Компактна големина, целосна слика
Во комбинација со објективот FE 28-60 мм F4-5,6, α7C0 нуди беспрекорен квалитет низ целосна слика со најмалиот и најлесен1 систем на фотоапарат и објектив. Со компактна големина, но со високи перформанси за квалитет на сликата, AF и брзина, тој навистина е сестран и подготвен да ја зголеми вашата креативност, каде и да сте.
И покрај компактната големина на куќиштето на фотоапаратот, кое е најмало и најлесно на светот0, α7C нуди извонреден квалитет на сликата за фотографиите и видеоснимките, каков што може да се очекува од фотоапарат за целосна слика. Брзиот, широк и стабилен AF, неверојатно брзото континуирано фотографирање и практичниот LCD-екран со променлив агол ви овозможуваат да ги доловите случувањата во секој момент.
Најмалиот и најлесниот0 компактен фотоапарат во светот, со беспрекорни перформанси во формат за целосна слика
Обработка на слика со моќниот BIONZ X™ за спектакуларен квалитет на сликите
Напредни функции и перформанси за AF
Видеоснимки со 4K-резолуција и многубројни функции за креативно снимање
Ракување и сигурност за удобно и стабилно снимање