„INZONE H9 се одлични слушалки со микрофон за откривање на насоката од која доаѓа звукот и за слушање детални звуци, што се важни фактори при играње VALORANT. Во малите групни борби, во кои не знаете каде се наоѓа противничкиот тим, слушањето само еден чекор може да биде пресуден фактор за победа или пораз. Затоа, звукот е од огромна важност, дури на професионално ниво. Имам користено многу слушалки со микрофон, но квалитетот на звукот на INZONE H9 веднаш се препознава“.
Laz | ZETA DIVISON
Освоено трето место на 2022 VCT STAGE 1 MASTERS Reykjavík и партнер на слушалките со микрофон INZONE
„Удобноста при носење на INZONE H9 е одлична уште откако почнав да ги користам. Овие слушалки со микрофон се како мој личен радар. Исто така, приспособувањето преку INZONE HUB овозможува играта да биде пореална, поубава и попрецизна“.
Neli – EXCEL ESPORTS VALORANT Game Changers Player
„Слушалките со микрофон INZONE H9 се совршени за тактички игри со пукање во прво лице како што е VALORANT, бидејќи одлично ги изолира звуците во игрите. Нивното поништување на шум од светска класа ви овозможува да ги слушнете јасно сите звуци во играта, независно дали сте сами дома или на LAN-натпревар со илјадници луѓе кои навиваат. Слушалките со микрофон INZONE H9 се идеален периферен уред за сите оние кои сакаат да играат на повисоко ниво“.
ethos | NRG
VCT Americas International League Team
Јас сум Sentinel и „in-game leader (IGL)“, па затоа мора да имам целосен увид во ситуацијата. Слушалките INZONE H9 ја подобрија мојата способност да разликувам звуци и ја зголемија количината на информации што можам да ги искористам за да оформам стратегија. Ова придонесе за проширување на стратегиите што можам да ги смислам и за зголемување на прецизноста за давање инструкции на членовите од тимот.
Од тивките звуци, како чекори во далечината, сега можам да добијам претстава за оддалеченоста, дури и зад мене, што не беше можно со слушалките што ги користев претходно. Исто така, можам полесно да утврдам каков е материјалот на подот врз кој се движи противничкиот тим и да ги препознам чекорите на секој агент. Овие тивки чекори често се губат во гласовната комуникација, но сега јасно се слушаат дури и најтивките звуци на специјалните моќи. Поништувањето на шумот го намалува надворешниот шум, што ми помага да се концентрирам и да ги разликувам звуците во играта, независно колку се тивки.
Поддржани технологии
360 Spatial Sound for Gaming / 360 Spatial Sound Personalizer / Поништување шум
Кај INZONE H9 најмногу ми се допаѓа тоа што можам да ја слушам омилената музика од мојот паметен телефон како музика во заднина додека играм „Deathmatch“ и на стрелиштето, користејќи ја истата апликација за музика што редовно ја користам. Исто така, можам да ја прилагодувам јачината на звукот преку контролите на паметниот телефон.
Поддржани технологии
Истовремено поврзување преку 2,4 GHz и Bluetooth®
Кога треба да станам на кратко за време на натпреварот, можам да се движам слободно без да ги вадам слушалките. Ова е практично бидејќи не ви пречат при истегнувањето или изразувањето емоции. Доцнењето на звукот, што генерално е причина за загриженост кај безжичните слушалки со микрофон, воопшто не претставува проблем кај INZONE H9. Сега кога преминав на безжичен модел, никогаш повеќе нема да користам жични модели.
Поддржани технологии
Мало доцнење преку безжична врска од 2,4 GHz