Направете чекор повеќе со вашите
слушалки WH-CH520

Слушалките WH-CH520 се удобни за носење цел ден и ќе ве забавуваат во домот и во движење. Прочитајте како брзо и лесно да ги поставите, дознајте за главните функции и оптимизирајте го звукот за да добиете уникатно доживување. 

Запознавање
Прво користење на вашите слушалки

При првото вклучување на слушалките, режимот за впарување се активира автоматски. Има три начини за впарување на WH-CH520 со вашиот уред.

Лого за Google Fast Pair
Google Fast Pair

Ставете ги слушалките во режим на впарување во близина на вашиот телефон со Android и Fast Pair ќе ги поврзе со еден допир. 

Лого за Swift Pair
Swift Pair

Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат инструкции за впарување.

Слика одблиску од слушалка во црна боја каде што се гледа положбата на копчињата за контрола
Рачно впарување

Притиснете го и задржете го копчето за вклучување 5 секунди. Индикаторот ќе почне да трепка по двапати и ќе ја слушнете пораката „впарување“.


Слика од бели слушалки WH-CH520 ставени на маса покрај мобилен телефон, очила, чаша вода и компјутер со логото Headphones Connect во горниот десен агол
Извлечете максимум од
слушалките WH-CH520 со Sony | Headphones Connect

Преземете Sony | Headphones Connect за да ги прилагодите поставките, како поврзување со повеќе уреди, поставките за звук и многу повеќе. Некои од поставките спомнати на оваа страница може да се прилагодат по ваша желба преку апликацијата.

За да пристапите до сите достапни функции во апликацијата мора да се најавите или да направите сметка.

Поврзување со повеќе уреди

Поврзете ги вашите слушалки со два уреди со Bluetooth® истовремено, за да можете да чекате дојдовни повици на едниот уред и да слушате музика од другиот уред. 

Функции за звук
Квалитет на звукот

Прилагодете ги поставките на еквалајзерот и поставките за проследување и зголемување на квалитетот за да уживате во подобро доживување при слушањето.

Прилагодете го звукот по ваша желба

Пронајдете звук што е совршен за вас и содржините што ги слушате со помош на еквалајзерот, поставките за висококвалитетен Bluetooth® и подобрување на звукот со DSEE. Во апликацијата „Sony | Headphones Connect“, одете во [Sound] (Звук) за да пристапите до овие функции и да ги прилагодите.

Јасни повици

Управувајте лесно со повиците преку слушалките WH-CH520 со помош на копчињата на слушалките - нема потреба ниту да го вадите телефонот од џеб.

Слика од маж кој носи слушалки и држи паметен телефон додека седи надвор, со скејтборд покрај него
Како се оптимизира квалитетот на повиците

Вградениот микрофон е поставен блиску до вашата уста за да го доловува јасно вашиот глас.

Намалувањето на шумот го намалува амбиенталниот звук за време на повиците - идеално за во бучни домови или телефонски разговори во кафе-барови.

Уживајте во звук од сите страни

Дознајте како да уживате во ново аудиодоживување со револуционерниот 360 Reality Audio.

Опкружете се со звук од сите страни со 360 Reality Audio

360 Reality Audio нуди прекрасно музичко доживување со кое вашите слушалки WH-CH520 создаваат сферично звучно поле од 360 степени - за да уживате во музика од сите страни. Отворете ја апликацијата Sony | Headphones Connect за да започнете.

Како да слушате 360 Reality Audio

Почнете да слушате 360 Reality Audio и дознајте како да проследувате песни со 360 Reality Audio од телефонот.

Практични функции

Дознајте како работат функциите за гласовен помошник и брзо полнење.

Гласовен помошник

Дознајте како да користите гласовен помошник со вашите слушалки WH-CH520. Треба само да кажете „Hey Google, what is the weather today?“ за да одлучите дали да го понесете палтото пред да излезете.


Слика одблиску од слушалка во беж боја каде што се гледа положбата на копчињата за контрола
Како да го користите гласовниот помошник

Кликнете двапати врз средното копче за да го активирате Google Assistant (Android) или Siri (iPhone) и да добиете помош без прекини во вашата работа.

Брзо полнење

Енергија за цел ден и брзо полнење.

Слика од бели слушалки WH-CH520 ставени врз орман, покрај книги, фотоапарат, торба и стаклена вазна со листови
Колку брзо се полни?

Ако се брзате, брзото полнење ќе ви помогне многу. Со брзо полнење од 3 минути ќе добиете до 1,5 часа за репродукција.

Грижа по купувањето и поддршка
Чистење на вашите слушалки

Дознајте како да ги чистите вашите слушалки WH-CH520 правилно, без да ги оштетите.


Слика од црни слушалки WH-CH520 ставени на маса заедно со лаптоп, паметен телефон, книги, пенкала и столна ламба
Чистење на вашите слушалки

Ако слушалките се валкани, избришете ги со мека и сува крпа. Ако слушалките се многу валкани, натопете крпа со растворен неутрален детергент и исцедете ја добро пред да ги исчистите слушалките. Не користете разредувач, бензен или алкохол бидејќи можат да ја оштетат површината на слушалките или да предизвикаат други штети.

Ажурирања на фирмверот

Ажурирајте ги вашите слушалки со најновите верзии на фирмверот.

Каде да го пронајдам најновото ажурирање на фирмверот

Ако ја користите апликацијата Sony | Headphones Connect, таа ќе ве извести кога ќе има ново ажурирање за преземање.

Ажурирајте го фирмверот на слушалките со најновата верзија за да ги добиете сите подобрувања и корекции на грешки.

Ако сè уште не сте ја преземале апликацијата Headphones Connect, тогаш преземете ја преку линковите или QR-кодовите подолу.

Приказ од апликацијата Headphones Connect што прикажува каде да пронајдете ажурирања на фирмверот

Често поставувани прашања

Имате прашање што сакате да го одговориме? Прво погледнете тука и дознајте повеќе за најчесто поставуваните прашања од други корисници на слушалките WH-CH520.

Илустрирано лого од хартија и пенкало
Водич за помош

Дознајте сè што треба да знаете за WH-CH520.

Илустрирано лого од човек кој носи слушалки
Поддршка и новости

Добивајте информации за најновите ажурирања на фирмверот, вести и известувања.