HVL-F28RM Избран текст за видео

Лого Alpha

 

Текстови „Надворешен блиц со безжична контрола со радиосигнали“ и „HVL-F28RM“ врз приказ од предна страна на блиц

Текст „Моќ GN28* за фотоапарати без огледало“

Приказ од предна страна на фотоапарат со прикачен објектив и прикачен блиц што свети

Текст „Помал и попренослив“

Текст „Идеален за компактни фотоапарати без огледало“ прикажан врз видеозапис од фотоапарат на маса на кој се прикачени објектив и блиц, корисникот го зема и го носи фотоапаратот, се гледа како виси лентата за околу зглоб 

Текст „Излезна моќ како HVL-F45RM*“ прикажан врз видеозапис од корисник кој го подигнува фотоапаратот за да фотографира; потоа видеозапис од корисник, прикажан од задна страна, кој се подготвува да фотографира женски субјект со дефокусирана заднина

 

Текст „Создаден од Sony за беспрекорна контрола на блицот“

Видеозапис од женски субјект кој се симнува по скали во речиси потполна темнина, со мал зелен правоаголник околу едното око што означува дека системот за AF на очи во реално време функционира

Текст „Интелигентна комуникација помеѓу блиц и фотоапарат од Sony*“ прикажан врз слика од задната страна на фотоапарат и блиц, на LCD-екранот на фотоапаратот се репродуцира претходната снимка, а стрелка ја покажува двонасочната комуникација на податоци помеѓу фотоапаратот и блицот

 

Текст „Контролата на светлината е поврзана со функцијата за откривање лица на фотоапаратот*“ прикажан врз видеозапис со широк приказ од задната страна на фотоапаратот на чиј LCD-екран се репродуцира претходната снимка; потоа се снима сликата и се активира блицот

 

 

Текст „Интелигентната комуникација овозможува природни тонови на кожа*“ прикажан врз уште поширок приказ на портрет снимен во претходниот видеозапис

 

Текст „Компактен уред со професионална сигурност и издржливост“

Текст „Дизајн што е отпорен на прав и влага*“ прикажан врз два цртежи на кои се гледаат локациите на заштитата за отпорност на прав и влага на блицот

 

Текст „Металната странична рамка ги заштитува приклучоците“ прикажан врз видеоснимка од долната страна на приклучокот каде што се гледаат електричните контакти со странична рамка околу нив

Текст „Се заклучува за да спречи несакани промени на аголот“ прикажан врз страничен приказ од блицот каде што се гледа копче; потоа приказот се зумира и се означува копчето

Текст „50% поголема отпорност на прегревање*“ прикажан врз слика од предна страна на блиц

Текст „Врвни функции во пренослив уред“

Текст „Одлична интеграција помеѓу блицот и фотоапаратот за широка примена на системот“ прикажан врз видеозапис од корисник кој го прилагодува блицот и се подготвува да фотографира

Текст „Синхронизација со голема брзина*“ прикажан врз портрет од женски субјект на отворена локација со силни ефекти на дефокусирање во заднина

 

Текст „Сеопфатна контрола преку компатибилни фотоапарати*“

 

Текст „Лесно ракување преку менијата на фотоапаратите“ прикажан врз слика од задната страна на фотоапаратот со блиц, на LCD-екранот на фотоапаратот се прикажува менито за контрола на блицот

Текст „Директна контрола на компензацијата, соодносот и многу повеќе преку компатибилни фотоапарати“ прикажан врз слика од задната страна на фотоапаратот со блиц, на LCD-екранот на фотоапаратот се прикажува менито за контрола на блицот, а стрелка ја прикажува контролата од фотоапаратот кон блицот; потоа се прикажува видеозапис од прилагодување на поставките за блицот преку менијата на фотоапаратот

 

 

Текст „Безжична контрола со радиосигнали за флексибилно осветлување“

Текст „Стабилна безжична комуникација со радиосигнали до 35 м (114 ft)*“ прикажан врз цртеж од блиц прикачен на фотоапарат што комуницира со 15 други блицови; потоа се прикажува текстот „Безжична контрола на максимум 15 блицови во 5 групи*“

 

 

Текст „Еволуирачки α Lighting System“ прикажан врз снимка од три блицови и друга галантерија од серијата, а HVL-F28RM е прикачен на фотоапарат од серијата α

 

Лого SONY