Апликација и софтвер

Нашите апликации, услуги и софтвер ќе ја подобрат вашата креативност

Imaging Edge Mobile

Imaging Edge Mobile

Апликација за мобилни телефони

Апликацијата овозможува автоматско префрлување на сликите додека фотографирате преку Wi-Fi® и нивно споделување преку SNS. Испраќајте 4K-видео од фотоапаратот во мобилниот уред, прегледувајте ја во живо сликата од фотоапаратот преку мобилен уред и додавајте податоци за локација во сликите.

Remote/Viewer/Edit

Remote/Viewer/Edit

Апликации за десктоп компјутери

Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

IPTC

Параметар за IPTC-метаподатоци

Создавајте и извезувајте IPTC-метаподатоци за α9, за автоматски да ги означувате вашите слики со авторски права и други информации за време на снимањето.

Capture One за Sony

Capture One за Sony

Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.

PlayMemories

PlayMemories Home

PlayMemories Home

Лесно префрлувајте фотографии и видеоснимки во вашиот Mac® или компјутер и користете алатки за лесно уредување и споделување што максимално ќе ги разубават вашите слики.

PlayMemories Online

PlayMemories Mobile

Користете го паметниот телефон и таблет-уредот за прегледување во живо и далечинска контрола. Идеално за автопортрети, макро слики или мали брзини на блендата. Потоа лесно зачувувајте и споделувајте ги сликите преку вашиот мобилен уред.

Друг практичен софтвер

Лого за акциона камера

Movie Creator за акциона камера

Создавајте и споделувајте видеоснимки со овој бесплатен софтвер. Забавеното движење, приказот на GPS-податоци и уредувањето содржини ви овозможуваат да бидете главен лик во вашите ремек-дела.

Лого за музички видеорекордер

MVR studio

„MVR studio“ овозможува увезување и лесно уредување на звуци и слики снимени со музичкиот видеорекордер HDR-MV1. Подобрете го звукот со аудио ефекти и уредување на брановите форми, а потоа споделете ги на YouTube.