5.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DH590
Уживајте во поголема и појасна слика откако ќе го надградите вашиот систем за домашно кино со STR-DH590. 5.2-кан. AV-приемник внесува реалистичност во филмовите со проследувањето во 4K HDR, Dolby Vision™ и флексибилниот опкружувачки звук. Обединете ги сите ваши уреди за забава преку технологијата BLUETOOTH® и многубројните влезови.
Со поддршката за проследување сигнали со висок динамички опсег (HDR) може да уживате во неверојатното подобрување на светлината и контрастот на сликата, а дополнителните сенки и осветлените делови уште повеќе ги подобруваат деталите на сликата и внесуваат реалистичност во боите. Најновите стандарди за HDR, како HDR10, HLG (Hybrid Log-Gamma) и Dolby Vision™, се поддржани.
Задржете го 4K-квалитетот од изворот до екранот - функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување податоци низ приемникот без намалување на квалитетот на сликата и е компатибилна со HDCP 2.2.
Освен што може да се поврзете со STR-DH590 преку Bluetooth® и да ги репродуцирате сите омилени песни, достапен е и режим на подготвеност со Bluetooth® што може да го вклучи вашиот приемник директно преку впарениот паметен телефон или таблет-уред.