодирање

Создаден за звукот со висока резолуција од страна на Sony и Philips, компаниите кои го создадоа оригиналниот CD формат, DSD (Direct Stream Digital) нуди револуционерен начин на снимање и репродуцирање на звукот. Неговата фреквенција на семплирање е 64 пати поголема од фреквенцијата на CD-дисковите.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Слика од 5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590

FM-приемник со мемории за станици

FM-приемник со меморија за 30 дигитални станици. Достапни се имиња на станици, автоматско и директно пребарување.