Апликација и софтвер

Нашите апликации, услуги и софтвер ќе ја подобрат вашата креативност

Imaging Edge

Imaging Edge

Подобрете ги сликите со Imaging Edge. Добијте најдобар квалитет на слика од RAW-датотеките на Sony и ефикасно управувајте со снимените содржини. Користете „Далечински управувач“ за контрола и следење на фотографирањето во живо преку компјутерски екран, „Уреди“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни слики и „Прегледувач“ за брз приказ, оценување и избирање од големи датотеки со слики.

Далечински

Далечински

Зголемете ја прецизноста, брзината и удобноста при фотографирањето со моќниот софтвер за следење во живо и прилагодување на поставките на фотоапаратот преку големиот монитор на вашиот компјутер.

Прегледувач

Прегледувач

Брзо прегледувајте големи групи на слики за да ги пронајдете најдобрите слики и за да ги организирате и оценувате сликите.

Уредување

Уредување

Прилагодувајте и создавајте слики во форматот RAW од Sony со помош на оваа алатка што е оптимизирана да ви понуди најдобар квалитет на слика.

IPTC

Параметар за IPTC-метаподатоци

Создавајте и извезувајте IPTC-метаподатоци за α9, за автоматски да ги означувате вашите слики со авторски права и други информации за време на снимањето.

Capture One за Sony

Capture One за Sony

Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.

PlayMemories

PlayMemories Mobile

PlayMemories Mobile

Користете го паметниот телефон и таблет-уредот за прегледување во живо и далечинска контрола. Идеално за автопортрети, макро слики или мали брзини на блендата. Потоа лесно зачувувајте и споделувајте ги сликите преку вашиот мобилен уред.

PlayMemories Home

PlayMemories Home

Лесно префрлувајте фотографии и видеоснимки во вашиот Mac® или компјутер и користете алатки за лесно уредување и споделување што максимално ќе ги разубават вашите слики.

Друг практичен софтвер

Лого за акциона камера

Movie Creator за акциона камера

Создавајте и споделувајте видеоснимки со овој бесплатен софтвер. Забавеното движење, приказот на GPS-податоци и уредувањето содржини ви овозможуваат да бидете главен лик во вашите ремек-дела.

Лого за музички видеорекордер

MVR studio

„MVR studio“ овозможува увезување и лесно уредување на звуци и слики снимени со музичкиот видеорекордер HDR-MV1. Подобрете го звукот со аудио ефекти и уредување на брановите форми, а потоа споделете ги на YouTube.