Видеозаписот започнува со приказ на козметичкиот дизајн на XAV-9550ES, медиумски приемник Mobile ES™, проследен со објаснувања за технологиите за слика и звук и различните функции. Екранот од 25,7 см (10,1 инчи) со висока резолуција и оптички дизајн без празен простор ги намалува рефлектирањата и нуди поголем контраст. За да обезбеди врвен квалитет на звук и опции за поврзување, уредот ги користи следните технологии. Д/А-конверторот ESS придонесува за извонреден динамички опсег и мало хармонично изобличување, а во тоа му помагаат намотката за придушување DCR, кондензаторите со високоспроводлив полимер и повеќеслојните кондензатори со полимер. Врвниот вграден 4-канален засилувач од класа A/B овозможува репродукција на звук со висока резолуција, дури и без користење посебни засилувачи. Двослојното куќиште што спречува резонанции ги минимизира пречките од електромагнетниот шум. Звукот може да го приспособувате со DSP со 192 kHz / 24 бита, што нуди извонредна обработка на звук. Овој DSP нуди порамнување на времето кај 6 канали, 14-појасен EQ, 8-појасен PEQ за паметни канали и 3-зонска свртница. Поставките за двојно засилување на предните 2-системски звучници овозможува создавање на звучно поле од предната страна преку четири излезни канали. Влезовите за 3 камери со опција за активирање му овозможуваат на возачот да гледа слики од максимум три приклучени камери, што автоматски се вклучуваат и исклучуваат, или се менуваат преку откривање на светлосната сигнализација на автомобилот, односно трепкачите или избирање на брзината за возење наназад. За да овозможи флексибилна инсталација, XAV-9500ES нуди прилагодување на зглобот на екранот во 4 насоки, што опфаќа закосување од 10 степени, длабочина од 20 мм, висина од 30 мм и странично поместување од 25 мм. Приспособувањето на GUI им овозможува на корисниците да го менуваат распоредот на иконите на почетниот екран, а може и да изберете заднина од четирите однапред поставени бои, плус две опции за сопствени слики. Подобрените опции за поврзување овозможуваат непречено поврзување со вашиот паметен телефон. DAB-радиото со подобар интерфејс нуди слајд шоу и лого ознаки за станиците, за поинтуитивно ракување. На самиот крајот од видеото повторно се прикажува козметичкиот дизајн.