ILME-FR7 Текст за воведно видео

Лого Alpha

 

Текст „Cinema Line“ проследен со неколку снимки одблиску од делови од куќиштето на FR7

 

Текст „Ново визуелно изразување“ прикажан врз снимка од субјекти кои влегуваат во автомобил од гледна точка на камерата што се спушта низ сончевиот покрив на автомобилот, со интервал на забрзано движење; потоа следи снимка одблиску со слаба осветленост и црвена нијанса од лице на субјект кој лежи; потоа снимка од субјект кој стои на покрив од зграда со дефокусирана заднина од градски пејзаж

Текст „4K-сензор за целосна слика“ прикажан врз снимка одблиску од приклучокот за објективи на која е видлив сензорот во куќиштето на FR7

Текст „Систем со заменливи објективи“ прикажан врз серија снимки од FR7 со различни прикачени објективи

Текст „Далечинско поместување, закосување и зумирање“ прикажан врз снимка од камерата FR7 што е прикачена на продолжеток и се спушта низ сончев покрив на автомобил додека куќиштето се поместува и закосува (најверојатно снимајќи ја претходната снимка од субјекти кои влегуваат во автомобилот)

Текст „Иновативна апликација Web App“ прикажан врз снимка од корисник кој држи таблет на кој се гледа корисничкиот интерфејс на Web App, вклучувајќи различни контроли за камерата и прозорец што прикажува слика во живо од камерата; кога корисникот ќе го притисне копчето на корисничкиот интерфејс, камерата FR7 која е видлива во заднина престанува да снима и нејзините сигнални светилки се исклучуваат

Снимка од целата камера FR7 со приказ на основата, механизмот за прикачување, куќиштето на камерата и сигналните светилки кои светат, како и последниот наслов Cinema Line FR7

 

Текст „4K-сензор за целосна слика X Далечинско поместување, закосување и зумирање“ прикажан врз поделен екран. Лево: снимка одблиску од приклучокот за објективи на која е видлив сензорот во куќиштето на FR7; десно: корисникот ракува со наменски далечински управувач за камерата, а на екранот на таблетот се прикажуваат снимка во живо и поставките на камерата

Класичен автомобил снимен од ниска положба што се движи низ голем паркинг; потоа следи снимка од возило пред класичниот автомобил на која се гледа камерата FR7 поставена на продолжеток за снимање на класичниот автомобил

Снимка од член на екипата во комбе кој ракува со далечински управувач за камерата

Повторување на снимката со слаба осветленост и црвена нијанса од лице на субјект кој лежи; потоа следи снимка од камерата FR7 која најверојатно ја снима таа сцена; потоа снимка од корисник кој држи таблет на кој се гледа корисничкиот интерфејс на Web App со контроли за камерата

Текст „±170 степени при поместување, од -30° до +195° степени при закосување*“ прикажан врз снимка од камерата FR7 која се поместува и закосува, со сигнални светилки што светат и дефокусирана екипа во студиото во заднина; потоа следи снимка од камерата FR7 која се закосува, поставена на статив на отворен простор
Текст во фуснота: „*Во нормална вертикална ориентација“

Текст „Брзината на поместување/закосување е прилагодлива од 0,02° / сек.“ прикажан врз снимка од FR7 со корисникот во заднина, кој го држи таблетот на кој веројатно се прикажува корисничкиот интерфејс на Web App

Текст „Поместување/закосување со константна и мала брзина“ прикажан врз снимка од субјект на кревет со бавно поместување

Текст „Активирајте ги однапред поставените параметри на камерата со еден допир“ прикажан врз снимка од таблет на кој се гледа корисничкиот интерфејс на Web App

Текст „Најмногу 100* положби за поместување, закосување, зумирање и фокусирање што може да ги активирате“ прикажан врз снимка од камерата FR7 означена со „A CAM“ која се поместува на нова положба; потоа следи снимка од таблет на кој се гледа корисничкиот интерфејс на Web App со контролите за камерата; потоа снимка од субјект кој зборува, што се префрла на другиот субјект кој слуша, фаќа белешки и дискутира
Текст во фуснота: „*Кога се користи со Web App или изборниот RM-IP500“.

