Во ова видео е прикажана главната карактеристика на потполно безжичните слушалки со поништување шум LinkBuds Fit од Sony.
Во сцената се прикажува жена која стои на платформа за возови со многу луѓе. Како што поминува возот, платформата околу неа се заматува и шумот во заднина исчезнува, а до израз доаѓа нејзината музика. Текст „Автоматски амбиентален звук со динамичко приспособување“.
Штом помине возот, соопштенијата и гласовите на луѓето на станицата се враќаат, а жената продолжува да ужива во музиката.