Уште повеќе креативни опции

Фото апаратите α со технологија на провидно огледало и DSLR фото апаратите од Sony им нудат возбудлива палета на креативни функции и ефекти на фотографите. Никогаш досега не било толку едноставно да се направат слики кои инспирираат и се поинакви од обичните.

Откријте го уметникот во вас

  • Креирајте импресивни ефекти на самиот апарат без потреба од PC или софтвер за уредување
  • Истражете ги опциите за ефекти на слика како намалување на тонови, делумни бои, ретро, осветлени тонови, минијатурен ефект и фото апарат - играчка
  • Прегледувајте ги резултатите и истовремено снимајте фотографии или видео записи

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Едноставно снимање на совршени портрети

  • Направете прекрасни слики од луѓе со функцијата за откривање на лице која ја прилагодува експозицијата за да внесе живост во вашиот објект
  • Добијте опуштени и среќни портрети со блендата со функција за насмевки која автоматски ја активира блендата кога некој ќе се насмевне
  • Фино прилагодување на резултатите со прилагодливото ниво за откривање на насмевка, од мала до огромна насмевка
  • Регистрирање и автоматско препознавање до осум лица, со поставување на соодветни параметри на фото апаратот за добивање на јасни природни резултати

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Врвни резултати без мака

  • Концентрирајте се на вашиот објект, наместо на поставувањата на фото апаратот: AUTO+ ви помага да добиете одлични резултати во секоја ситуација
  • Фото апаратот ги анализира сцената и условите за фотографирање, прилагодувајќи ги поставувањата за да добиете резултати без напор
  • Без претпоставки: AUTO+ ги избира точните функции за снимањето – како брзо секвенцијално снимање за динамични објекти или HDR за сцени со висок контраст

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Поостри слики при рачно фотографирање

  • Добијте поостри резултати без заматување при рачно фотографирање со SteadyShot INSIDE
  • Уживајте во моќна оптичка стабилизација на сликата која соодветствува на 3,5 чекори (4 чекори кај A900)
  • Фотографирајте при слаба осветленост, користете поставувања со голем зум или помала брзина на блендата без да се грижите за тресењето на раце
  • Автоматски функционира со сите ваши објективи со A приклучок

Одредете ја рутата на вашите патувања со GPS

  • Автоматско забележување на местата каде сте ги снимиле сите ваши фотографии и видео записи со вградениот GPS уред (само одредени модели)
  • Каде е направена снимката? Сликите и видео записите автоматски добиваат гео-ознаки додека патувате
  • Повторно доживејте ги спомените со мапите на интернет на вашиот PC

Јасен поглед од секој агол

  • Удобно обликувајте го кадарот во која било позиција на LCD екранот со висока резолуција кој може да се закосува и завртува на три начини
  • Не дозволувајте да се изгубите во метежот: држете го фото апаратот високо над главите на луѓето за да добиете нова гледна точка
  • Погледнете ги работите од поинаква перспектива: спуштете се долу и снимете го светот во поинакво светло
  • Преклопете го екранот и добијте совршено обликувани автопортрети

Спомени кои се создадени за споделување во HD

  • Уживајте во вашите фотографии и HD видео снимки на телевизор: контролирајте ја репродукцијата со BRAVIA® Sync преку далечинскиот управувач од вашиот телевизор
  • Поврзете се: HDMI излез за поврзување на фото апаратот со HD телевизор

Практичен софтвер за секој фотограф

  • Пребарување, подредување и споделување на вашите слики и видео записи со софтверот Picture Motion Browser за PC кој едноставно се користи
  • Конвертирање и обработка на RAW фајлови со софтверот Image Data Converter SR
  • Управувајте со фајловите со помош на софтверот Image Data Lightbox SR

Беспрекорни снимки без присуство на прав

  • Намалете го ризикот од честички од прав кои предизвикуваат испакнатини на вашите фотографии и видео записи
  • Двојниот систем за заштита од прав го заштитува сензорот при замена на објективи
  • Антистатичкиот слој го намалува привлекувањето на честичките од прав
  • Сензорот вибрира за да го отстрани наталожениот прав

Снимајте поголеми слики со режимот за панорама

  • Создавањето на спектакуларни панорамски фотографии од пејзажи и други објекти со огромно видно поле е едноставно.
  • Режимот на панорама снима серија на слики, кои беспрекорно ги спојува за да создаде исклучително широка панорамска слика со висока резолуција.

 

Не го најдовте тоа што го барате?

Погледнете ги овие дополнителни написи поврзани со фото апаратите (SLT) со провидно огледало и DSLR.

 

Новости

Други веб-сајтови