Текст „Објективи со E-приклучок X Поместување, закосување, зумирање“ прикажан врз снимка од корисник кој прикачува објектив на FR7; потоа следи друга снимка од корисник кој ја поставува камерата FR7 за снимање

Текст „FE 12-24 мм F2,8 GM“ прикажан во долниот лев агол врз повторената снимка од субјекти кои влегуваат во автомобил од гледна точка на камерата што се спушта низ сончевиот покрив на автомобилот

Текст „FE 35 мм F1,4 GM“ прикажан во долниот лев агол врз снимка од двајца луѓе кои играат карти на маса на покрив од зграда со градски пејзаж во заднина

Текст „FE 135 мм F1,8 GM“ прикажан во долниот лев агол врз одблиску снимен портрет од лице на жена

 

Текст „Лесно далечинско снимање“ прикажан врз снимка од корисник кој држи таблет на кој се гледа корисничкиот интерфејс на Web App со FR7 и субјект кој лежи на кревет во заднина; снимката што е видлива на корисничкиот интерфејс на Web App се поместува налево врз лицето на субјектот

Текст „Наменска апликација Web App* со разновидни функции за далечинска контрола“ прикажан врз снимка од таблет на кој се гледа корисничкиот интерфејс на Web App со контролите за камерата и откривањето очи на снимка во живо од субјект
Текст во фуснота: „*Системските предуслови можете да ги погледнете во водичот за помош“.

Текст „Сите поставки на камерата може да се контролираат преку веб-пребарувач на таблет или на компјутер“ прикажан врз поделен екран; лево: приказ на класичниот автомобил од предната страна; десно: истата слика прикажана на корисничкиот интерфејс на Web App со видливи контроли и поставки за камерата. Снимката се закосува надолу и се затемнува во зависност од функциите што се користат на корисничкиот интерфејс

 

Текст „RM-IP500* за поместување, закосување и зумирање управувано преку палка за контрола“ прикажан врз снимка од далечинскиот управувач RM-IP500 и таблет на кој се гледаат слика во живо и поставките за камерата
Текст во фуснота: „*Се продава посебно“.

 

Текст „Сигурен автоматски фокус за далечинско снимање“ прикажан врз снимка од два субјекти на состанок кои седат на маса, на која се гледа камерата FR7 поставена на шини во преден план со сигнални светилки што светат и микрофон поставен на продолжеток над нив

Текст „627 AF-точки за откривање фаза со широко покривање“ врз страничен приказ на два субјекти на состанок кои седат на маса, на кој се гледа правоаголник што покрива поголем дел од површината на сликата со ознаки „94%“ вертикално и „95%“ хоризонтално

Текст „AF на очи во реално време“ прикажан врз слика од корисничкиот интерфејс на кој се гледа одблиску снимен портрет од субјект кој зборува, со бел правоаголник врз окото што посочува дека е активна функцијата за AF на очи

Текст „Следење во реално време*“ прикажан врз слика од корисничкиот интерфејс на кој се гледа снимка од два субјекти навечер на улица, со бел правоаголник со странични ленти врз еден субјект кои посочуваат дека е активна функцијата за следење во реално време
Текст во фуснота: „*Следењето со допир може да се користи за активирање следење во реално време“.

Текст „Сигурен автоматски фокус дури и во 4K со 120 fps*“ врз повторена снимка од субјект кој стои на покрив од зграда со дефокусирана заднина од градски пејзаж
Текст во фуснота: „*QFHD. Отсекување од прибл. 10%“.

 

Текст „Вграден варијабилен ND-филтер“ прикажан врз поделен екран; лево: снимка од автомобилски фар што свети; десно: слика од ND-филтер. Одблесокот од автомобилскиот фар на левата слика се намалува додека ND-филтерот на десната страна се затемнува и индексот се менува од 1/4 во 1/128.
Текст „*Симулирано“ во долниот десен агол

Текст „Контрола на ефектот на дефокусирање со задржување на експозиц

Текст „Филмски слики“ прикажан врз снимка од субјект кој лежи на кревет со камерата FR7 поставена на статив и микрофон поставен на продолжеток што го држи оператор

 

Снимка одблиску од приклучокот за објективи на која е видлив сензорот за слика во куќиштето на камерата

