Зошто да направите сметка?

Понуди и промоции
Бидете во тек со најновите вести и понуди од нас

Вашиот производ
Добивајте совети и упатства за користење

Поддршка од Sony
Преземете ја нашата бесплатна апликација за обемна поддршка за корисници

Учете и поврзувајте се
Учествувајте во разговорите во нашата Заедница

Дали ви треба помош?Погледнете ги често поставуваните прашања

Придружете ни се! Погледнете го видеозаписот за да дознаете повеќе.

Откријте какви придобивки нуди сметката на MySony. Полесно пронаоѓање на сите информации на едно место.

Get involved! Watch the video to find out more.
 

Поврзани сметки за услугите од Sony

Пристапете до повеќе услуги на интернет од групацијата Sony со истите податоци за најавување така што ќе ги поврзете вашите сметки.

Зошто да ги поврзете вашите сметки?
  • Пристапете до повеќе услуги на интернет од групацијата Sony со истите податоци за најавување (адреса за е-пошта и лозинка)
  • Ажурирајте ги сите ваши сметки на брз и едноставен начин со синхронизирање на вашите податоци за најавување во сите поврзани сметки
Кои сметки може да ги поврзете?
    Можете да ги поврзете сметките за следните онлајн услуги од групацијата Sony:

    Услуги достапни од Sony Europe
  • MySony
  • Заедница

  • Услуги достапни од други компании на групацијата Sony:
  • Xperia Lounge
  • Xperia Store
  • Xperia Care
  • My Support
  • SonyMobile.com
  • MyAccount
  • Developer World
  • PlayStation™ Network
    • PlayStation™ Plus
    • PlayStation™ Video
    • PlayStation™ Music
    • PlayStation™ Now
    • PlayStation™ Vue

    Услугите може да не бидат достапни во сите земји/региони.

    За да ги поврзете сметките, адресата за е-пошта што ќе ја регистрирате за секоја сметка мора да биде иста.

    Основните податоци за вашите сметки ќе се синхронизираат

    Следните информации ќе се синхронизираат во сите поврзани
    сметки:

  • ID за најавување (адреса за е-пошта)
  • Лозинка
  • Датум на раѓање
  • Земја/регион на живеење
  • Име
  • Пол
  • Претпочитан јазик
  • Адреса
  • Телефонски број
  • Сигурносно прашање
  • Сигурносен одговор

  • Ако сакате да ги промените информациите за вашите сметки, треба да ги промените само еднаш и тие автоматски ќе се ажурираат во сите ваши поврзани сметки
Како да ги поврзете вашите постоечки сметки?
    При првото најавување на една од сметките за да користите некоја од услугите од групацијата Sony, од вас ќе биде побарано да ја надградите сметката.
    Можно е да ви бидат побарани дополнителни информации пред да заврши надградбата.

    Откако ќе ја надградите сметката, ако се најавите на вашата сметка за да користите некоја од другите услуги наведени погоре, од вас ќе биде побарано да ги поврзете двете сметки (под услов сметките да имаат иста адреса за е-пошта). Ние ќе провериме дали основните информации за вашите сметки се исти. Доколку не се, од вас ќе биде побарано да ги изберете вашите тековни податоци пред да се поврзат сметките.
Како да ги користите синхронизираните податоци за најавување за да пристапите до друга услуга од групацијата Sony?
    Ако имате надградена сметка (или неколку поврзани сметки), тогаш можете да користите само еден комплет податоци за најавување за да можете лесно да пристапите до секоја од горенаведените услуги на групацијата Sony.

    При првото најавување, од вас ќе биде побарано да пополните краток формулар за регистрација на сметката. Основните податоци за вашата сметка автоматски ќе се преземат од вашата постоечка надградена сметка (или поврзани сметки), за да нема потреба да ги внесувате повторно. Од вас може да биде побарано да внесете дополнителни информации за да ја завршите регистрацијата.

    Основните податоци за вашите сметки можете да ги прегледувате и менувате откако ќе завршите со регистрацијата на сметката.
Која компанија од групацијата Sony ги контролира моите поврзани сметки?
    Компанијата од групацијата Sony што раководи со услугата до која пристапувате ќе продолжи да ја контролира вашата сметка за таа услуга (и сите податоци што се прибираат додека ја користите таа услуга) во согласност со нејзината политика за приватност. Поврзувањето на вашите сметки не го менува тоа.

    Ако сакате да се повикате на кои било права за лични податоци (како вашето право на пристап) поврзани со некоја сметка, ќе треба да се обратите во соодветната компанија од групацијата Sony која ја контролира таа сметка според податоците наведени во нејзината политика на приватност.