Прескокни до содржина

Уживајте, поврзете се и создавајте.

Без разлика дали разменувате tweet пораки, споделувате фотографии или снимате песна, апликациите за VAIO ќе го претворат вашиот VAIO® компјутер во моќна креативна машина.

Замислете, направете

Imagination Studio™ VAIO Edition ќе го предводи вашиот креативен проект

Размислувајте амбициозно со овој практичен пакет од четири моќни апликации за VAIO. Создавајте оригинална музика. Вршете професионално уредување на звук. Правете прекрасни DVD содржини. А згора на сè, олеснете си ја работата со водичите Jump Start и сеопфатниот центар за помош.

  • Sound Forge™ Audio Studio
  • ACID™ Music Studio
  • Movie Studio Platinum
  • DVD Architect™ Studio

Подобрете ги и уживајте во сликите и снимките

Можеби имате толку многу убави слики и видео снимки на вашиот компјутер, што не можете да ги пронајдете. PlayMemories Home од Sony ќе ви овозможи да ги организирате и подобрите сите содржини со забавни апликации.

PlayMemories Home и компјутер од Sony

Брзо пронаоѓање на омилените снимки

Фотографиите и видео снимките се организирани по датумот и времето на снимање. Пронајдте ги брзо, а потоа погледнете ги.

Приказ во вид на мапа со PlayMemories Home

Следете го патувањето со приказот во вид на мапа

Збогатете ги вашите приказни со информации за локациите на кои се снимени фотографиите и видео снимките, со помош на компатибилни фото апарати од Sony.

Објавете ги спомените веднаш со апликацијата Album

Испраќањето поединечни слики одзема многу време. Оваа апликација за VAIO ви овозможува моментално споделување на фотографии или видео снимки во јавни или лични албуми, како и нивно вчитување директно на веб-сајтовите на социјалните мрежи.

Социјализирајте се со Socialife

Бидете на повеќе места, на полесен начин

Најголемиот предизвик на социјалните медиуми е да се следат и да се биде во тек со различни блогови, ажурирања, tweet пораки, објави, вести и видео снимки од мачки што свират на пијано, но потполно редизајнираниот Socialife на Sony го нуди решението.

Socialife и таблет уред од Sony

Поинтелигентен водич за вашиот телевизор

Апликацијата TV SideView го претвора вашиот таблет уред, лаптоп или паметен телефон во далечински управувач. Пребарувајте содржини, кажете им на пријателите за најновите вести и, се разбира, менувајте стотици канали со едно движење на прстот - или, пак, со едноставна гласовна наредба.

Преминете на важните работи со Sony Select

Заборавете на неважните рекламни пораки. Со Sony Select, можете да гледате специјални понуди, апликации, совети и многу повеќе, поврзано само со вашиот модел на VAIO.

VAIO Care лого

Зачувајте ги врвните перформанси на вашиот VAIO

Сеопфатната услуга VAIO Care од Sony нуди автоматска проверка на перформансите, решавање на проблеми, практични алатки за дијагностика и многу повеќе, обезбедувајќи целосна грижа за вашиот VAIO.