Текст „Неверојатен квалитет на слика од напредните технологии на Sony“ прикажан врз поделен екран.
Лево: претходна снимка одблиску од приклучокот за објективи на која е видлив сензорот за слика во куќиштето на камерата, со текст „CMOS-сензор за целосна слика со 10,3 MP* и задно осветлување“ и текст во фуснота „Прибл. ефективни точки“.
Десно: снимка од два интегрирани чипа BIONZ XR ставени на отпечатена електронска плоча, со текст „Процесор за слика BIONZ XR“

Текст „Голем динамички опсег со 15+ чекори“ прикажан врз повторена снимка од двајца луѓе кои играат карти на маса на покрив од зграда со градски пејзаж во заднина; потоа следи снимка од субјект кој седи на кревет и зборува на телефон при слаба осветленост
Текст во фуснота: „*При снимање со S-Log3. Мерењето е извршено од Sony“.

Текст „Можност за избор на минимална чувствителност од ISO 800 или ISO 12800*“ прикажан врз поделен екран; лево: снимка од друга перспектива од двајца луѓе кои играат карти на маса на покрив од зграда со градски пејзаж во заднина и текст „ISO 800“; десно: портрет снимен одблиску од субјект кој седи на слаба црвена светлина со текст „ISO 12800“
Текст во фуснота: „*Во режимот Cine EI. Може да се прошири до ISO 409600 во приспособен режим“.

Текст „Минимизиран шум со доследен изглед при различно осветлување“ прикажан врз претходната снимка од двајца луѓе кои играат карти на маса на покрив од зграда со градски пејзаж во заднина и текст „Минимална чувствителност ISO 800“ во долниот лев агол; потоа следи портрет снимен одблиску од субјект кој седи на слаба црвена светлина со текст „Минимална чувствителност ISO 12800“ во долниот лев агол

Текст „Поддршка за S-Log3/S-Gamut3.Cine“ прикажан врз снимка од субјект кој лежи на кревет; оддесно налево сликата се заменува со друга слика со поголем контраст; потоа оддесно налево сликата повторно се заменува со слика со поголема живописност на боите со текст „Со градација“ во долниот лев агол

 

Текст „Усогласување на боите кај камерите Cinema Line“ прикажан врз снимка од субјект кој лежи на кревет со текст „Снимено со FR7“ во долниот лев агол; потоа следат снимки од субјектот кој станува од кревет, па повторно легнува со текст „Снимено со FX6“ во долниот лев агол; потоа целосна снимка од локацијата на која се гледаат камерите FX6 и FR7

Текст „Снимање со резолуција до 4K (QFHD) со 120 fps* за филмско изразување“ прикажан врз снимка од два субјекти лице в лице при слабо, амбиентално осветлување
Текст во фуснота: „*Отсекување од прибл. 10%“.

Текст „S-Cinetone™ за моментално снимање со филмски бои” прикажан врз портрет снимен одблиску од субјект кој користи телефон со цвеќиња во заднина

Текст „Функција за компензирање на промените во фокусната должина* за доследен агол на гледање” прикажан врз поделен екран; лево: снимка од возач во автомобил што првично не е во фокус, а аголот на гледање видливо се менува кога фокусот преминува на возачот, и текст „Исклучено“; потоа десно: иста снимка со иста транзиција на фокусот, но многу помала промена на аголот на гледање со транзицијата на фокусот
Текст во фуснота: „*Достапно само со објективи што ја поддржуваат функцијата за компензирање на промените во фокусната должина. Аголот на гледање и квалитетот на сликата може малку да се променат. Можно е целосната компензација да не биде достапна со сите објективи. Оваа функција не е достапна кога компензацијата на изобличувања е ИСКЛУЧЕНА, кога се користи режимот S&Q или кога форматот на снимање е поставен на RAW или друг формат што вклучува RAW“.

 

Текст „За снимање со повеќе камери“ прикажан врз целосна снимка од претходната локација на студиото со двајца субјекти кои седат на маса, камери FR7 видливи на левата страна, десната страна и на шините во преден план

Текст „Најмногу 100 камери (10 групи со по 10 камери) што може да се контролираат преку RM-IP500*” прикажан врз дијаграм на кој се гледаат врски помеѓу три камери FR7, преклопник за видео, централен мрежен уред, Wi-Fi-рутер, монитор за видео, таблет и далечинскиот управувач RM-IP500
Текст во фуснота: „*Се продава посебно. Потребна е верзија 2.2 или понова на софтверот RM-IP500. RM-IP500 се поврзува со камерите FR7 преку VISCA преку IP (LAN)“.

