Full Array LED

Контраст како во кино со прецизни и длабоки црни тонови и уште посветли тонови.

Телевизорите BRAVIA® од Sony опремени со технологијата Full Array LED, како што е новиот 4K HDR-телевизор XG95 со Full Array LED, ви нудат уште подобро доживување при гледањето со прекрасен контраст со богати темни и живописни светли бои што создаваат максимално светли и темни тонови на телевизорот.

Стандардно Edge LED-задно осветлување

Проблеми со длабоки црни тонови и многу светли тонови.

Еден ред LED-диоди се обидува да ја балансира светлината низ целата слика. Темните делови не се доволно темни, светлите делови не се доволно светли - поголема веројатност за ефект на сјаење.

Стандардно Edge LED-задно осветлување

*Симулирани слики.

Full Array LED задно осветлување

*Симулирани слики.

Full Array LED задно осветлување

Посветли бели и подлабоки црни тонови.

Јачината на LED-диодите може да се прилагоди во зависност од сцената. Осветлување на светлите површини, затемнување на темните површини.

*Симулирана слика.

Зошто Full Array LED?

Вистинските придобивки од Full Array LED со локално затемнување се пореалистични светли тонови, попрецизни детали во сенките и подлабоки и потемни црни тонови. Добар пример за ова е гледањето на месечината на ноќното небо. Кај телевизорите со осветлување на рабовите или директно осветлување, светлината се намалува за да се прикаже поцрно ноќно небо (или обратно), а црните тонови повторно ќе изгледаат сини или сиви. Кај телевизорите со Full Array LED со локално затемнување (како XG95) добивате прекрасна и природна слика со јасна и светла месечина и реално темно ноќно небо. 

Full Array LED наспроти
осветлување рабови/директно осветлување

Многу LED-телевизори имаат „осветлување на рабовите“ што значи дека имаат лента со LED-светилки поставена на долната страна или странично на екранот. Овој дизајн е добар за правење тенки и достапни телевизори, но не е добар за прикажување сцени со многу светли и темни површини истовремено. Светлите површини нема да бидат толку светли, а црните површини ќе изгледаат сиви или сини.

И телевизорите со директно осветлување имаат ист проблем. Наместо да се постави лентата со LED-светилки на работ, таа се поставува директно зад екранот за да испраќа светлина преку екранот. Иако на овој начин може да добиете повеќе светлина, можно е да се појави „прстенеста“ светлина околу светлите предмети наспроти темна заднина, помалку прецизни бои во темните површини и подебел дизајн на телевизорот.

осветлување на рабови
СТАНДАРДНО ОСВЕТЛУВАЊЕ EDGE LED
full array led
FULL ARRAY LED

*Симулирани слики.

Од друга страна пак, телевизорите со Full Array LED со локално затемнување имаат повеќе LED-светилки што се контролираат прецизно (со уникатната технологија X-tended Dynamic Range Pro на Sony). Тоа значи дека одредени делови на екранот ќе бидат многу светли, а други површини ќе бидат потполни црни, благодарение на напредната технологија за задно осветлување што ви нуди многу пореална и поприродна слика од стандардните телевизори со осветлување на рабовите или директно осветлување. 

Доловување на целиот опсег на темни и светли тонови

8k x-tended
x-tended

Со прецизно балансирање на приказот на светлина низ целиот екран, затемнување одредени површини и осветлување други, X-tended Dynamic Range™ PRO нуди неколку пати поголем опсег на светлина од телевизорите со стандардно LED-задно осветлување и прикажува потемни темни сцени и посветли светли сцени.