Добијте извонреден опкружувачки звук за врвно филмско доживување. Разгледајте ги нашите најнови долгнавести звучници и претворете го вашиот дом во BRAVIA Theatre уште денес.
Купете сега360 Spatial Sound Mapping, нашата ексклузивна технологија за најдобар опкружувачки звук во домот, ќе ве стави во центарот на случувањата. Од нежно шушкање на лисјата, до огромни борбени авиони над вас, фантомските звучници се распоредуваат околу вас како во кино за да го одбиваат звукот од таванот и ѕидовите, за да може да ги слушнете сите прекрасни детали. Со создавањето на сеопфатно поле со опкружувачки звук, сите во собата ќе уживаат во забавата.2
Секоја соба е уникатна, но вашето филмско доживување треба да биде совршено. Нашата технологија за оптимизација на звучното поле интелигентно ги мапира површините и распоредот на вашата соба, користејќи напредна обработка на сигнали за дигитална рекалибрација на звукот, за да ги елиминира несовршеностите во акустиката и да ги замени со прецизното звучно поле на професионалните киносали. Без разлика каде седите, секогаш ќе бидете во центарот на приказната.2
Стандардните звучници се ограничени од нивната кружна форма. Нашиот X-Balanced Speaker Unit има мембрана со иновативна форма, која максимално ја искористува површината за да создаде посилен и подлабок бас и поголем звучен притисок, а притоа значително го намалува изобличувањето. Тенкиот дизајн има перформанси како многу поголем систем и создава извонредно јасни вокали и моќно и многу реално звучно поле, кои внесуваат реалистичност во сите детали.2
Кликнете за да го пронајдете вашиот совршен долгнавест звучник, кој ќе ви понуди ексклузивни функции за подобрување на доживувањето што го нуди вашиот телевизор BRAVIA и усогласен дизајн.
Нашата технологија Voice Zoom 3 користи машинско учење со AI за да ги препознае човечките гласови и да ја зголеми или намали нивната јачина, со цел да обезбеди поголема острина. Тоа ги прави сите пресврти во приказните и сите гласови на коментаторите кристално чисти, без придушување. Приспособете ја јачината на звукот според содржините кои ги гледате или по ваша желба.
Користете го далечинскиот управувач на телевизорот BRAVIA за да го контролирате долгнавестиот звучник, со пристапување до неговите поставки преку телевизорот BRAVIA. Благодарение на вградениот кориснички интерфејс, поставките на долгнавестиот звучник се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на телевизорот BRAVIA, за лесна контрола на звучното поле, јачината на звукот и многу други опции, директно преку далечинскиот управувач на телевизорот.2
Отпакувајте, приклучете во телевизорот (вклучен е кабел HDMI eARC) и вклучете. Користете ја апликацијата Sony BRAVIA Connect за да ја преземете контролата преку вашиот паметен телефон и да ги приспособувате поставките.234
Долгнавестиот звучник од Sony е совршена основа за вашето домашно кино, кој нуди многу реален звук и кристално јасни дијалози преку еден уред кој се вклопува во секоја просторија. Убавината е во флексибилноста. Иако може самостојно да понуди доживување од светска класа, тој е потполно компатибилен со нашиот безжичен екосистем, што ви овозможува да интегрирате сабвуфер или задни звучници во секое време.0
Нашите аудиосистеми се совршени сè-во-едно решенија. Долгнавест звучник, сабвуфер и задни звучници во еден пакет, кој ќе ви понуди стандарден опкружувачки звук од моментот кога ќе го вклучите. Ова е едноставен избор за сигурен систем, кој создава реалистичен звук и длабок бас во практичен пакет со усогласен стил, кој е подготвен за врвни перформанси уште од првиот ден.1
BRAVIA Theatre U е личен звучник што ви овозможува да уживате во филмовите. Користете го нашиот елегантен и безжичен звучник со лента за на врат во комбинација со Dolby Atmos и компатибилен телевизор BRAVIA, за да добиете прекрасен 360 Spatial Sound и да уживате во моќни песни и кристално јасни дијалози. Може да го впарите и со друг BRAVIA Theatre U за да го споделите доживувањето.2
Комплетирајте го вашиот екосистем од Sony со прецизно дизајнирани задни звучници и сабвуфери. Овие компоненти се дизајнирани за беспрекорна естетика и акустичка интеграција, за да може да се синхронизираат и да создадат обединето и многу реално звучно поле. Уживајте во продолжени нискофреквентни тонови без изобличување и повеќедимензионално поле кое одново го дефинира просторното уживање.3
Од најтивките вибрации до најголемите експлозии на екранот, уживајте во бас како во кино, кој може да го почувствувате и кој не ги придушува дијалозите. Со репродукција на ниските фреквенции, кои главно може да ги слушнете само во кино, се откриваат дури и најмалите детали, што ве вовлекува подлабоко во приказната.3
Од дискретно шушкање на лисјата зад вас, до огромна возбуда предизвикана од потера со голема брзина, уживајте во звук од 360° кој ќе се движи паралелно со случувањата. Ако му додадете посебни задни канали на вашиот систем, тој ќе создаде физичко звучно поле кое ќе ве обвитка. Сите детали се позиционираат прецизно и ве вовлекуваат подлабоко во приказната, поради што ќе го чувствувате домот како седиште во прв ред во кино.3
Може дури и да приклучите сабвуфер или задни звучници директно во телевизорот, без да користите долгнавест звучник.34
Претплатата може да ја поништите во секое време.