Безжични звучници

Безжични звучници

Безжични звучници
Пренослив безжичен звучник XB100

SRS-XB100

НОВО

Компактно куќиште со моќен и јасен звук

SRS-XB100

Подгответе се за моќен и јасен звук од компактно куќиште. Звучникот XB100 е сè што ви е потребно за живот во движење. Издржлив е, има батерија што трае долго и совршен е за слушање во домот или кога сте надвор со пријателите. Ова е совршен повеќенаменски производ за слушање музика на ваш начин.

()
Боја :
  • 1 Портокалова
  • 2 Сина
  • 3 Светла сива боја
  • 4 Црна
  • SRS-XB100

    • 1
    • 2
    • 3
    • 4
    НОВО


Слика од двајца кои лежат еден наспроти друг врз ќебе за пикник и слушаат музика од црн звучник SRS-XB100 во градина

Мал звучник што нуди моќен и јасен звук

Музиката е мелодијата на нашите животи, па затоа сакаме да уживате во вашите песни каде и да сте. Поради тоа, спакувавме моќен и јасен звук во преносливо куќиште. Вградивме дури и процесор за дифузија на звук, за да уживате во чувството на опкружувачки звук.

 

Слика од жена пред бела зграда која носи ранец на кој е закачен црн звучник SRS-XB100 со помош на ременот

Пренослив и издржлив уред за живот во движење

Ако сакате да ја носите вашата музика секаде со вас, XB100 ќе ви го овозможи токму тоа. Компактното куќиште е издржливо и лесно, батеријата нуди многу енергија, а ременот е совршен за носење или закачување на уредот на вашата лежалка за сончање. Сè што треба да направите е да изберете музика.

 

Слика од црн, бел, син и портокалов звучник SRS-XB100 ставени врз гранули пластика во иста боја

Високо ниво на одржливост

Куќиштето и ременот на XB100 се делумно изработени од рециклирани пластични материјали, а тоа придонесува за намалување на влијанието врз животната средина. Со гордост изјавуваме дека не користиме пластика за нашите пакувања. Чувствувајте се одлично и при купувањето и при слушањето на овој звучник.

 

Слика од човек кој користи таблет-уред во кревет додека зборува кон црн звучник SRS-XB100 ставен врз книга

Добијте повеќе од вашиот звучник

Сакаме вашиот звучник да одговара на вашиот стил на живеење. Освен за слушање музика, може да го користите и за воспоставување и одговарање на повици. Исто така, може да впарите втор звучник преку Bluetooth® за да добиете стерео звук.

 

Приказ од 360 степени

Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony
Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony
Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony
Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony
Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony
Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony
Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony
Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony
Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony
Приказ од 360 степени на SRS-XB100 од Sony

Моќен и јасен звук

Лесно пренослив и многу издржлив дизајн

Силна посветеност на одржливоста и материјалите

Траење на батеријата до 16 часа за подолго слушање

Повици без користење на рацете преку вградениот микрофон

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.