Повеќенаменски објектив за целосна слика со зум 28-70 мм за компактни куќишта α™

Овој мал и лесен објектив за целосна слика со зум покрива опсег од 28-70 мм со минимална промена во должината на објективот. ED-елементот и трите асферични елементи ја намалуваат аберацијата, а кружната решетка го подобрува ефектот на дефокусирање. Оптичката стабилизација на слика го минимизира заматувањето кога фотографирате при слаба светлина и со телефото опсег, а вградениот активен режим овозможува уште подобра стабилизација. Отпорноста на прав и влага нуди сигурност.

Галерија со фотографии од FE 28-70 мм F3,5-5,6 OSS II
Слика од маж кој оди брзо, а притоа држи фотоапарат во едната рака, за да се нагласи дека фотоапаратот е компактен и лесен.
Објектив за целосна слика со зум од 28-70 мм и високи перформанси

Овој објектив за целосна слика со зум и високи перформанси покрива опсег од 28-70 мм, кој главно е прв избор за пејзажи, портрети, секојдневни слики и многу повеќе. И покрај идеалниот дострел и врвните оптички перформанси, неговиот најголем дијаметар е 72,5 мм, а вкупната должина му е 83 мм. Со тежина од само 293 г (10,4 oz.), овој извонреден објектив е компактен и пренослив избор за секојдневно фотографирање.

Фотографија од малку повисока гледна точка, на која е прикажана огромна шума, каде што се гледа деталната острина на дрвата и се истакнува импресивната моќ за приказ на објективот SEL28702.
Подобрена оптика за реалистичен приказ

Комбинацијата од три асферични елементи и еден елемент од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) нуди одлични оптички перформанси низ целиот опсег на зумот. Јасниот и реалистичен приказ се постигнува без разлевање на боите. Кружната решетка со 7 сечила придонесува за привлечен и природен ефект на дефокусирање.

Фотографија снимена со брзина од 30 слики во секунда, на која е замрзнат моментот на скокање од една на друга цевка за вежбање.
Извлечете го најдоброто од најновите куќишта од серијата α

Брзина на AF/AE со следење, која е соодветна за функцијата за континуирано секвенцијално фотографирање со брзина до 120 fps на α9 III, прецизно следење и фокусирање дури и при зумирањето, и други функции за максимално искористување на напредните можности на најновите куќишта од серијата α. Благодарение на ефикасниот дизајн за отпорност на прав и влага, овој објектив нема да ве разочара во лоши услови.

Фотографија од жена која држи фотоапарат опремен со микрофон и снима видео.
Одличен избор и за видеоснимки и за фотографии

Оптичка стабилизација на слика која користи напредни алгоритми за да постигне одлична стабилизација за рачно фотографирање. Стабилизацијата на објективот работи заедно со стабилизацијата на куќиштето и активниот режим на Sony, за да добиете сигурна стабилизација за видеоснимките. Поддржана е и функцијата за компензирање на промените во фокусната должина, достапна кај куќиштата од серијата α, која значително ги намалува непријатните промени во аголот на гледање и овозможува рамномерно менување на фокусната должина.

Цртеж на кој е прикажана конфигурацијата на леќите на SEL28702, со три асферични леќи и едно ED-стакло.
Конфигурација на објективи 

Импресивни оптички перформанси за фотоапарати од Sony со прецизен дизајн за разновидност и сигурност со широка примена.

[1] Асферична леќа  [2] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)

Цртеж на кој е прикажана табелата за MTF за SEL28702.
MTF табела

MTF (функција за пренос на модулација) објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.

[1] Контраст (%)  [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм)  [3] При 28 мм / макс. решетка  [4] При 28 мм / решетка F8  [5] При 70 мм / макс. решетка  [6] При 70 мм / решетка F8
[7] Просторна фреквенција  [8] 10 пара линии / мм  [9] 30 пара линии / мм  [10] Радијални вредности  [11] Тангентни вредности

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Предности на објективите од Sony при снимање видео

Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.

Контроли на објективот

[1] Прстен за фокусирање  [2] Прстен за зумирање

Компатибилност со FE 28-70 мм F3,5-5,6 OSS II

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

Спецификации и функции

  • Компактен и лесен објектив со зум од 28-70 мм за лесно фотографирање во многу различни ситуации.

  • ED-елементот и трите асферични елементи ја максимизираат острината, а кружната решетка го подобрува ефектот на дефокусирање.

  • Тој ги поддржува функциите на куќиштата, како што се брзото секвенцијално фотографирање и следењето при зумирањето. Отпорност на прав/влага.

  • Ефикасна оптичка стабилизација на слика со напредни алгоритми. Вградена поддршка за активен режим.

  • Функцијата за компензација на промените во фокусната должина на серијата α ги минимизира промените во фокусната должина за да создаде јасни и подобри видеоснимки.

Минимално фокусно растојание
0,3-0,45 м (0,99-1,48 ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0.19
Пречник на филтерот (мм)
55
Тежина
293 г (10,4 oz.)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина