[ВИДЕО] Функции за пристапност на BRAVIA - текст за видео

На екранот ќе се прикаже насловот на видеозаписот Како да направите - Пристапност .

Сцената се промени.
На екранот се прикажуваат 6 икони што ги претставуваат функциите за пристапност на BRAVIA™, а тоа се отчитувањезголемување тексттранскрипција на звукизлезен аудиосигнал кон слушалкитекратенка за пристапност и Google Assistant.

Наратор:
BRAVIA нуди многу функции што ја зголемуваат пристапноста за многу луѓе, независно од нивните физички способности.
Телевизорите од Sony може да ги контролираат корисници со целосно или делумно оштетување на видот, со помош на вградените опции за отчитување текст од екранот и зголемување текст.

Иконите заотчитување и зголемување текст се означени.

Наратор:
Еве еден пример.

Сцената се промени.
На екранот се прикажува менито Sony Select за телевизорите BRAVIA. На левата страна на менито има неколку елементи подредени вертикално: почнувајќи од горе, најпопуларнипаметен доммедиуми и видео итн. Прво се избира елементот најпопуларни .

Читач на екранот на телевизорот:
Избрана е опцијата најпопуларни, една од седум, во листа со седум елементи.

Означувањето се поместува надолу врз следниот елемент, паметен дом.

Читач на екранот на телевизорот:
Избрана е опцијата паметен дом, втора од седум.

Означувањето се поместува врз следниот елемент, медиуми и видео.

Читач на екранот на телевизорот:
Избрана е опцијата медиуми и видео, трета од седум.

Сцената се промени.
На екранот повторно се прикажуваат 6 икони за функциите за пристапност на BRAVIA.

Наратор:
Исто така, телевизорите од Sony може да ги користат луѓе со целосно или делумно оштетување на слухот со помош на функцијата за транскрипција на звук.

Иконата за транскрипција на звук е означена.

Сцената се промени.
Менито со поставки за системот на телевизорите BRAVIA се прикажува во опциите за системот подредени вертикално, заедно со опциите за пристапностповеќе информациидатум и време итн.

Наратор:
Во менито со поставки, изберете пристапност, а потоа текстови.

Штом ја изберете функцијата за пристапност , означувањето ќе премине врз менито на функцијата за пристапност  и потоа може да ја изберете опцијата за текстови .

Наратор:
Тука може да изберете глобална транскрипција на звук за кабелски, антенски и проследени содржини.

Ќе се прикаже менито за текстови што ги содржи опциите за кабел/антена и проследување и други содржини, каде што може да ја изберете опцијата проследување и други содржини .

Наратор:
Штом ја овозможите функцијата, ќе добиете опции за приспособување со кои може да го прилагодите изгледот на текстовите по ваша желба.

Сега ќе се прикаже менито со детални поставки за текстовите .

Сцената се промени.
На екранот повторно се прикажуваат 6 икони за функциите за пристапност на BRAVIA, од кои иконата на функцијата за излезен аудиосигнал кон слушалките е означена.

Наратор:
Друга практична функција за луѓето со целосно или делумно оштетување на слухот е можноста за поврзување аудиоуреди со Bluetooth со телевизорот, како слушалки или звучници со лента за на врат.

Сцената се промени.
Слика од корисник кој седи на кревет пред телевизор BRAVIA. Сега корисникот носи слушалки, а екранот на телевизорот е зумиран за да се прикаже опцијата за поврзување преку Bluetooth во менито за брзи поставки .

Сцената се промени.
На екранот повторно се прикажуваат 6 икони за функциите за пристапност на BRAVIA, од кои иконата на кратенката за пристапност е означена.

Наратор:
Кратенката за пристап овозможува брзо вклучување или исклучување на функциите за пристапност, за лесно споделување на телевизорот со сите во домот.
На далечинскиот управувач, притиснете го и задржете го копчето за исклучување на звукот сè додека не се прикаже порака на екранот.

Сцената се промени.
Слика од телевизор BRAVIA со далечински управувач прикажан на левата страна.
По неколку секунди, во долниот дел на екранот на телевизорот се појавува пораката кратенката за пристапност ја вклучи функцијата за отчитување.

Читач на екранот на телевизорот:
Функцијата за отчитување е вклучена.

Наратор:
Повторувањето на овој процес ќе ја исклучи функцијата.

Сцената се промени.
На екранот повторно се прикажуваат 6 икони за функциите за пристапност на BRAVIA, од кои иконата на Google Assistant е означена.

Наратор:
Телевизорите BRAVIA од Sony нудат и гласовна контрола, за да може брзо да пристапувате до омилената забава и да ги контролирате опциите на телевизорот со помош на вашиот глас, со мала помош од Google.

Наратор:
Притиснете го и задржете го копчето за Google Assistant на вашиот далечински управувач за да започнете.

Наратор:
Телевизорите BRAVIA од Sony продолжуваат да ја подобруваат пристапноста секоја година, а воедно ја зголемуваат и независноста и практичното користење за сите.

Наратор:
За да дознаете повеќе информации за одредени функции за пристапноста што се достапни кај вашиот телевизор BRAVIA од Sony, ве молиме скенирајте го овој код со вашиот мобилен уред или отворете веб-пребарувач и одете на www.sony.net/A11y.GoogleTV.

На екранот повторно ќе се прикаже насловот на видеозаписот Како да направите - Пристапност .

Видеозаписот завршува со анимација на логото SONY проследена со звук.