Поврзувањето преку Bluetooth®0 овозможува лесно безжично слушање. Поставувањето е едноставно: впарете еднаш, притиснете го копчето за репродукција и уживајте во вашите плочи без да користите кабли.
Само притиснете го копчето за репродукција, грамофонот ќе се погрижи за останатото - од спуштање на иглата, до враќање на рачката за тон кога ќе заврши плочата.
Провиден капак. Заштита со стил.
Провидниот капак за заштита од прав со шарки овозможува вашиот грамофон да остане чист, а воедно го изложува и неговиот елегантен дизајн, дури и кога е затворен. Тој го заштитува и грамофонот и вашите плочи за време на репродукцијата, или само ви овозможува да го изложите грамофонот, без да прави отстапки во стилот.
Слушајте ги омилените плочи
Од плочи за долга репродукција до еднострани плочи, овој грамофон може да ги репродуцира повеќето видови грамофонски плочи, со поддршка за брзини од 33⅓ и 45 вртежи во минута. Треба само да ја изберете опцијата која ќе одговара на вашата плоча, за да уживате во рамномерна и доследна репродукција во секое време.
Вклучен адаптер за 45 вртежи во минута
Вклучениот адаптер за 45 вртежи во минута овозможува репродукција на вашите омилени еднострани плочи и може уредно да го складирате во грамофонот кога не го користите.
Поврзете се лесно преку вградениот моно еквалајзер
PS-LX5BT има вграден моно еквалајзер со преклопник за МОНО/ЛИНИСКИ излез, кој го олеснува поврзувањето со голем избор на аудиосистеми.
Приспособливо засилување за оптимален излезен сигнал
Сите грамофонски плочи звучат малку поинаку. Преклопникот за избирање на засилувањето нуди три нивоа - НИСКО, СРЕДНО И ВИСОКО - за да го приспособите излезниот сигнал според звукот на вашата грамофонска плоча и да уживате во порамномерна репродукција.