Подобрете го доживувањето при гледањето со нашите 4K HDR телевизори и уживајте во четири пати повеќе детали од Full HD. Продолжете да читате за да дознаете повеќе за 4K и како да купите 4K HDR телевизори.
Висок динамички опсег 4K
За да обезбеди врвен квалитет на сликата, овој телевизор ја спојува неверојатната 4K острина со светлината, боите и деталите на високиот динамички опсег (HDR). Површините со темни сенки и сончева светлина сега се јасни и полни со детали.
4K телевизорите од Sony ги подобруваат сите содржини. Филмови, емисии, фотографии и содржини од телефонот - сè се подобрува до 4K квалитет со технологиите 4K X-Reality™ PRO, X-tended Dynamic Range™ PRO и TRILUMINOS™ екран. Идните промени на форматот 4K нема да претставуваат проблем бидејќи нашите UltraHD телевизори поддржуваат HEVC.
Модели компатибилни со 4K HDR
Пронајдете ги омилените содржини брзо како никогаш досега со помош на вашиот глас. Со гласовното пребарување нема сложена навигација или заморно пишување - треба само да побарате.
Уживајте во нова генерација на забава, каде што стандардните канали што се емитуваат и содржините од интернет се спојуваат совршено во едноставен кориснички интерфејс. Со копчето за брз пристап можете веднаш да пристапите до сите содржини.
ClearAudio+
Направете го слушањето реалистично како и гледањето. ClearAudio+ го прилагодува звукот од телевизорот за добивање на прекрасно и емотивно доживување што ќе ве опкружи. Слушајте музика и дијалог со поголема острина и отсечност, независно што гледате.