ПОДОБРЕНА РЕАЛНОСТ

Господари на светлината

Телевизорите од Sony имаат поголем опсег на светлина, кој го отсликува реалниот свет подобро од повеќето телевизори. А благодарение на поголемиот контраст, се прикажуваат повеќе детали и природни бои.

Неверојатно осветлен, извонредно тенок

Slim Backlight Drive™

Нашата иновативна технологија Slim Backlight Drive интелигентно ја насочува светлината таму каде што е најпотребна на екранот. Ќе можете да уживате во најдоброто од два света - исклучителен квалитет на слика и извонредно тенок телевизор.

Како функционира Slim Backlight Drive

Двослојната структура за задно осветлување ја насочува светлината таму каде што е потребна

Slim Backlight Drive™ има два слоја на плочи за насочување на светлината кои овозможуваат прецизна контрола на локалното затемнување, слично на квалитетот на телевизорите со стандардно Edge LED осветлување. Заедно со нашиот алгоритам за задно осветлување X-tended Dynamic Range™ PRO, оваа нова структура создава прекрасен контраст и има неверојатно тенка форма.

Стандардно Edge LED осветлување
Стандардно Edge LED осветлување
Стандардно Full Array LED осветлување
Стандардно Full Array LED осветлување
Slim Backlight Drive
Slim Backlight Drive
Доловување на целиот опсег на темни и светли тонови

X-tended Dynamic Range PRO™

Со балансирање на приказот на светлина низ целиот екран, затемнување одредени површини и осветлување други, X-tended Dynamic Range PRO™ нуди поголем опсег на светлина од телевизорите со LED-задно осветлување и ги подобрува сите извори до речиси HDR-квалитет со поширок опсег на светлина.

X-tended Dynamic Range PRO
X-TENDED DYNAMIC RANGE PRO
Стандарден телевизор
СТАНДАРДЕН ТЕЛЕВИЗОР
Врвни перформанси

Како функционира X-tended Dynamic Range PRO™

X-tended Dynamic Range PRO, со извонредна прецизност во контролата на задното осветлување, ги затемнува потемните површини и ги осветлува посветлите површини - внесувајќи енергија во секоја сцена со најширок можен опсег на светлина.

Како функционира X-tended Dynamic Range PRO
Оптимизирање на светлината, слика по слика

4K Processor X1™ со подобрување на динамичкиот контраст

4K телевизорите со 4K Processor X1 значително го зголемуваат опсегот на светлина, дури и без X-tended Dynamic Range PRO. Ова е резултат на подобрувањето на динамичкиот контраст кое го оптимизира опсегот на светлина слика по слика според тоа што се случува на екранот.

Уживајте во поголем опсег на светлина

Со 4K процесорот X1 ќе гледате посветли и поцрни тонови во секоја слика

Со 4K Processor X1
СО 4K PROCESSOR X1
Без 4K Processor X1
БЕЗ 4K PROCESSOR X1