Текст „Сигнални светилки за полесно снимање со повеќе камери“ прикажан врз снимка од FR7 со сигнални светилки што светат во треперечко амбиентално осветлување

 

Текст „Професионално поврзување“ прикажан врз снимка од FR7 во преден план со сигнални светилки што светат и дефокусирани субјекти кои седат на маса во заднина

Текст „Излезен сигнал 4K 60p 4:2:2 10 бита преку приклучоците HDMI и SDI OUT“ прикажан врз снимка од панелот со приклучоци во основата на FR7 на која се гледа корисник како вметнува HDMI-кабел

 

Текст „Два отвори за медиуми што поддржуваат мемориски картички CFexpress Type A* и SDXC“ прикажан врз снимка од отвори за медиуми во основата на FR7 на која се гледаат мемориските картички CFexpress Type A и SDXC
Текст во фуснота: „*Снимањето и репродукцијата не се можни кога се користи напојувањето преку PoE++“.

Текст „Мемориските картички CFexpress Type A поддржуваат извонредно голема брзина и континуирани перформанси при снимањето“ прикажан врз снимка од мемориската картичка CFexpress Type A од 160 GB

 

Поделен екран; лево: снимка од панелот со приклучоци во основата на FR7 на која е означен приклучокот TC IN; десно: слика одблиску од приклучокот TC IN со текстовите „Приклучок TC IN“ и „Синхронизација преку TC за уредување содржини од повеќе камери“

Поделен екран; лево: снимка од панелот со приклучоци во основата на FR7 на која е означен приклучокот GENLOCK; десно: слика одблиску од приклучокот GENLOCK со текстовите „Приклучок GENLOCK“ и „За префрлување во живо помеѓу повеќе камери“

Поделен екран; лево: снимка од панелот со приклучоци во основата на FR7 на која е означен приклучокот OPTION (RJ45); десно: слика одблиску од приклучокот OPTION со текстовите „Приклучок OPTION“ и „Ги поврзува сигналните светилки со надворешен уред“

Поделен екран; лево: снимка од панелот со приклучоци во основата на FR7 на која е означен приклучокот AUDIO IN (XLR); десно: слика одблиску од приклучокот AUDIO IN со текстовите „Audio IN (тип XLR со 5 пина)“ и „Прима излезен сигнал од надворешен аудиоуред“

Поделен екран; лево: снимка од панелот со приклучоци во основата на FR7 на која е означен приклучокот за LAN; десно: слика одблиску од приклучокот за LAN со текстовите „Приклучок за LAN/PoE++ *“ и „За напојување и проследување“
Текст во фуснота: „*Усогласеност со IEEE802.3bt (тип 4, класа 8). Внатрешното снимање и репродукцијата не се достапни кога се користи напојувањето PoE++“.

 

Текст „Протоколите за проследување поддржуваат професионално поврзување“ прикажан врз лого ознаките за SRT, NDI®|HX и RTSP
Текст во фуснота: „NDI® е регистриран заштитен знак на NewTek, Inc.; NDI®|HX е технологија на NewTek, Inc. Надградбата NDI®|HX мора да се купи од NewTek“.

 

Повторување на снимките од камерата FR7 што е прикачена на продолжеток и се спушта низ сончев покрив на автомобил, а потоа се прикажува внатрешноста на автомобилот

Повторување на снимките од класичниот автомобил пред кој има возило и камерата FR7 поставена на продолжеток за снимање на класичниот автомобил

Повторување на снимката од локацијата за снимање со субјектот на кревет, операторите на камерата и микрофонот и FR7 поставена на статив

Повторување на снимката од таблетот на кој се гледа корисничкиот интерфејс на Web App што прикажува слика во живо од камерата FR7, со правоаголник што посочува дека е активна функцијата за AF на очи во реално време

Приказ на локацијата за снимање на покрив од зграда со FR7 и градски пејзаж во заднина

 

Повторување на снимката од целата камера FR7 со приказ на основата, механизмот за прикачување, куќиштето на камерата и сигналните светилки кои светат, како и последниот наслов Cinema Line FR7

 

Лого SONY