Телевизорите BRAVIA со XR Processor™ ги анализираат содржините и ги репродуцираат на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето. На пример, тие знаат на кое место во сликата се фокусираат луѓето - како главниот лик во филмот. Исто така, знаат дека звукот треба да доаѓа кон вас одозгора кога лета некој авион и така го репродуцираат звукот во вашата дневна соба. Како резултат ги добивате омилените содржини репродуцирани на начин што може да го почувствувате.0
Фокусна точка е местото на сликата каде што го насочувате вниманието, каде што очите природно се насочуваат во самата сцена. Телевизорите со XR Processor™ ја препознаваат таа фокусна точка и го подобруваат тој дел од сликата, исто како што би направиле нашите очи во реалниот свет. Така се добива поголема длабочина за фудбалерот или главниот лик, а табелите со резултати се полесни за гледање.0