WF-1000XM4
Извонредно доживување при слушањето прилагодено специјално за вас. Потполно безжичните слушалки WF-1000XM4 нудат повисоко ниво на квалитет на звукот и поништување на шум што е водечко во индустријата0. Тие се создадени да одговараат на сите уши и нудат приспособено доживување што се прилагодува кон секоја ситуација.
Сите аспекти на WF-1000XM4 се дизајнирани одново. Тука спаѓаат нашиот нов вграден процесор V1 што е специјално дизајниран од Sony и поништува најмногу шум досега, нов звучник со подобри перформанси, микрофони што откриваат шум и иновативни ушни влошки за изолирање на шумот со постабилно вметнување.
Слушалките WF-1000XM4 поддржуваат безжичен звук со висока резолуција. 0 Благодарение на специјално дизајнираните звучници од 6 мм, тие репродуцираат динамички звук иако имаат мали димензии, а мембраната репродуцира богат бас. Вградениот процесор V1 го зголемува квалитетот на звукот, го намалува изобличувањето и овозможува обработка на кодекот LDAC и DSEE Extreme.
Револуционерно дигитално поништување на шум со вградениот процесор V1
Квалитетен безжичен звук со висока резолуција
Паметно слушање и повици со јасен звук
Ергономски дизајн за стабилно вметнување
Водоотпорност и издржлива батерија за секојдневно користење
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.