(1) Програмата за пристап до SONY PICTURES CORE („Програмата“) е достапна во Европа0 на паметните телевизори од Sony кои се дел од Програмата („Избрани телевизори“).1
(2) Во продажната цена на избраните телевизори спаѓа привремен пристап до услугата SONY PICTURES CORE откако ќе регистрирате сметка на SONY PICTURES CORE, што подлежи на следните правила и услови. Со оваа програма ќе можете да добиете кредити за филмови кои ќе ви овозможат да гледате: (a) филмови од колекција со најмалку 300 филмови („нормален(ни) филм(ови)“) или (b) одредени филмови кои може да бидат достапни во прозорци за премиум изложби („премиум филм(ови)“). Бројот на кредити за филмови кои се достапни за корисниците се: i) 15 кредити за филмови за XR84, XR83, A84L и A83L, ii) 10 кредити за филмови (плус 5 дополнителни кредити за филмови ако корисникот го искористи кодот од ваучерот во кутијата) за XR59, iii) 10 кредити за филмови за XR5, XR8M2, XR90, XR80, XR74, XR70, A95L, A80L, X95L, X90L, Z9K, A95K, A90K, A84K, A83K, X94K, X93K, X92K, Z9J и A90J, iv) 5 кредити за филмови за (плус 5 дополнителни кредити за филмови ако корисникот го искористи кодот од ваучерот во кутијата) за S38 или S39, или (v) 5 кредити за филмови за останатите избрани телевизори кои ќе може да ги искористите за изнајмување филмови од колекцијата со најмалку 300 филмови. За да откупите еден нормален филм од групата избрани филмови, потребен ви е еден кредит за филмови. За да откупите еден премиум филм од групата избрани филмови, потребни ви се два кредити за филмови. За понудата од 10 кредити за филмови, рокот на кредитите за филмови ќе истече по 24 месеци откако ќе ги добиете на вашата сметка за SONY PICTURES CORE по регистрацијата на избраниот телевизор. За понудата од 5 кредити, рокот на кредитите за филмови ќе истече по 12 месеци откако ќе ги добиете на вашата сметка за SONY PICTURES CORE по регистрацијата на избраниот телевизор. Откупените филмови од SONY PICTURES CORE ќе можете да ги гледате до 23 февруари 2030 година, што подлежи на правилата на услугата SONY PICTURES CORE. Исто така, со оваа програма добивате привремен пристап од 24 месеци за пакетот за проследување од SONY PICTURES CORE за XR5, XR8M2, XR90, XR84, XR83, XR80, XR74, XR70, A84L, A83L, A95L, A80L, X95L, X90L, Z9K, A95K, A90K, A84K, A83K, X94K, X93K, X92K, Z9J и A90J или 12 месеци за пакетот за проследување од SONY PICTURES CORE за останатите избрани телевизори. Периодот за пакетот за проследување ќе започне од моментот на регистрација на вашата сметка за SONY PICTURES CORE. По истекот на привремениот период за користење на пакетот за проследување, кој е вклучен со вашиот избран телевизор, ќе заврши и вашиот пристап до содржините од пакетот за проследување. Сите обновувања ќе подлежат на договор со операторот на SONY PICTURES CORE, согласно применливите правила и услови за сите такви обновувања.
(3) За да ги искористите придобивките кои ги нуди програмата треба да регистрирате сметка за SONY PICTURES CORE на вашиот избран телевизор до 23 февруари 2028 година. Доколку не направите регистрација до овој датум, вашиот пристап до SONY PICTURES CORE во рамки на програмата ќе заврши во тој момент. Откако ќе се регистрирате ќе добиете е-порака за потврда на сметката, а кредитите за филмови за SONY PICTURES CORE и пакетот за проследување објаснети погоре ќе се додадат автоматски на вашата сметка. Правилата за користење, правилата на услугата и политиката за приватност на SONY PICTURES CORE управуваат со употребата на SONY PICTURES CORE. За да регистрирате сметка за SONY PICTURES CORE мора да имате 18 години или повеќе и мора да ги прифатите правилата за користење, правилата на услугата и политиката за приватност на SONY PICTURES CORE. За користење на оваа програма е потребна најновата верзија на SONY PICTURES CORE во вашиот избран телевизор. Најновата верзија на апликацијата SONY PICTURES CORE е достапна на Google Play Store. Содржините и поддржаните јазици во SONY PICTURES CORE се разликуваат во зависност од територијата.
(4) Во моментот, не е можно да купувате дополнителни кредити како дел од оваа програма. Достапните филмски наслови подлежат на промена без известување. Сите филмови се нудат во најдобар можен формат, вклучувајќи и стандардна резолуција, висока резолуција, 4K, 4K HDR или 4K IMAX ® Enhanced, а достапноста зависи од пазарот и самиот филм. Содржините IMAX® Enhanced го нудат максималното доживување на IMAX ® Enhanced - филмовите IMAX® Enhanced се достапни само на телевизори со сертификат за IMAX® Enhanced.
(5) Може да проследувате на најмногу 4 избрани телевизори со една сметка за SONY PICTURES CORE во исто време. Услугата SONY PICTURES CORE не е достапна или може да не биде поддржана во сите земји/региони и на сите јазици. Sony го задржува правото да ја менува, да го прекине пристапот до и/или да ја укине услугата SONY PICTURES CORE во секое време. SONY PICTURES CORE нуди Pure Stream™ што овозможува брзина на проследување од 30 Mbps до 80 Mbps. За да добиете брзина од 30 Mbps од Pure Stream™, вашиот интернет мора да има минимална брзина од 43 Mbps. За максимален квалитет од Pure Stream™ со 80 Mbps, вашиот интернет мора да има минимална брзина од 115 Mbps. За да уживате во функцијата Pure Stream™ со 80 Mbps, поврзете се на интернет преку Wi-Fi (безжичен LAN) што поддржува IEEE 802.11 n/ac/ax.2 SONY PICTURES CORE не презема одговорност за мрежните ограничувања или достапниот сообраќај на податоци. Можно е да важат ограничувањата и правилата на операторите за мрежни услуги. Максималниот број на Mbps се разликува во зависност од уредот.
(6) Sony не нуди можност за враќање пари или кредити за какви било делумни периоди или неискористени кредити и/или содржини што не биле гледани на SONY PICTURES CORE. Вашиот пристап до SONY PICTURES CORE во рамките на програмата не може да се префрли на друго лице и не може да се рефундира. Кредитите за филмови немаат парична вредност, за нив не може да добиете пари и не може да се продаваат или препродаваат.
(7) Sony Europe B.V.
(8) „SONY“, „BRAVIA“ и „SONY PICTURES CORE“ се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци на Sony Group Corporation или нејзините подружници. Google TV и поврзаните лого ознаки се заштитни знаци на Google LLC. Google Play Store е заштитен знак на Google LLC. IMAX ® е регистриран заштитен знак на IMAX Corporation. Другите производи и имиња на компании спомнати тука може да бидат заштитни знаци на нивните соодветни сопственици. Иконите и сликите се симулирани и имаат само илустративна намена. Сите права, што не се изречно доделени тука, се задржани. Сите правила подлежат на промени без претходно известување.