Прескокни до содржина
Слика од Blu-ray систем за домашно кино со Bluetooth®
Слика од Blu-ray систем за домашно кино со Bluetooth®

Подобрете го доживувањето при гледање филмови

Уживајте во динамичен опкружувачки звук при експлозивните филмски ефекти, громогласните навивачи на натпреварите или највисоките вокали од вашите омилени песни. Благодарение на пристапот со еден допир до песните во вашиот паметен телефон со NFC и Bluetooth®, можете да започнете да слушате музика веднаш штом влезете во просторијата.

Не слушајте, туку почувствувајте

Без разлика дали гледате нов филм или го слушате омилениот албум, уживајте во звук со вистинска моќ. Со четири високи звучници и сабвуфер, ќе уживате во прецизен и моќен опкружувачки звук кој ќе ве внесе во центарот на случувањата.

Слушање со еден допир

Споделувајте музика од вашиот паметен телефон или таблет уред кој поддржува NFC и Bluetooth® со еден допир на вашиот систем за домашно кино. Или, пак, проследувајте музика од компјутер, iPhone, iPad или iPod* преку Bluetooth®. Без разлика што репродуцирате, технологијата за подобрување на дигиталната музика ќе го исчисти звукот.

Безжично споделување филмови и слики.

Благодарение на вградениот Wi-Fi®, ќе можете лесно да поврзeте Smartphone уред, лаптоп, таблет уред или да се поврзете директно на интернет – без потреба од кабли кои создаваат неред. Проследувајте секаков вид на забава, почнувајќи од вашите фотографии и листи за репродукција па сè до филмови на интернет, интернет телевизија и видео записи на YouTube™.

Откријте свет на интернет забава

Дали изгледавте сè од вашата филмска збирка? Единственото ограничување во Sony Entertainment Network е вашата имагинација – проследувајте HD филмови, милиони песни кои може да ги репродуцирате низ вашиот дом, омилени ТВ канали, а ќе добиете и интернет пребарувач и апликации за време, новости, игри и многу повеќе.

Одличен изглед со беспрекорен стил

Нашите најнови системи за домашно кино го презентираат нашиот нов дизајн Sense of Quartz, кој е инспириран од рабови од сечено стакло и блескави ефекти на кристалите. Од звучници до далечински управувачи, секој елемент внесува чувство на префинет и дискретен стил во просторот каде што живеете.

Уживајте во филмови со вистинска моќ

Добијте квалитет на слика кој навистина ќе ве внесе во случувањата. Гледајте 2D и 3D Blu-ray Disc™ или DVD содржини во Full HD со природни бои и остри детали. Дури и видео записите од интернет ќе изгледаат подобро отколку на вашиот компјутер, благодарение на интелигентните подобрувања на сликата.

Спецификации и функции
Систем на звучници
2-системски
Фреквентен појас (FM / AM)
FM
Однапред избрани станици (FM / AM)
20 (FM)
Излезна моќност
1000W
Вид на форма
5.1
Влезни и излезни приклучоци
HDMI ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ (0/1), USB ВЛЕЗ (1 преден), USB тастатура, АНАЛОГЕН АУДИО ВЛЕЗ: ПИНСКИ ПРИКЛУЧОК (1), ОПТИЧКИ АУДИО ВЛЕЗ (1), ПРИКЛУЧОК ЗА ЕТЕРНЕТ (1)
Blu-ray Disc™
ДА
Blu-ray 3D™
ДА
DVD
ДА

Што има во пакетот

Упатство за употреба, Далечински управувач:, FM антена (заоблена / тип T), Batteries, Водич за брзо поставување, *Производите може да се разликуваат во зависност од земјата и моделот

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина