ECM-G1 Избран текст за видео

Лого Alpha

 

Наслов „Микрофон со насочување ECM-G1“ прикажан врз снимка од микрофон

 

Текст „Микрофон со насочување ECM-G1“ прикажан врз снимка од видеоблогер кој снима автопортрет во зграда на аеродром, држејќи ја камерата за држач за снимање со испружена рака, а на камерата е прикачен микрофон
Видеоблогер: „Сега ќе одиме да го истражуваме градот. Се надевам дека ви се допаѓа овој видеоблог. Одиме!“

 

Снимка од видеоблогер кој оди низ зграда на аеродром додека снима автопортрет, држејќи ја камерата за држач за снимање со испружена рака, а на камерата е прикачен микрофон; снимката зумира за да ја покаже камерата (α7C) и прикачениот микрофон, а се прикажува текстот „Компактна и лесна, со висококвалитетен звук“

Текст „Компактна и лесна, со висококвалитетен звук“ прикажан врз снимка од видеоблогер кој снима автопортрет на плажа, држејќи ја камерата на држач за снимање со испружена рака, а на камерата се прикачени микрофон и заштита од ветер

Текст „Компактна и лесна, со висококвалитетен звук“ прикажан врз снимка од корисник кој од торба вади камера (ZV-E10) со прикачен микрофон; потоа снима нанапред, а сликата е видлива на LCD-екранот

Текст „Компактна и лесна, со висококвалитетен звук“ прикажан врз снимка од видеоблогер кој снима автопортрет додека оди низ аквариум, држејќи ја камерата на држач за снимање со испружена рака, а на камерата е прикачен микрофон

Текст „Компактна и лесна, со висококвалитетен звук“ прикажан врз снимка од видеоблогер кој снима автопортрет додека стои на бродска палуба, држејќи ја камерата на држач за снимање со испружена рака, а на камерата е прикачена заштита од ветер

 

Текстови „Капсула на микрофонот со голем дијаметар за висококвалитетен звук“ и „14,6 мм 0,57 инчи“ прикажани врз микрофон со стрелка која го означува дијаметарот на капсулата

Текст „Капсулата на микрофонот со голем дијаметар нуди снимање јасен звук и потиснување на шумот“ прикажан врз микрофон со стрелка која го означува дијаметарот на капсулата

Текст „Снимање јасен звук од предната страна благодарение на super-cardioid“ прикажан врз графика на две слики на екранот.
Лево: текст „вграден повеќенасочен микрофон“ со дијаграм што прикажува шема со кружна чувствителност.
Десно: текст „ECM-G1 Super-cardioid“ со дијаграм што прикажува намалена чувствителност кон страните и задната страна на камерата за да се истакне звукот од предната страна

 

Текст „Снимање во простор со амбиентален шум“ прикажан врз фронтален портрет од видеоблогер на терминал на аеродром

Две слики на екранот:
Лево: текст „вградениот микрофон на камерата повеќенасочен“ со дијаграм од претходната снимка што прикажува шема со кружна чувствителност и текст „Ги снима звуците од сите насоки“
Десно: текст „ECM-G1 Super-cardioid“ со дијаграм од претходната снимка што прикажува намалена чувствителност кон страните и задната страна на камерата за да се истакне звукот од предната страна и текст „Се фокусира на гласот пред камерата“

Поделен екран на кој наизменично на левата и десната страна се прикажува видеоблогер кој вели „Значи, денес сме на аеродром, како што може да видите, рано наутро е, но навистина се радувам што ќе го истражам градот“. Гласот на видеоблогерот појасно се слуша на десната половина на екранот, каде што шумот во заднината и соопштението преку разглас многу помалку се слушаат.

 

Снимка од видеоблогер кој снима автопортрет во кафуле; потоа се прикажува
Текст „Снимање од типот „super-cardioid“ за звуци пред производот“ прикажан врз снимка од видеоблогер во кафуле кој снима видеозапис од оброк; потоа се прикажува
Текстот „Снимање од типот „super-cardioid“ за звуци пред производот“ повторно се појавува со дијаграм од претходната снимка што прикажува намалена чувствителност кон страните и задната страна на камерата за да се истакне звукот од предната област; се доловува звукот на вриењето на жешкиот сос што го истураат врз јадење на метална плоча. За споредба, гласот на видеоблогерот (зад камерата) кој вели „Леле, ова е превкусно“ одвај се слуша

 

Текст „Намалување на шумот од ветер и вибрации“
Текст „Се испорачува заштита од ветер која овозможува намалување на шумот од ветерот“ врз страничен приказ на камерата со прикачен микрофон и заштита од ветер, која е заокружена со графика

Текст „Идеална за снимање на отворено“ прикажан врз повторената снимка од видеоблогерот кој снима автопортрет на плажа, држејќи ја камерата на држач за снимање со испружена рака, а на камерата се прикачени микрофон и заштита од ветер

Текст „Намалување на потресите и вибрациите“ прикажан врз страничен приказ одблиску од камерата со прикачен микрофон, областа во основата на микрофонот е заокружена со графика, а брановидната графика илустрира вибрација

Текст „Едноставно поврзување“
Текст „Прикачен на камери опремени со приклучок за повеќе интерфејси (Mi)“прикажан прикажан врз снимка од микрофон прикачен во приклучокот за повеќе интерфејси на камерата, со затегнато тркалце со шраф

Текстови „Без батерија“, а потоа и „Без кабли“ прикажан врз снимка од камерата со прикачен микрофон, монтирана на држач за снимање, која во раце ја држи видеоблогер што снима автопортрет на отворено

Текст „Излезен приклучок за микрофон за поврзување со голем број уреди“ прикажан врз снимка од микрофон на кој се гледа приклучокот „MIC OUT“, заокружен со графика; потоа се прикажува снимка од друг уред со кој се снима видеоблог, а на него преку кабел е поврзан ECM-G1

Текст „Што има во кутијата“ над 4 слики од микрофонот и испорачаната галантерија:
Текст „ECM-G1 капаче за заштита на приклучокот“ прикажан врз снимка од микрофонот и заштитното капаче што ги покрива приклучоците;
Текст „Кабел за снимање“ прикажан врз снимка од кабел
Текст „Заштита од ветер“ прикажан врз снимка од заштита од ветер;
Текст „Футрола“ прикажан врз снимка од футрола

Широкоаголна снимка од видеоблогер што чекори покрај крајбрежна бариера додека снима автопортрет

 

Текст „Уживајте во висококвалитетен звук секаде и секогаш“

3 слики на екранот што го прикажуваат микрофонот поврзан со разни камери. Лево: преку приклучок за повеќе интерфејси; централно: преку приклучок за повеќе интерфејси со прикачена заштита од ветер; десно: преку кабел за снимање.

Снимка од видеоблогер на воз кој снима автопортрет и ја држи камерата на која е прикачен микрофон за држачот за снимање

Снимки од видеоблогер кој снима автопортрет и ја држи камерата на која е прикачен микрофон за држачот за снимање: покрај брег, на ескалатор, во аквариум и на платформа за набљудување (со прикачена заштита од ветер)

 

Текст „Широка палета на оригинални микрофони за вашите креации“ прикажан врз снимка од палетата со 8 различни камери, на кои се прикачени различни видови микрофони

 

Наслов „Микрофон со насочување ECM-G1“ прикажан врз снимка од микрофон

 

Текст „Sony се стреми кон искористување на животната средина еднакво на нула благодарение на нашата програма Патот кон достигнување на нулата“ прикажан врз снимка од зеленило

Логото за „Патот кон достигнување на нулата“ прикажано врз воздушна снимка од шума

 

Текст „Пластиката во пакувањето“ врз снимка од пакување изработено од пластика во кое е спакуван микрофонот ECM-XYST1M од Sony; потоа се прикажува текстот „е заменета со хартија“ врз хартиено пакување на истиот производ; потоа се прикажува текстот „за над 1,4 милиони производи“ врз слика од производи од Sony во хартиено пакување

 

Лого SONY