Слика од Blu-ray систем за домашно кино со Bluetooth®
Слика од Blu-ray систем за домашно кино со Bluetooth®
BDV-NF7220
Домашно кино во комбинација со звук со висока резолуција

Вашата дневна соба ќе се претвори во кино: уживајте во 5.1 опкружувачки звук и неверојатен звук со висока резолуција преку звучниците Magnetic Fluid. Проследувајте преку вградениот Wi-Fi® и пресликувајте го вашиот телефон компатибилен со Miracast на вашиот телевизор.

Како функционира звукот со висока резолуција

Претворувајќи го аналогниот звук во дигитален, со повисока стапка отколку стандардната конверзија, звукот со висока резолуција ви открива детали кои никогаш досега не биле слушнати во музиката и дијалозите.

Magnetic Fluid звучници
Magnetic Fluid звучници
Ништо друго, освен моќен звук

Тенките сателитски звучници имаат Magnetic Fluid технологија - компактните звучници без придушувач нудат моќен звук со минимален шум. Дигиталниот засилувач S-Master HX ги намалува изобличувањата кај сите фреквенции, за да го слушнете секој шепот и секоја експлозија со јасни детали.

Вашиот паметен телефон на голем екран

Само допрете го вашиот паметен телефон или таблет уред што поддржува NFC наспроти вашиот систем за домашно кино за да ги пресликате видео снимките, фотографиите и другите содржини на вашиот телевизор.

NFC
Wi-Fi®
Лесен пристап до интернет со вградениот Wi-Fi®

Проследувајте забавни содржини од интернет или од домашната безжична мрежа преку вградениот Wi-Fi®, а потоа поврзете се со вашите уреди со DLNA сертификат. Bluetooth® овозможува едноставно безжично поврзување, за да можете да уживате во вашите филмови и музика без мака.

Најдобрата слика за вашите филмови

Вклучениот 3D Blu-ray Disc™ плеер ќе ви понуди најголем квалитет на слика за вашите филмови. Гледајте ја вашата DVD колекција со квалитетот на слика кој е подобрен речиси до HD или, пак, уживајте во Blu-ray и 3D Blu-ray филмови со прекрасна Full HD и 3D слика.

Full HD 3D
Најдоброто од интернетот на вашиот телевизор

Поврзете се на интернет и дознајте што ви нудиме. Уживајте во директен пристап до најнови филмови, музика, интернет телевизија и многу повеќе. Прелистувајте низ големиот избор на онлајн канали или слушајте ги вашите омилени песни.

Спецификации

  • Дигитален засилувач S-Master HX за компатибилност со звук со висока резолуција

  • Опкружувачки звук како во кино со моќен 2.1-кан. систем на звучници со S-Master HX

  • Уживајте во атмосферата од стадионот во живо со режимот за фудбал

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • Гледајте филмови во 3D Full HD квалитет на слика со Blu-ray™ Disc плеер

Систем на звучници
2-насочен
Фреквентен појас (FM / AM)
FM
Однапред избрани станици (FM / AM)
20 (FM)
Вид на форма
2.1
Влезни и излезни приклучоци
HDMI® влез/излез (2/1), USB влез (1), USB тастатура, Аналоген аудио влез: Пински приклучок (1), Оптички аудио влез (1), Приклучок за етернет (1)
Blu-ray Disc™
ДА
Blu-ray 3D™
ДА
DVD
ДА

Што има во пакетот

Безжичен засилувач, FM антена (заоблена / тип T), Batteries, Гарантен лист, Водич за брзо поставување

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина